Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?


  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Така разбрав муабет од ИГРАЧИ, ова јас не го напишав така од ракав или пак ми кажаја на кафе така да напишам. Иначе ме боли пајпата мене дали земале плата навреме или му каснеле, нека кршат гла :D
Иначе со спонзорот се тегнат 2 сезони негде, околу буџетот, така да не цветаат рози и кај нив ,ако ти изгледа така се едноставно, ова ми е проверена информација, дека ги дупел во врска со парите....
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Пелистер - Металург добар натпревар и најава за одличен плејоф.

50 минути одлична игра на Пелистер, но психички се распаднаа во финишот. Вујачич, Димитровски (Папата :)) и Чантурија одиграа извонредно, Металург беше целосно разбиен по десната страна. Но премалку оружја имаат на левата страна за да можат до посериозен резултат. Брзата игра и квалитетната комбинаторика донесоа квалитетен натпревар но сепак не беа доволни за бодови.

Металург доста незаинтересирано и без жар во одбрана влезе во натпреварот. Вујачич и Димитровски ги растурија реално, ги работеа како мали деца се изгуби таа страна во одбраната, особено во првото полувреме. Нападот горе долу фнкционираше иако на моменти тоа беа исфорсирани шутеви произлезени од игра еден на еден. Но во второто полувреме постепено се врати жарот во одбраната и квалитетот на Металуг дојде до израз.

По малку чудно но на некој начин пресуди искуството на Металург и доста мудро стигнаа до победата. Иако тие се далеку помлада екипа собраа солидно искуство овие 1-2 сезони, а од друга страна кај Пелистер со исклучок на 2-3 играчи (Чантурија, Везенковски, Колев...), останатите немаат ни приближно искуство од натпревари од ваков ранг.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Член од
30 април 2017
Мислења
19
Поени од реакции
4
Куп
Вардар - Металург
Охрид - Работник
Еве шанса и мотив повеќе за послабите екипи т.е Охрид и Работник да изборат финале
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Чисти местенки се ждрепките од купот бе :ROFLMAO: уште не ги прочитавте :D
Просто и едноставно, тој шо ја зема организацијата, автоматски си игра и финале !
Еден куп пари фрли Циле, за организацијата да е во Битола и птиците дури знаеја дека за полуфинале ќе го добијат Охрид.
Уште во групите тие ја зедоја организацијата и во финалето на групата со Пелистер, ептен ги форсираја судиите браќата Ќаеви судеја, не дека немаше да го победат Пелистер, подобри беа, ама имаа ептен поклони на тој меч, аматерски грешки синкир општинска лига судат.
На толку пари, тајкунот ќе сака екипата да му изигра 2 утакмици, да не ги топнат одма од земја Вардар или Металург :D

Истото беше и 2011 кога завршницата беше Битола.
Полуфинале Пелистер-Борец, другото полуфинале Вардар-Металург :rolleyes:
Колку да се речи после игравме финале.
Ако пак организацијата си е во Скопје не ги чепкаат и си играат во финале скУпјаништата :cool:
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
А како одат местата за европа, финалистот ќе добие во ЕХФ куп и првенството послабо рангирана екипа ќе оди во челинџ? За Пелистер прашувам. :)
 
Член од
30 април 2017
Мислења
19
Поени од реакции
4
1,2 место од плеј оф одат сеха (Вардар директ лш додека Металург веројатно ќе добие вајлд кард ама за квалификации)
3 место Ехф куп (квалификации)
4 место Челинџ куп(исто квал)
Пелистер има солидно тежок распоред едино мое мислење да ојт во некој куп е да некој откажи учество ко лани Охрид
 
Член од
30 април 2017
Мислења
19
Поени од реакции
4
Плеј оф
Вардар - Работник 37:19
Борец - Охрид 27:33
Металург - Пелистер 31:25
Плеј аут
Радовиш - Вардар Ј. 29:27
Тинекс Пролет - Металург 2 34:28
Без изненадување ова коло. Вардар и Металург без проблеми, додека Охрид го направи првиот чекор кон Европа, додека во плеј аутот веќе се знае кој испадна па сите екипи играат без резултатски императив.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
https://www.youtube.com/channel/UCWbGc1GWeCgTeNtOk0btxRg/videos - каналот на ракометната федерација на Словенија. Прикачуваат видеа од сите утакмици (машки и женски) кои се играат во текот на сезоната. Можете да најдете снимки од 2016/2017, 2015/2016 и 2013/2014. Го постирам тука бидејќи истото може да го направи и РФМ место да не мачи со тоа стримовите на кои што не може да се распознаат играчите. Особено кога ќе земеме во предвид дека на ТВ освен по некој меч каде играат Пелистер и Работник или Металург и Вардар од домашната лига нема, што и не е за изненадување со оглед на нејзиниот квалитет. Инвестицијата е мала (камера, опрема за снимање), правењето канал на youtube не се наплаќа, а сметам дека колку-толку лигата би добила на гледаност и интерес.
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Има уште еден ревијален натпревар за прослава на титулата, но лигата е практично завршена.

Колку што јас сфаќам:

1. Вардар 27 - Лига на Шампиони
2. Металург 27 - ЕХФ куп
3. Пелистер 12 - ЕХФ куп
4. Еурофарм Работник 12 - Челинџ куп
5. Охрид 12
6. Борец 0

Има некоја информација по портали дека и покрај победата Пелистер пак ќе биде 5ти. По ниту една логика не сфаќам како е тоа можно... Според секој нормален начин на функционирање на плејофот Пелистер треба да е 3 а не 5ти.

Во принцип при ист број бодови се гледа меѓусебен дуел. Бидејќи има три тима со ист број на бодови во случајот се прави мини табела (сте екипи имаат по 2 победи и порази во меѓусебните дуели):

Пелистер има +1 и -1 со Охрид (буквално со два исти резултати)
Пелистер има -1 и +3 со Еурофарм
Еурофарм има +6 и -5 со Охрид

Се на се гол разликата е:

Пелистер +2
Еурофарм -1
Охрид -1

Заради следен tiebreaker Еурофарм има подобра вкупна гол разлика од Охрид.

Единствено купот ако има опција за влијание врз европкупови т.е. влез во куп на ЕХФ (што не знам дали е случај) може да има разлика но и така Еурофарм е 3 а Пелистер 4. Охрид по сите основи треба да е 5ти (најслаби меѓусебни дуели, најслаба вкупна гол разлика, исто поени).

Или јас сум луд или ова што го пишуваат порталите нема никаква логика.[DOUBLEPOST=1496260677][/DOUBLEPOST]gol.mk - Пелистер 5ти
ekipa.mk - Пелистер 5ти

sportmedia.mk - Пелистер 3ти

24rakomet.mk се плашат било што да објават...

Каков аматеризам човече спортските портали разлчно објавуваат...

Според логиката која се користи секаде во светот Пелистер треба да е 3 т.е. Спортмедиа да е во право.
 
Последно уредено:
Член од
23 јули 2015
Мислења
142
Поени од реакции
121
Има уште еден ревијален натпревар за прослава на титулата, но лигата е практично завршена.

Колку што јас сфаќам:

1. Вардар 27 - Лига на Шампиони
2. Металург 27 - ЕХФ куп
3. Пелистер 12 - ЕХФ куп
4. Еурофарм Работник 12 - Челинџ куп
5. Охрид 12
6. Борец 0

Има некоја информација по портали дека и покрај победата Пелистер пак ќе биде 5ти. По ниту една логика не сфаќам како е тоа можно... Според секој нормален начин на функционирање на плејофот Пелистер треба да е 3 а не 5ти.

Во принцип при ист број бодови се гледа меѓусебен дуел. Бидејќи има три тима со ист број на бодови во случајот се прави мини табела (сте екипи имаат по 2 победи и порази во меѓусебните дуели):

Пелистер има +1 и -1 со Охрид (буквално со два исти резултати)
Пелистер има -1 и +3 со Еурофарм
Еурофарм има +6 и -5 со Охрид

Се на се гол разликата е:

Пелистер +2
Еурофарм -1
Охрид -1

Заради следен tiebreaker Еурофарм има подобра вкупна гол разлика од Охрид.

Единствено купот ако има опција за влијание врз европкупови т.е. влез во куп на ЕХФ (што не знам дали е случај) може да има разлика но и така Еурофарм е 3 а Пелистер 4. Охрид по сите основи треба да е 5ти (најслаби меѓусебни дуели, најслаба вкупна гол разлика, исто поени).

Или јас сум луд или ова што го пишуваат порталите нема никаква логика.[DOUBLEPOST=1496260677][/DOUBLEPOST]gol.mk - Пелистер 5ти
ekipa.mk - Пелистер 5ти

sportmedia.mk - Пелистер 3ти

24rakomet.mk се плашат било што да објават...

Каков аматеризам човече спортските портали разлчно објавуваат...

Според логиката која се користи секаде во светот Пелистер треба да е 3 т.е. Спортмедиа да е во право.
Па ваљда во РФМ има некој што ги разбира пропозициите и правилата , па сигурно на сајтот ке биде објавена табелата и ке се разјаснат дилемите
 
И

Игнориран член

Гостин
РФМ чекат да се изгласа владата на полноќ, па ќе ја објави табелата за неколку часа. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom