Македонска фудбалска репрезентација

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.464
Многу ми е страв вечер да не ја укењаме работата и да бидеме торпедирани пошто знаеме секогаш да си изгубиме на мечевите со вакви противници. Никогаш не ни одговарале гостувања кај противници кои се за нијанса подобри од нас и скоро секогаш сме губеле. Али ајде ќе стискаме прсти и се надеваме на бодови од ова прво гостување.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мене ми е смачено од нашево стискање палци и после коментари по медиумите: немавме среќа. Камо ја атмосферата што е потребна за успех? (за квалитетот да не збориме, какви се, такви се, наши се).

Атмосфера за квалификации се подгрева месеци пред почетокот и треба да достигне максимум пред самиот почеток. За тоа е потребна организација, поддршка од иституции и активно вклучување на медиумите во истата. Ако сакаме успех во квалификации, денови како денешниот треба се да е на нозе и од сабајле да се чувствува тензија, сите муабети да бидат за вечерашниот натпревар. Таквата атмосфера допира до репрезентативците и им дава поголема шанса да успеат...

Кај нас, се по старо, како и секогаш. 2 минути во сите вести дека вечерва почнуваат квалификациите и дека нашите се спремни за успех. А кога доаѓа неуспехот (нека не прескокне вечер), тогаш 5-6 реченици за што не чинело и повеќе среќа следниот пат. Никаква здрава критика за тоа што не чини, што треба да се направи организациски, како да се променат работите. А кога нема критика, нема ни резултати.

Се извинувам на песимизмот, доаѓа од години и години трпење на секакви идиоти во нашиов фудбал. Се надевам дека вечер ќе се надминеме и макар и случајно или среќно, ќе ги започнеме квалификациите непоразени и во текот на истите атмосферата природно ќе се подигне на потребното ниво.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Словачка не има убаво изрендано низ минативе години, коа беа послаби, не гледам причина и сега да не си заминеме без минимум три комада од Братислава. ;)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Ако сакаме нешто да се смени во овој циклус, мора да започнеме барем со нерешен резултат. Не ме интересира каква ќе биде играта, колку ќе имаме шанси и среќа или несреќа. Доста е веќе од добри игри без резултати. Ако изгубиме веројатно ќе гледаме уште еден добро познат циклус. Но со барем 1 бод и потоа победа против Ерменија ќе добиеме надеж и повисока атмосфера.

Словаците имаат опасен напад со Витек и Шестак, но со оглед на тоа дека се крупни фудбалери мислам дека нашите одбранбени може да се справат со нив. На СП опасно ми делуваше и крилото Вајс и секако треба да се пазат нозете од касапот Шкртел, да не остане Гоче без нога.
 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Уште однапред ќе кажам дека физички никогаш не сме биле спремни(психички ич да не правам муабет) да го издржиме целиот натпревар...не сме ни сега,башка и со квалитет изостануваме од словаците,плус и во гости играме,тешко е за верување дека можеме нешто повеќе да направиме.А тоа за стегање палци...епа уште тоа ни остана,тоа сите ќе го правиме вечер да ги изненадиме Словачка.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!:oeoeoe:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Словаците имаат опасен напад со Витек и Шестак, но со оглед на тоа дека се крупни фудбалери мислам дека нашите одбранбени може да се справат со нив.
Со оглед на тоа дека Витек и Шестак не играат, мислам дека нашите одбранбени фудбалери имаат добри шанси да се справат со нив :)
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Со оглед на тоа дека Витек и Шестак не играат, мислам дека нашите одбранбени фудбалери имаат добри шанси да се справат со нив :)
Немој да те демантираат :pos:

Слушнав вчера дека можно е да не играат, ама не знаев дека е сигурно. Тогаш најмногу треба да го затвориме Хамшик.
 
А

Анноун

Гостин
добро е , ми олесна , вајс игра на страната на нашиот звер горан попов , еден проблем помалце. инаку не верувам дека имаат квалитетни замени на витек и шестак , што би значело на корнери и прекини ќе треба најдобро да внимаваме , шкртел за беља да закачи некоја . прифаќам 0-0 без да ја мислам , макар била подосадна и од местена нерешена утакмица од италијанско првенство 35 коло .
 
B

boki10messi

Гостин
Македонската фудбалска репрезентација претпладнево одржа лесен тренинг со кој конечно ги заокружи подготовките за вечерашниот дуел со селекцијата на Словачка, 20.30ч. стадион Пасиенски (пренос МТВ).

Дефинитивно поради повреда од тимот отпадна Стојков а вечерва натпреварот од трибините ке го проследат уште и Тофилоски, Алими и Тодоровски.

Селекторот Јонуз ќе стартува со следниот состав:
1.Нурединовски
2.Шиков
3.Попов
8.Шумуликоски
5.И.Митрески
4.Новевски
7.Тричковски
13.Деспотовски
11.Наумовски
10.Пандев
6.Георгиевски


____________

12.Богатинов

17.Лазевски

16.Ибраими

18.Ристиќ

14.Илијоски

15.Грнчаров

18.Ѓуровски

Судиската четворка е од Швајцарија на чело со Клаудио Сирцхета.
 
А

Анноун

Гостин
најверојатно новески бек ќе игра а ? голема одговорност за шиков, не го очекував во прв состав. (ако биде тој составот де )
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Шиков не е стопер? Од каде па сега он десен бек?
 
В

Вори

Гостин
У-21: Се подготвува реванш за грците

Репрезентацијата на Македонија до 21г. подготовките за претстојните квалификациски средби со Грција во Струмица и Португалија во Порто ги спроведува во преубавиот тренинг центар Истатов во Н. Дојран.
Селекторот Бабунски и репрезентативците кои веќе се комплетни ги спроведуваат тренинзите според зацртаниот план. Последниот тренинг е закажан на 3. Септември во Струмица во 10ч. на стадионот „Младост" каде ќе се игра натпреварот в сабота со поч. во 16ч. (Пренос МТВ).
Веднаш по натпреварот експедицијата се сели во Скопје каде ќе тренира до заминувањето за Португалија.

За вечерашниов натпревар со словачка само 2-1 очекувам да влези со 30 коефициент ништо друго :smir:
и тоа пандев да стави гол во првото и потоа во второто вајс и хамшик да стават за словачка во второто :salut:
Како можеш да играш на ливче Словачка да победи и тоа против Македонија.
А,истиот ти на други теми проповедаш за патриотство и за тоа како треба да се сака земјава.
Не знам што да речам.


Иначе за вечер очекувам нерешено,тоа за мене е рамно на победа.И после ќе ги плеснеме Ерменија дома.


 
П

Паган-др

Гостин
Словачка каде каде се поквалитетна екипа од нашата. Да не кењам уште од почеток, баш би сакал да извадиме 3 бода од таму ама тешко. Би бил среќен со нерешено. Имаме уште многу да работиме.

И да, ко што кажа IOsonoINTERISTA, нема никаква најава, тензија за квалификацииве, еве за натпреваров со Словачка на гости. Ја не видов ниту една реклама на телевизија, а ќе има пренос ако не се лажам на МТВ. Нигде, ни на вести, ни по весници, никаде не се спомнува утакмицава.

Како и да е, сакам да извадиме 3 бода или барем 1 од таму. Ќе видиме што ќе се случи...
:oeoeoe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom