Македонска серија

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Сведоци сме дека сме преплавени од српско-хрватски серии по македонските телевизии во последно време од типот на забранета љубов, ќе биде се добро, не дај се нина и уште еден куп на кои не им го знам ни името но нон стоп ги поминувам со далинското.

Муабетов ми е дали сметате дека дојде време, дојде час и ние да направиме некоја сапуница, или хумористична или посериозна или каква било серија?

Дали имаме луѓе кои би напишале добро сценарио, луѓе кои би се погрижиле за техничкиот аспект, и конечно луѓе кои добро би се покажале пред камерите, и дали би можеле да направиме производ вреден за продавање во странство?

И дали би гледале една ваква серија, или пак сметате дека овие што сега се вртат а се од немакедонско говорно подрачје се и ќе бидат позакон од нешто македонско што би се направило?

Повелете :)
 
Ј

јовица11

Гостин
Ај јас се пријавувам да го напишам сценариото а можам и да заглумам некоја улога.
Иначе,да време е да имаме и ние македонска сапуница и мислам дека ќе биде доста гледана како домашен производ , а и хрватскиве кога ги гледаат мислам дека народов на се може да се навикне (Тоше ништо лично:):)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Мтв остана со погрешно време и салон хармони, серии кои се снимаа пред 15 години и ден денешен уште ги пуштаат (после никој не гледал, кој ке гледа?), а другите телевизии не се доволно финансиски моќни за да направат добра серија.

На крај останува дека некого треба да спонзорира државата за да направи таква серија, но и тоа како по обичај ке испадне перење на пари, скандали и трубење по вести и кога ке видиш... Гледај Хрватски и ќути!
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Ако добро се сеќавам последни мак серии беа Сашко и Сашка на МТВ и Цимери на А1 :nesvest:

Инаку, нормално ја поддржувам идејата, ама сериите да бидат убаво изработени, а не само колку да пополнуваат програма.
Повеќе сум за серии по сезони, односно 20 епизоди една сезона, 20 друга итн :)
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Инаку, нормално ја поддржувам идејата, ама сериите да бидат убаво изработени, а не само колку да пополнуваат програма.
Повеќе сум за серии по сезони, односно 20 епизоди една сезона, 20 друга итн :)
ко американцине :pipi:
мојме и изгубени да напрајме:kez:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Сме имале неколку серии ама дали се тие серии во вистинска смисла на зборот?
Сашко и Сашка, Цимери, Салон хармони ... се нискобуџетни серии и целата приказна или барем 95% се одигрува во еден стан или куќа.
Освен Македонски народни приказни како еден вид серија друга вистинска серија не сме имале.

Хрвативе и Србиве се далеку пред нас. Имаат вискобуџетни серијалки или теленовели да ги речеме.
Кај нас нема спонзори кои тоа би го финансирале. Треба доволно буџет тука. Додуше не да нема спонзори има многу добро компании и мислам дека некоја од нашиве имаше финансирано хрватска ли српска серија ама не сум 100% сигурна. Значи финансираат ама не во македонски производ.

Жива среќа што го имаме Милчо Манчевски преку кој имаме неколку светски познати филмови.
Сега ќе чекаме некој талент да се роди за сапуници:)
 
Ј

јовица11

Гостин
Повеќе сум за серии по сезони, односно 20 епизоди една сезона, 20 друга итн :)
Кај нас никогаш не би успеале серии во сезони.Пушти му на народон сапуница од 471 епизода која што ќе оди од понеделник до петок и во која мајката ќе биде маченица која го оставила синот пред црква (плод на нејзината забранета љубов со локалниот месар) и сега се кае,па ја запознава снаата на другиот син која ја презира,а всушност снаата е нејзиниот одамна загубен син кој направил пластична операција и сега е жена...и масата ќе биде среќна а серијата ќе има невиден рејтинг.:helou:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Муабетов ми е дали сметате дека дојде време, дојде час и ние да направиме некоја сапуница, или хумористична или посериозна или каква било серија?
Jaс, ти, Петко и Станко не сме ние :)

Услов за квалитетно изработена серија е приватна продукција која ќе инвестира мрсна сума во таков проект. Снимаш, правиш производ, го продаваш производот и правиш профит. Умре времето кога серии се снимаа од филмската продукција на МТВ.

Дали имаме луѓе кои би напишале добро сценарио, луѓе кои би се погрижиле за техничкиот аспект, и конечно луѓе кои добро би се покажале пред камерите, и дали би можеле да направиме производ вреден за продавање во странство?
Имаме такви луѓе, но чинат многу :)
И не се само луѓето што чинат, да не спомнуваме колку чини квалитетна опрема и модерна опрема, па дури и да биде изнајмена. Глеј ги Хрвативе, сапуниците почнаа да ги пичат со филмски камери, вадат квалитет (визуелно) ко холивудски филм да гледаш.

И дали би гледале една ваква серија, или пак сметате дека овие што сега се вртат а се од немакедонско говорно подрачје се и ќе бидат позакон од нешто македонско што би се направило?
Доколку е квалитетна, со задоволство :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.248
Мислам дека нема да се направи толку прекрасна македонска серија како "Погрешно време", не бар во наредниве неколку години.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Мислам дека нема да се направи толку прекрасна македонска серија како "Погрешно време", не бар во наредниве неколку години.
Taман работа по неколку години да направиме таква серија. Место напред да одиме, ние назад. :kesa:
 

Emma

Supergirl.
Член од
7 јуни 2006
Мислења
3.045
Поени од реакции
157
Ај бе, соберете тоа плавушите, шо е проблемот. Старинг - Мелита, Лила, Искра, Натали... Боље серија амин. Сакаш хумористична, сакаш трагедија.

Имаме серии, не е само Салон Хармони. Имаме и за деца, ја на времето Наше маало глеав, па Големи и мали, уште нешто сигурно имаше. Иако овие поновиве како Сашко и Сашка или Цимери не ме паднале од стол, мислам дека може квалитетна прикзана т.е. серија да излезе и од овде. Е кога, и дали ќе биде бар на нивото на комшискиве (не во поглед на содржината туку на реализацијата)... Кои патем речено ме пиздат повремено, прибидејќи нашиве мили девојки ем жени апла си се пронаоѓаат во ликовите па летаат мало више... Океј, истото беше и се` уште е и со шпанските, ама балканска верзија на истото е нешто поопипливо, така што бааги навлегоа, морам да признаам. :icon_lol:
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
МТВ пред неколку години спремаше сапуница и објавија статија во тогашниот Ритам, што одеше со Време.
Арно ама, ништо од тоа не видовме, најверојатно зашто МТВ пари ни за тоалет папир.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Ај бе, соберете тоа плавушите, шо е проблемот. Старинг - Мелита, Лила, Искра, Натали... Боље серија амин. Сакаш хумористична, сакаш трагедија.
:pos::pos::pos:
Имаме серии, не е само Салон Хармони. Имаме и за деца, ја на времето Наше маало глеав, па Големи и мали, уште нешто сигурно имаше. Иако овие поновиве како Сашко и Сашка или Цимери не ме паднале од стол, мислам дека може квалитетна прикзана т.е. серија да излезе и од овде.
Јас не ја знам салон хармони, за што се работи?
Иначе, да, да, баш беа добро реализирани Наше маало и Големи и мали али тоа беа детски.
Зборуваме за македонска Касандра, македонски Пријатели, македонски Изгубени, македонска Грда (агли) Стојна... :tv:
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.816
Поени од реакции
49.999
Нека направат бе,се што ке биде за нијанса подобо од Сашка и Сашко ке го гледам обеќам пред сите.
Чудно е ако се земат Викенд на Мртовци,Женски оркестар па и Салон Хармони и ако се споредат со последното Сашко&Сашка да се види на кое дереџе сме дошле,те. како нагло хуморот ни станал бајат со тек на времето :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom