Македонска серија

Член од
9 октомври 2008
Мислења
186
Поени од реакции
3
prvo i ne znete sto kazuvate. prvo ne treba da bide sapunica nego treba da bide dobra prava umetnicka serija. vtoro hvackite serii se sranje tesko. prvo klumcite se zanikade. vtoro scenarioto za nigde.vtro ne e bitna samo tehnikata od koja ne se ni razbirate. treto kaj nas nema takvi taletni scenaristi reziseri pa i glumci slabo so cesni isklucoci. spskite serii se nesto najdobro koj kaj nas ne se davani. pravi umetnicki dela a ne sapunici. scenaristi kako ,gordan mihic , sinisa pavic , sinisa kovacevic , radoslav pavlovic nema na balkanot za reserite da ne zborime. i tie rabotat pred se od ljubov so sakat da go realiziraat svoe delo koe ni sami ne se svesni kai olku e dobro a ne za pari. i ne treba privatna produkcija nego treba toa da go snimi televizija pa ke go prodae i ke ima pari normalno ako e umtnost. videte go rts kakvi serii ima snimeno mislam od tehnickli aspekt posto za sodrina znaeme uste od vremeto a za sega da ne zbori me od tehika ne se rabirate ni malki ma hd snimat ako znete sto e toa. a treba da ima i istoriski serii na primer nemora samo sovremeni kako sto se spiseke od sava mrmak ili dzorde kadievic smrt dinastije obrenovic , vuk karadzic , nikola pasic koj kaj nas ne gi davale.kaj nas nema tv se e iprovizaci prvo a i toa sto ima ne gi davatt ovie prekrasni serii.nego se nekoi gluposti. znaci pred se umetnicvki raboti treba a ne bljuvotini . vredni stvari. a vo mak umetnici nema taka da.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Тв серии од македонска продукција на македонски телевизии, ги има?

Јас мислам дека не. Кога ќе пуштиме било кој канал од македонскиве телевизии 99 проценти од сериите се странски, почнувајќи од јужноамериканските сапуници завршувајќи со американските крими серии, тука некаде на средина се хрватските повраќаници. Не велам дека нема странски добри серии на нашиве телевизии, напротив има супер серии, но зошто ги нема наште македонски тука во мозаикот?
Нивниот најгледан домашен производ се нивните централни вести, жалосно е што најгледано нешто им се рекламите на туѓите човечки несреќи и мизерии. Зар немаме актери, режисери, креативци, тука е проблемот? Јас мислам дека не, проблемот е во сопствениците на тие телевизии кои во желба за што поголем профит откупуваат се и сешто што е странско и не ни помислуваат, а камо ли сериозно да размислат за создавање на еден таков македонски производ.

Јас мислам дека треба се донеси еден убав македонски закон, во убавото ни наше македонско собрание, секоја телевизија која што ќе откупи права за две странски серии да има обврска да сними една македонска. Така да преку нашата култура и уметност да си го браниме нашиот идентитет и достоинство.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.248
Мислев дека темите се доволно слични, ја споив со оваа:smir:
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Јас мислам дека треба се донеси еден убав македонски закон, во убавото ни наше македонско собрание, секоја телевизија која што ќе откупи права за две странски серии да има обврска да сними една македонска. Така да преку нашата култура и уметност да си го браниме нашиот идентитет и достоинство.
Абе може да има некои мерки ама ваков закон... :nesvest:
Ќе треба да ги затвориме сите телевизии или пак нема да има повеќе од една серија која ќе се емитува.:helou:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Абе може да има некои мерки ама ваков закон... :nesvest:
Ќе треба да ги затвориме сите телевизии или пак нема да има повеќе од една серија која ќе се емитува.:helou:
Зошто да не ваков закон? Јас мислам дека ми е добар предлогот, затоа што за лани СИТЕЛ јавно објави заработка од неколку милиони евра (не се сеќавам на точната цифра, ама милионои беа). Кога имаат толку многу голема заработка треба да вложат дел од тие пари во македонски тв серии :toe:.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
132
Поени од реакции
3
Се надевам дека некој ќе направи било што македонско во наредниве години, ама искрено, не верувам... Ние едвај 1-2 мак филмови имаме во една година, а не па серија со 500 епизоди...:tapp:
 
H

HITCH

Гостин
Мене ми се допаѓаше Трст виа Скопје сега скоро ја репризираа и баш ми е мило што се потсетив. Инаку јас гледам само Американски на NBC,ABC и др. а балкански серии никако, катастрофа се исти се ко шпанските :toe:
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
- Со првото се сложувам, не треба ни да помислуваме на сапуница од неколку причини: немаме искуство во такво нешто, немаме кадар за реализација на таков обемен проект и на крај тоа би било многу потрошено време на малку вредно нешто;
- И со второто се сложувам скоро сите хрватски серии се чисто каке баш како што наброја;
- Со третото апсолутно не се сложувам кадар за серии сигурно имаме и тоа многу подобар од хрватскиот ако во ништо друго тогаш во актерска екипа меѓутоа секако не за сапуници туку за серии со какви во минатото сме имале голем успех: хумористични („Претежно ведро“ „Случки од животот“ „Солунски патрдии“ „Погрешно време“ итн., детски („Бушавата азбука“ „Втора смена“ „Опстанок“ „Чук чук Стјанче“ „Девојките на Марко“ итн.) историски („Волшебното самарче“ „Македонски народни приказни“)
- Со четвртото повторно се сложувам на нашиве Балкански простори најдобри серии се прават во Србија. Се сеќаваме на познатите „Отписани“ „Балкан експрес“ „Позориште у кучи“ „Бољи живот“ „Сречни људи“ итн. Исто така секоја чест и за поновите наслови што ги спомна и за луѓето што ги работат. Во последно време сум пријатно изненаден и од Босанците кои без сомнение не штеделе ни на средства ни на екипа во популарната серија „Луд збуњен нормалан“
- Е оваа констатација „кај нас нема тв се се импровизации“ не ти е точна затоа што нема никакво сомнение дека А1 е одлично организирана и професионална, а МТВ со сите сили се труди да ја следи, иако со вториот дел се сложувам точно е дека не прават баш добаp избор во емитувањето на ТВ сериите.
- На крајот да треба уметнички работи а не глупави сапуници, но апсолутно неточно е дека во Македонија нема уметници, како за толку мала земја ги има и повеќе од доволно, веројатно проблемот лежи на друго место - моја претпоставка е во интересот за инвестирање кој веројатно не постои за оваа гранка. Инаку прв чекор за подобрување на оваа сфера е да ги натераме МТВ најпрво да ги издаде во дигитална форма сите ТВ серии што вредат нешто и со тоа да се популаризират македонските тв серии, а потоа МТВ заедно со А1 и веројатно со поддршка на министерството за култура и со уште некој медиум (можеби Сител или канал5) да го соберат актерскиот крем во Македонија и да снимат една добра хумористична или историска серија. Јас лично би одбрал историска со тематика од Илинденскиот период иако многу полесно би било да се создаде хумористичнапоради извонреднот талент кој го имаме во актерската бранша за тој вид.

Да еве и јас ветувам дека ќе ја гледам колку и да е лоша. Меѓутоа морам да те потсетам дека ниту „Викенд на мртовци“ ниту „Женски оркестар“ не се вбројуваат во серии, првото е филм а второто театарска претстава.
Инаку точна ти е констатацијата дека се влошивме, но и не е така за изненадување баш, ако се има во предвид колку се вложувало порано а колку сега. Дека хуморот не ни е бајат може да се уверите ако ги ѕирнете К-15.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
А1 во соработка со хрватска продукција наскоро започнува снимање на првата македонска сапуница, а Сител мопментално снима пародија на латино новелите со која ќе ја исмее синхронизацијата на А1. Во Сителовата серија "AMAНЕТ" учество ќе земат македонските ѕвезди Каролина, Слаткар, Тони Зен, Некст Тајм, Јован Јованов, Џаро итн.
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
Благодарам за информацијата. Баш сум нестрплив да ја видам таа прва македонска сапуница. Љубопитен сум да видам што ќе личи. Нормално ќе ја гледам колку и да е лоша макар (да не зборувам пред рака) тоа што најавиле и не ме убедува баш дека и навистина ќе биде реализирана. Втора работа - тоа што учествуваат хрватите и не е баш некој добар знак со оглед на тоа какви се нивните сапуници!
Инаку Каролина многу ја сакав и ја почитував, но се повеќе и повеќе го губи „ударот“, а ова со серијава се плашам дека ќе ја докрачи.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Ниту го губи, ниту го изгубила УДАРОТ, а тоа дека учествува во ТВ серијата на Сител и во српска прајм тајм серија е доказ за нејзината мегапопуларност, бараност и успешност
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
Ниту го губи, ниту го изгубила УДАРОТ, а тоа дека учествува во ТВ серијата на Сител и во српска прајм тајм серија е доказ за нејзината мегапопуларност, бараност и успешност
Да баш би сакал да е така, но мислам дека не е. Пробав да си докажам себе си дека се лажам па ги преслушав нејзините два последни албума, но го добив истиот впечаток: песните се полоши пеењето и е полошо во споредба со нејзините претходни албуми и хитовите: ајде да летаме (инаку речиси единствена песна од таков тип издадена во Македонија), Сакај ме, Милениум каде што е навистина закон. Исто така и изгледот и беше исклучително добар (не и требаа ниту леќи нити било какви други помагала за разубавување) што мислам дека веќе не е случај (сега ми е страв кога ќе се насмее). За популарноста си во право дека и е добра што ме изненадува, но и ме радува и само можам да жалам што не и беше толку голема кога беше во „форма“.
ПС Која е таа српска прајм тајм серија???
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Жените од Дедиње - српска верзија на Очајни домаќинки.
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
5
Поени од реакции
0
Жените од Дедиње - српска верзија на Очајни домаќинки.
Благодарам и за овој апдејт, признавам дека сум затечен во однос на ова. Веројатно се работи за тазе серија.
ПС. Бидејќи си гледам во тек со серииве, можеби можеш да ми помогнеш во потрагата по било каква снимка од една МК серија „Елелига пепелига“ (1991) со познатите Колозов, Џумерко, Кирил Андоновски итн. Досега не успеав да пронајдам ништо! Ти благодарам однапред!
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.838
Поени од реакции
20.305
Што ќе ни нам сапуница само не ми е јасно, излези на улица на секој ќош ќе налеташ на по една епизода, ние сме за лајв стриминг, јужно америне може и вода да ни носат....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom