Јас ќе бидам малку подолга.
Реално ако се земе фактот колку се вложува во женскиот ракомет кај нас и фактот дека до пред пола година на полувреме беше +10 за другите репрезентации, можеме да бидеме генерално задоволни со прикажаното на овие два двомеча меѓу Црна Гора и Словенија. И со двете имавме по еден изедначен меч и по еден каде што потклекнавме во одреден дел од мечот.
И јас очекував да даде поголема минутажа на помладите. Но од друга страна пак можеби целта му беше "да ги предизвика и со тоа да ги качува левел погоре" овие ракометарки од кои се очекува да бидат носители на играта на ЕУРО, преку соочување со поголем притисок итн. И мене не ми е јасно искрено, се надевам дека има причина. Се сложувам, ако имаа таква физичка спремност и концентрација ќе играа во појаки клубови. "Лесно" е да се изигра една утакмица на високо ниво, за две во три дена си бара редовност, нешто што нашите репрезентативки, освен Сара го немаат. И каква лоша среќа имаме најдобриот играч да ни е крило, позиција од која не зависи креирањето на нападот.
Гледам експертите на постови по фб веднаш се јавија, кога победиле и слично. Па колку се вложува кај нас во женскиот ракомет? Кој вложил нешто во нив па да очекува резултати? Затоа и клубовите ни се на речиси аматерско ниво (без да сакам никого да навредам, но колку пари - толку музика). Црна Гора го има Будуќност, Словенија - Крим, Хрватска - Подравка и Локомотива. Таму ги оформуваат и "изложуваат" нивните најдобри играчи од каде ги продаваат во добри првенства, а во клубовите имаат тренинзи и натпревари на високо ниво. И тоа е тоа што им овозможува редовно играње на првенствата. А не дека имаат некои посебни таленти: Радичевиќ, Грос, Станко.. другото е горе долу просек што има добра подготвеност во еден систем и континуираност.
Ние нема што им замериме на некои што се 30 години и имаат просечна кариера, за која буквално сами се избориле без ничија помош. А ако сакаме резултати од женската репрезентација и барем како гореспоменатите редовно да играме на првенствата треба да се искористи моментот кога имаме доволен број на искусни ракометарки кои се во океј форма + млади талентирани. Ако некаде требаше да се соберат сите млади квалитетни играчи во еден клуб (иако јас сум за веќе оформен клуб да биде тоа, а не нов) - тоа е женскиот ракомет, не машкиот. Во машкиот има доста клубови кои работат на добро ниво + два европски клуба.
Да се работи во еден клуб со нив, во еден систем. Нормално, селекторот на репрезентацијата да си е тренер таму, а не да е тренер на машки клуб како сега.
Ако е толку тешко да се најдат 10-ина големи фирми кои би одвоиле по не така голема сума (со оглед на тоа што е женски ракомет и млади играчи), а на кои ќе им се претстави дека проектот е за репрезентацијата и за мак играчи, па во тој случај и не заслужуваме да имаме репрезентација на првенствата. Толку е едноставно.
Доволно е само да се игра во европските купови како Локомотива Загреб нешто пример. Полека клубот ќе расте од година во година и ќе се промовираат играчите. Потоа и да нема еуфорија и расположение за спонзорство за поголемо нешто, и да остане на тоа ниво, само да им се отвораат вратите на играчите во добри првенства, па макар тоа било и унгарски клуб што е на средина на табелата - пак е добро за играчот и за репрезентацијата, ќе има квалитетни утакмици секоја недела.
Ако овие млади се остават како и минатите генерации сами на себе заглавени во мк лига исто како нив дел ќе се откажат, дел ќе стагнираат итн..
И ќе дојдат и натпреварите со Норвешка за еден месец, и пак експертите ќе кажат "ете пак 20 разлика изгубивте за ништо не ве бива". И Црна Гора вчера изгуби 17 разлика од Норвешка, не пак ние. Норвешка, Франција се едноставно друг левел.