Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?

  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Срамота за МТВ, обично кајронче не можат да овозможат.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Срамота за МТВ, обично кајронче не можат да овозможат.
Немаат "можност"(читај: не сакаат да трошат за нормален тв пренос-графички приказ од резултат и време од мечот на екран,репетиции,речиси сите НОРМАЛНИ преноси беа од Скопје и 3 од Битола).
На денешно време да не си во состојба барем еден обичен графички приказ на резултат да имаш на екран е резил.
Ама пак кога ќе се види дека ретко кој се замара за ракомет и грото од мечевите се играат пред 100 ина гледачи(поголемиот дел роднини и пријатели на играчите) јасно е зошто не се замара многу МТВ.
Кога ќе ја кренат РДТ на 400 денари(како тргнале) е тогаш се ќе има:pos:дури и по два преноси од коло,:icon_lol: дотогаш ќе чекаме Југо да се смилува за да разбериме резултат.:icon_mrgr:
 
И

Игнориран член

Гостин
После денешното коло се познати четирите екипи шо ќе одат во плејоф.

1. Охрид 40
2. Пелистер 40
3. Работник 37
4. Борец 29

Секоја чест за велешани шо изиграја машки ова сезона и од долниот дел на табелата се издигнаја и успеаја да се пласират во плејофот. Мило ми е шо после долги години во Велес пак е ракометот во подем. Да успеат само да го задржат составот за наредна сезона и да најдат спонзор да се засилат уште поќе за в година.

Од другата страна се очекува најинтересно да биди во Битола ова сезона.

Две екипи на исто рамниште, па се очекува салата(ако биди реновирана до плејоф) да биди полна на сите натпревари во Битола и на Пелистер и на Работник а најинтересно мислам дека ќе биди на градското дерби. :D

Охрид, Пелистер и Работник би требало да се борат за третата позиција а се надевам дека конечно Металург на некое од овие гостувања, ќе ќиксни и ќе го напрај плејофот уште поинтересен.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Кој е овај Гуглета бе? :pos:

Видара царува.
 
И

Игнориран член

Гостин
http://www.gol.mk/rakomet/chervar-srceto-mi-e-polno-najsiromashnata-ekipa-vo-makedonija-odigra-strashno

Како бе најсиромашна екипа во Македонија ?:confused:
Па само тој плата годишно зема 200К како тренер а останатите клубој немат толкав буџет за цела сезона. Како не му е срам вакви изјави да дава, сварно не ми е јасно.
Играле за топол оброк ...:ROFLMAO:
Па нека дојдат во Пелистер ако се толку скромни, или ете во некоја друга екипа од првенството. Ќе му дајме и топол оброк и десерт плус.:P
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Лино Червар, стратегот на Металург, гордо ги испофали своите ракометари по големата победа над Вардар (29-26) во ракометната Суперлига. Хрватот изјави дека Металург, иако е најсиромашна екипа во Македонија:kruna::pos::pipi::vozbud::icon_lol::pipi::гик::свиркам::kruna::uzi::anco::sekcza:, но сепак, игра ракомет со големо срце.:pos:

„Нема јас да правам еуфорија, нека тоа го прават моите момци кои покажаа дека играме страшен ракомет, а не „најсељачки“, како што некој се обиде да не навреди. Ме изнавредија дека играм старомодно, не го заслужувам тоа, како тренер со најмногу медали кој беше дел од СП. Цел свет виде дека Македонија игра добро. Горди сме, одигравме страшно против еден Вардар. Цела Европа нè виде како играме, бевме солидни цела сезона и во СЕХА и во Лигата на шампионите, не само сега. Играме посебен ракомет, убав ракомет. Срцето ми е полно, горд сум на сè што направив досега. Ние сме најсиромашната екипа во Македонија, но имаме големо срце:brlav:. Момците одиграа фантастично. Ме разбраа сè што им кажав. Тие не земаат милиони, се задоволуваат со топол оброк:lolzz:, дури и за 100 евра:pos: го даваат најдоброто од себе и победуваат посилни од себе. Чест ми беше да водам тим пак пред ваква публика, пред полна Автокоманда. Публиката не сака, тоа го докажа и на натпреварите во „Борис Трајковски“ каде не гледаа по 4.000:shook: луѓе на меч:sramezliv:. Македонија сака убав ракомет“, изјави Червар.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533

Изместена му е изјавата за најсирамшен тим тој кажа во ЛШ (што и не е далеку од вистината), а дел од сензационалистичките портали го напишаа во Македонија.

За "топлиот оброк" и за "100те евра" нема што да се коментира - класика Червар. Само да ги тренираше екипите и да не даваше никакви изјави пред и после натпреварите ќе беше далеку поприфатен и поценет како тренер, наместо вака да се бламира.

Во секој случај и покрај сите маани кои ги има, стручноста не може да му се спори, фантастично наидгран Вардар денес, и ќе треба Вардарци сериозно да се запотат во Јане Сандански ако сакаат титула сезонава. Се разбира под претпоставка дека и едните и другите се друго ќе тепаат, а ако против било кого се влезе премногу потценувачки, се е можно. При сериозен пристап немаат реални шанси другите екипи, но оваа година за разлика од минатото сосема е пристоен плејофот и противниците имаат капацитет да ги казнат грешките и потценувањето.
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
А не ви гледа малце на местена утакмицата ?
Никој неможи да ме убеди дека овој Металург е појак од Вардар, па Вардар и со резерви да излезеше ќе ги изгазеше мислам, алпа се матни овие меѓусебни утакмици, како шо се на Вардар со Веспрем во СЕХА, па исто лајно се и Вардар-Металург во СЕХА, колку пати играле тесни утакмици и таму и во првенството....
И одма ќе почнат новинарите по весници да пишат: МЛАДИТЕ НАДЕЖИ, ГОЛОБРАДИ МОМЧИЊА, ИДНИНАТА НА РАКОМЕТОТ ВО МАКЕДОНИЈА ДРН ДРН МАДИЊА, НЕЗНАМ ШО..... "резултатски се држеја" на СКАПИОТ Вардар !

Еве сега му ја пуштија и одма ЧЕВЛАРОТ се изглупира со изјава !
Исто било и на утакмици наназад, каде губеле по 1 до 2 гола и одма, во ЖУТА ШТАМПА натписи дека немале среќа, или има надеж во нив :pos:

И сега гледај на реваншот кога Вардар ќе биди домаќин ќе ги плесни од 8 до 10 разлика и ќе видам тогаш шо ќе пишат :D

Вака само му наштетија на Пелистер, да ги ебавам скопјани, само за ЗИЈАН се :ROFLMAO:
Да ги плеснеја 2 пати нив, Пелистер со Металург ќе се бореше за 2 место, вака е јасно одма кој е 1, кој 2, а кој 3, се знај уште од прво коло табелата :D
НЕ ВЕЛАМ ДЕКА СМЕ ПОДОБРИ НИЕ ОД МЕТАЛУРГ, ама барем ќе имаше неизвесност до четврток, односно кога се игра првата утакмица. Ако не победеја тогаш, нека му е со среќа второто место и новиот настап во СЕХА...
Можи ќе изгубиме во Четврток, ама друго ќе беше ќе имаја еден пораз веќе и ќе играја под притисок во Битола, со уште еден пораз, (случајно ако ги тепавме) ќе имаја 2 порази од старт, после на втората утакмица нека му ја думаја :D
Ептен педерски постапи Вардар...
2 до 3 играчи делат во Металург само Кузмановски, Обрадовиќ и Илиќ на контрите ко ќе добие топка, другото е ГОЛОБРАДИ МОМЧИЊА :ROFLMAO:
Сега демек можат со Вардар, а во СЕХА кој стигна му го кладе :D Губат од Нексе, Горење, Прешов, жими со Извиѓач шо беа убедливи дома :giggle:
Местачи, местачи на сите страни....
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Па не би рекол дека е местена, едноставно од една страна доста е потценет Металург сезонава, а од друга Вардар цела сезона има големи проблеми со 7на 6 тактика (против различни противници и во СЕХА и во ЛШ).

Во секој случај Металург кој ги прател знае дека цела сезона играат доста сериозен ракомет со релативно големи осцилации дома-гости. Да не беа тие неколку недели криза кога пола екипа им беше повредена и уште се бараа во Октомври, гарант и групата ќе ја поминеа во ЛШ.

Јас лично и очекував да биде тесно, исходот не ме изненадува којзнае колку, но клучот за титулата од старт се знаеше дека ќе биде во дуелот во Јане Сандански, а таму се е можно (од чудо и титула за Металург до пораз од 10+)

П.С. Тоа дека Песлитер (или било која друга од екипите во плејофот) е повеќе илузија за да се билда интерес отколку реалност. За Пелистер да триумфира треба Металург сам да се победи со потценувачки пристап, неспремност и сл. Во нормален натпревар скоро невозможно е Пелистер да победи. Металург е и појак сезонава од Спортинг на пример, а се виде како минаа со Спортинг. Оптимист сум за можностите на Пелистер сезонава, мислам ќе стигнат до 3то место со околу 5 победи од 10 натпревари, ако се продолжи со малку посериозна работа има шанси идната сезона да се уште појаки. Со Вујачич доста се појачаа, играат добар и допадлив ракомет, ама има уште многу работа, поголем дел од играчите сепак не се на вакво врвно ЛШ ниво на какво што се Вардар и Металург.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Изместена му е изјавата за најсирамшен тим тој кажа во ЛШ (што и не е далеку од вистината), а дел од сензационалистичките портали го напишаа во Македонија.

За "топлиот оброк" и за "100те евра" нема што да се коментира - класика Червар. Само да ги тренираше екипите и да не даваше никакви изјави пред и после натпреварите ќе беше далеку поприфатен и поценет како тренер, наместо вака да се бламира.

Во секој случај и покрај сите маани кои ги има, стручноста не може да му се спори, фантастично наидгран Вардар денес, и ќе треба Вардарци сериозно да се запотат во Јане Сандански ако сакаат титула сезонава. Се разбира под претпоставка дека и едните и другите се друго ќе тепаат, а ако против било кого се влезе премногу потценувачки, се е можно. При сериозен пристап немаат реални шанси другите екипи, но оваа година за разлика од минатото сосема е пристоен плејофот и противниците имаат капацитет да ги казнат грешките и потценувањето.
И "новинарите"секогаш додаваат нешто,и не само нешто,туку често и премногу неточни податоци објавуваат,ама тоа е,кога стигна секој со платен хостинг и поголем закупен веб простор да објавува шо сака и кога сака,од "специјализирани страни за ракомет"глава неаме кренато:icon_mrgr:.
Иначе се ок за чиката,секоја чест за стручноста која никогаш не била спорна,ама она негово ФАЛЕЊЕ/ПЛАЧЕЊЕ(зависи од резултатот):icon_mrgr:,КУКАЊЕ КАКО НЕМАЛ ПАРИ НЕГОВИОТ КЛУБ,ова не е отсега,дури и кога немаше никаква конкуренција во Македонија,кога неколку пати стигнуваше до 1/4 финале на ЛШ истиот муабет беше:anco:
КАКО НЕМАЛЕ ПАРИ,како цел овој проект се базирал само на инаетот на играчите:pos:
Да,да нема грешка,затоа Мојсо земаше над 10К плата,настрана бизниси со вино и шлепери,да не прајме муабет и за другите,немаше играч под 3,4 К плата,дупли плати нудеа од тие на Вардар кои воопшто не беа "благи".
Можеби овие две сезони го скратија буџетот,ама не се под 1 милион сигурно,можеби и повеќе,а пред некоја година беа сигурно над 3 милиони,тие бајки и смешни суми од 1.5 милиони шо ги пријавуваа на друг нека му ги кажуваат,само Лино,Мојсо лапаа пола милион годишно,кај се уште 20 на платен список,сите со просек од 5К месец?
Да не прајме муабет за уште 10 ина тренери.
Управа?Левче:cool:Мажоретки,спикерот:cujte:
Школата,стипендии за дечурланата од цела Македонија:pipi:Женска екипа.
Организација на мечеви,патувања во странство,припреми ова она,овде одат само преку 200 К годишно.
И сеа Лино ни прај филмОЈ дека сето ова низ годините е напраено со СИТНИШ,да,да нема грешка.
И оваа сезона не е лоша селекцијата,за ова секоја чест,има нос стариот за да намириса потенцијал,посебно со Обрадовиќ:aplauz:,и Гуглета,Вејин не се лоши,да не прајме муабет за Арсиќ.
За ова нема збор,вади максимум од играчите,не е спорно ова,посебно на домашен терен немаат респект кон никој,освен од Монпеље од никого не беа тотално надиграни,во гости е друга приказна,тука ќе се решава работата околу титулата,реално ниедна екипа во плејоф нема сила да го тепа Металург,па се ќе се решава во Јане Сандански.
Реално Вардар ако е сериозен ќе го прегази Металург дома,ама се зависи колку ќе бидати тие одморни од двомечот со Фленсбург,најверојатно мечот ќе се игра во работен ден.
Ќе видиме,како и да е,позитивна работа е победата на Металург над Вардар,да се внесе малку тензија во лигата,да не се само церемонија овие два месеци кога се игра плејофот.
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.198
Поени од реакции
4.896
Инаку вистина е муабетот, 3 месеци играчите на Металург не зеле плата, е сега Чиката со изјавата дали навистина сакаше да ги "пецни" спонзорите за моменталната состојба во клубот или па изјавата му е масло на вода...
Инаку од секогаш бил плачко, како шо кажа Томасино погоре и во најдобрите денови на клубот, тој пак наоѓаше алиби за буџетот и во тимот кога поминаја играчи од типот на: Мојсо, Жути, Дарко Станиќ, Жарко Марковиќ, Вугринец и други, се се тоа ракометари кои заработваја многу солидни плати, тогаш јак буџет држеја тој пак како по старо си цимолеше :anco:
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Инаку вистина е муабетот, 3 месеци играчите на Металург не зеле плата, е сега Чиката со изјавата дали навистина сакаше да ги "пецни" спонзорите за моменталната состојба во клубот или па изјавата му е масло на вода...
Мене стварно не ми е јасно што му е проблемот на Минчо. Оваа екипа да ја упропастиш, која патем и не е којзнае колку скапа а има реален потенцијал, е катастрофа.

Да не зборувам што само со парите од Талески можеа да ги исплаќаат платите за првите неколку месеци од годината...
 
И

Игнориран член

Гостин
Не вервам јас во овие муабети за плати неисплатени и наводни кризи во клубот. То му е политика на Червар, демек неаме услови видете колку сме мали како клуб, се издигнавме над проблемите бла бла... Според мене то е само алиби на клубот за евентуален неуспех. Ете сеа победија и одма ја вртат приказната во друг правец.
Веќе неколку сезони го верглат истиот филм со наводни кризи, па ќе си оди Червар, ќе се распадни клубот и на крајот на сезоната молат за вајлд карта во ЛШ и СЕХА. Тој клуб шо нема пари и амбиции не си става за луксуз да игра во вакви натпреварувања, кој можат да коштат солени суми.
Како пример само... Пелистер за да организира во Челинџ Куп натпревар на домашен терен, потребни му беа 20-30К евра за да ги покрие сите трошоци, за само едно коло. Е сеа направете математика колку средства се потребни за натпреварување од рангот на ЛШ. За СЕХА лига мислам дека ГАСПРОМ ги покрива трошоците за патувања, хотели и слично.

Според мене, евтини приказни за да се покрие евентуалниот неуспех на Металург.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom