Има уште еден ревијален натпревар за прослава на титулата, но лигата е практично завршена.
Колку што јас сфаќам:
1. Вардар 27 - Лига на Шампиони
2. Металург 27 - ЕХФ куп
3. Пелистер 12 - ЕХФ куп
4. Еурофарм Работник 12 - Челинџ куп
5. Охрид 12
6. Борец 0
Има некоја информација по портали дека и покрај победата Пелистер пак ќе биде 5ти. По ниту една логика не сфаќам како е тоа можно... Според секој нормален начин на функционирање на плејофот Пелистер треба да е 3 а не 5ти.
Во принцип при ист број бодови се гледа меѓусебен дуел. Бидејќи има три тима со ист број на бодови во случајот се прави мини табела (сте екипи имаат по 2 победи и порази во меѓусебните дуели):
Пелистер има +1 и -1 со Охрид (буквално со два исти резултати)
Пелистер има -1 и +3 со Еурофарм
Еурофарм има +6 и -5 со Охрид
Се на се гол разликата е:
Пелистер +2
Еурофарм -1
Охрид -1
Заради следен tiebreaker Еурофарм има подобра вкупна гол разлика од Охрид.
Единствено купот ако има опција за влијание врз европкупови т.е. влез во куп на ЕХФ (што не знам дали е случај) може да има разлика но и така Еурофарм е 3 а Пелистер 4. Охрид по сите основи треба да е 5ти (најслаби меѓусебни дуели, најслаба вкупна гол разлика, исто поени).
Или јас сум луд или ова што го пишуваат порталите нема никаква логика.[DOUBLEPOST=1496260677][/DOUBLEPOST]
gol.mk - Пелистер 5ти
ekipa.mk - Пелистер 5ти
sportmedia.mk - Пелистер 3ти
24rakomet.mk се плашат било што да објават...
Каков аматеризам човече спортските портали разлчно објавуваат...
Според логиката која се користи секаде во светот Пелистер треба да е 3 т.е. Спортмедиа да е во право.