- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 1.952
- Поени од реакции
- 14
МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ОСВОИ НАЈМАЛКУ БОД НА ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ОД ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ
На с$ или ништо во Чешка
По победата над Чешка во Скопје на Македонија & е потребен бод од гостувањето во Плзен за да се избори за нов бараж. Сега оптимизмот во нашиот табор е многу поголем, проблемите се зад нас и се чини дека се враќаме на вистинските патеки. Во Чешка сигурно ќе биде потешко за нашите репрезентативци, но се чини веќе дека е ред сениорите да одиграат еден добар меч со силен противник и на гостински терен.
Без сомнение хандикеп за нашиот тим ќе биде отсуството на голманот Борко Ристовски. Тој мораше да се врати назад во Шпанија за да игра на дерби натпреварот на екипата на Теукро.
Дали можеше ова да се избегне, останува отворено прашање. Не е првпат македонски репрезентативец поради клупски обврски да мора да го остави националниот тим.
"Ние можевме да направиме притисок за Борко да остане во репрезентацијата. Но, на тој начин многу ќе наштетевме на неговата професионална кариера. Тој замоли ако е можно да се врати за тој натпревар уште на почетокот на квалификациите", изјави г. секретар на РФМ, Марјан Начевски.
"Ристовски многу ќе ни недостасува. Сите видоа како одбрани Борко. Тој е во извонредна форма и во шпанскиот шампионат, а тоа го покажа и за репрезентацијата. Но, треба да се верува и во Мисовски и во Петковски, кој синоќа се прости од скопската публика", изјави селекторот Стрезовски.
"Со заминувањето на Ристовски се отвори место за уште еден ракометар. Шанса да игра на реваншот ќе добие Левко Наумовски. Сигурно нашата одбрана ќе добие многу со него во зоната. Не сакам да давам преоптимистички изјави, но по мечот во Скопје убеден сум дека можеме да се вратиме со победа и од Чешка. Знаеме што играат и сме во поглема предност бидејќи нашиот начин на одбрана ги изненади во Скопје, а ќе бидеме и дополнително посилни во дефанзивната линија во Чешка. Мислам дека тие немаат многу што да сменат, единствено доколку се врати пикерот Јуричек ќе имаат еден адут повеќе. Но, без разлика дали тој ќе игра или не, верувам дека со сериозна игра се враќаме со победа. На првиот меч со Чешка не играше Телепњев. Не го заборавив. Имаше еден дел од првото полувреме кога требаше да влезе во игра, но бев во размислување. Исто така и во вториот дел, но изгорен сум од поразот во Естонија. Затоа не сакав да ризикувам и да експериментирам, па затоа с$ остана како што е", изјави селекторот Гино Стрезовски.
ПАВЕЛ ПАУЗА, СЕЛЕКТОР НА ЧЕШКА
Попуштивме под притисокот
Ни се распадна одбраната, а нашите стрелци шутираа од 8-9 метри и не знаеја да се снајдат со ситуацијата. Не го издржавме притисокот. Пред почетокот домашните беа под голем притисок, но ние не знаевме да ја искористиме ситуацијата додека водевме и им ја подаривме победата на домашните", изјави чешкиот селектор Павел Паузе
НЕУСПЕШЕН ОБИД ДА СЕ РЕХАБИЛИТИРА НАВРЕМЕ
Без Атанасовски
И на натпреварот со Чешка во Плзен Македонија ќе патува без бекот на Вилфранш, Кирил Атанасовски.
Повредата на контролниот меч со Грција во претквалификациите се покажа кобна за македонскиот интернационалец. Тој се обиде да се врати, но очигледно не е доволно подготвен за игра и ќе го пропушти и последниот натпревар од претквалификациите.
КИРИЛ ЛАЗАРОВ
Ќе победиме и таму
"И таму ќе одиме на победа и тоа повеќе од пет гола. Се виде дека имаат многу јака и силна одбрана. Норвежаните дозволуваат груба игра така што тука сме во предност.
Малку поглема дисциплина почнувајќи од мене, па до другите. Ни треба само да одиграме со големо срце и со голема борбеност. Да нема толку технички грешки и лоши додавања. Ристовски ќе ни недостасува бидејќи секоја добра екипа има два квалитетни голмани, а вака остануваме со еден. И Петковски е одличен голман, но тој веќе се повлекува. Сепак, никогаш не се знае можеби на тој меч ќе биде и неговата најдобра партија"
ГРУПА 3
5. КОЛО
Македонија - Чешка 36:31
Кипар - Естонија 19.01.
6. КОЛО
Чешка - Македонија 21.01.
Естонија - Кипар 20.01.
ТАБЕЛА
1. Македонија 5 4 1 0 175:133 9
2. Чешка 5 4 0 1 176:124 8
3. Естонија 4 0 1 3 104:134 1
4. Кипар 4 0 0 4 86:149 0