Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
МАШКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДЕНЕСКА ЗАМИНУВА ВО ЕСТОНИЈА
Без Стојановиќ, Недановски и Петровски
Празниците завршија за машката сениорска репрезентација на Македонија. Најдобрите македонски ракометари вчера ги одработија двата последни тренинга во Скопје пред заминувањето во Естонија, каде в среда ќе го одигра мечот од третото коло од претквалификациите за пласман на СП 2007 година.

Има играчки измени во составот на нашата селекција за првиот меч со Естонија. Селекторт Гино Стрезовски реши во Скопје да остави четири ракометари кои беа дел од репрезентацијата на дуелите со Кипар. Раде Стојановиќ кој ги почна двата меча со Кипраните, Владо Недановски, кој играше на вториот натпревар, Александар Петровски, кој играше само на првата средба, и повредениот Кирил Атанасовски се играчите кои нема да "летаат" за Естонија.

Сите тие и натаму остануваат во комбинација за следниот меч, односно реваншот со Естонија кој ќе се игра во Охрид и за дуелите со репрезентацијата на Чешка кои се играат на 18 и 22 јануари.

"Освен Кире Атанасовски, кој е повреден, сите други се оставени од тактички причини. Сите остануваат во комбинација за настап на следните натпревари, а се надевам дека и Атанасовски ќе биде подготвен до мечот со Чешка", изјави Стрезовски.

Од сите овие изоставувања, најмногу во очи паѓа Раде Стојановиќ. На таа позиција Стрезовски на располагање во Естонија ќе ги има Филип Лазаров и Иван Телепњев, а сигурно минутажа во нападот како лев бек ќе добие и Бранко Ангеловски, кој цела полусезона е стартер во екипата на Металург. За да видиме како ќе биде поделена минутажата и дали тие ќе можат на вистински начин да возвратат на теренот останува да ја причекаме средбата. Естонците инаку не се прославија на првиот меч со Чешка и загубија со 11 гола разлика, н на домашен терен секогаш играат подоборо и Стрезовски ќе мора да биде повнимателен.

Стрезовски изјави веднаш по вториот меч со Кипар дека очекувал многу повеќе од Стојановиќ, но тоа е само дел од причините поради кои тој останува во Скопје. Како што информираше Стрезовски, Стојановиќ има и некоја повреда која само придонела да се зацврсти одлуката. Стево Алушевски и Александар Јовиќ ќе играат 60 минути на крилните позиции откако Недановски и Петровски остануваат во Скопје.

Р. Ѓамовски
 
J

Johnny Stulic

Гостин
So ceska ako uspeeme da napravime podvig tamu mislam deka e gotova rabotata.
So estonija mislam deka 2 pobedi ni se neminovni.
Ovaa e dobra sansa da uspeeme da se kvalifikovame na eden zavrsen turnir
Mislam deka imame dobra reprezentacija samo problem se javuva vo samodoverbata najverovatno,koga e najpotrebno stalno se pokakuvame
I do koga so toj famozen Island valjda che ni se svrti malce zdrepkata vo nasa korist(iako vo barazot nema slabi).
Licno mislam a i se nadevam deka vo kvalifikaciite ce napravime 6 od 6
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
СЕНИОРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗАМИНА ВО ЕСТОНИЈА КАДЕ В СРЕДА ЌЕ ГО ОДИГРА МЕЧОТ ОД ТРЕТОТО КОЛО ОД ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ

Во Естонија без право на грешка

Откако Чешка победи на двата меча со Естонија, истото мора да го стори и репрезентацијата на Македонија. Избраниците на Стрезовски немаат никво право на "кикс" против естонскиот состав.

Сениорите утре ќе го одиграат мечот од третото коло од претквалификациите за СП Германија 2007 година. Избраниците на Гино Стрезовски денеска ќе одржат два тренинга пред натпреварот кој би можел да ни донесе многу проблеми во пресрет на дуелите со Чешка на кои се очекува да се добие патникот во бараж квалификациите.

Имено, откако Чешка победи на двата натпревари со Естонија сега истото мора да го стори и македонската репрезентација затоа што повеќе од сигурно е дека Чешка двапати ќе го совлада и Кипар. Следните два противника на Македонија откако прво одиграа меч во Чешка, кој заврши со убедлив триумф на домашните (33:22) силите ги одмерија и на Балатикот. Повторно победи Чешката репрезентација со 28:23. Решавачки за победникот биле првите 20 минути во кои гостинската репрезентација повела со 12:5. Естонија успеала да намали дел од предноста на Чешка и била рамноправна до 48. минута, кога повторно Чешка направила серија од 3-4 гола и го одвела натпреварот во мирна завршница. Роман Глинкин, левиот бек на Естонија, исто како и на првиот меч бил најопасниот играч во естонската селекција и на вториот натпревар.

Македонија во моментов е прва на табелата, но освен естетско, првото место нема некое посебно значење во овој момент затоа што тоа може набрзина да се промени. Македонија веќе нема право на "кикс" во Талин, а од начинот на кој игравме против слабиот Кипар имаме право и да веруваме во победа и да се сметаме за фаворити на овој натпревар, но и да стравуваме пред утрешното одмерување на силите со естонскиот состав.

Мечот е закажан за во 18:00 часот, се игра во Кера, гратче оддалечено околу 40 киломрети од Талин, главниот град на Естонија. Судии на овој натпревар се Русите Едуард Борисов и Олег Тарасиков, а делегат е Шпанецот Гереро. Борисов и Тарасиков се релативно нова двојка, а досега само еднаш & имаат судено на Македонија (победа над Летонија во Рига). Претходно Борисов беше во двојка со Медведев, но во 2003 Медведев почина на тренинг во Гевгелија, за време на женското јуниорско СП во Македонија.

Македонскиот состав во Естонија е без Раде Стојановиќ, кој беше стартер на првите два меча, и без Александар Петровски и Владо Недановски, кои беа во составот на првиот, односно на вториот меч со Кипарците. Во претквалификациите засега немаше шанса да заигра ниту Кирил Атанасовски, кој се повреди на подготовителниот натпревар со Грција во Солун.

Освен за Атанасовски, изоставувањето на овие играчи за мечот во Кера е главно од тактички причини. Ова е делумно за Стојановиќ, кој имал и некоја мала повреда (на слабината) поради која одлуката тој да остане во Скопје стана дефинитивна, иако не е тајна дека Стрезовски и не беше којзнае колку задоволен од Стојановиќ на првите две средби.

Р. Ѓамовски





КВАЛИФИКАЦИИ ЗА БАРАЖ ЗА СП 2007
ГРУПА 1

1. КОЛО
Грција - Италија 30:21
БиХ - Холандија 29:30

2. КОЛО
Италија - Грција 22:27
Холандија - БиХ 25:27

ТАБЕЛА
1. Грција 2 2 0 0 57:43 4
2. БиХ 2 1 0 1 56:55 2
3. Холандија 2 1 0 1 55:56 2
4. Италија 2 0 0 2 43:57 0


3. КОЛО
Италија - Бих 12.01.
Холандија - Грција 12.01.

4. КОЛО
БиХ - Италија 14.01.
Грција - Холандија 15.01.



ГРУПА 2

1. КОЛО
Австрија - Бугарија 36:27
Израел - Финска 28:25

2. КОЛО
Бугарија - Австрија 23:34
Финска - Израел 29:23

ТАБЕЛА
1. Австрија 2 2 0 0 70:50 4
2. Финска 2 1 0 1 54:51 2
3. Израел 2 1 0 1 51:54 2
4. Бугарија 2 0 0 2 50:70 0

3. КОЛО
Бугарија - Израел 11.01.
Финска - Австрија 11.01.

4. КОЛО
Израел - Бугарија 15.01.
Австрија - Финска 14.01.



ГРУПА 3

1. КОЛО
Македонија - Кипар 32:23
Чешка - Естонија 33:22

2. КОЛО
Кипар - Македонија 20:33
Естонија - Чешка 23:28

ТАБЕЛА
1. Македонија 2 2 0 0 65:43 4
2. Чешка 2 2 0 0 61:45 4
3. Естонија 2 0 0 2 45:61 0
4. Кипар 2 0 0 2 43:65 0

3. КОЛО
Естонија - Македонија 11.01.
Кипар - Чешка 14.01.

4. КОЛО
Македонија - Естонија 15.01.
Чешка - Кипар 15.01.



ГРУПА 4

1. КОЛО
Литванија - Летонија 29:28
Романија - Луксембург 36:20

2. КОЛО
Летонија - Литванија 28:24
Луксебург - Романија 15:35

ТАБЕЛА
1. Романија 2 2 0 0 71:35 4
2. Летонија 2 1 0 1 56:53 2
3. Литванија 2 1 0 1 53:56 2
4. Луксембург 2 0 0 2 35:71 0

3. КОЛО
Летонија - Романија 11.01.
Луксембург - Литванија 11.01.

4. КОЛО
Романија - Летонија 15.01.
Литванија - Луксембург 15.01.



ГРУПА 5

1. КОЛО
Шведска - Турција 40:19
Белорусија - Белгија 37:26

2. КОЛО
Турција - Шведска 21:32
Белгија - Белорусија 27:30

ТАБЕЛА
1. Шведска 2 2 0 0 72:40 4
2. Белорусија 2 2 0 0 67:53 4
3. Белгија 2 0 0 2 53:67 0
4. Турција 2 0 0 2 40:72 0

3. КОЛО
Турција - Белорусија 12.01.
Белгија - Шведска 13.01.

4. КОЛО
Белорусија - Турција 15.01.
Шведска - Белгија 15.01.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВЧЕРА СЕ ПОДГОТВУВАШЕ ВО ЕСТОНИЈА
Македонија по три од три
Машката сениорска репрезентација денеска на гостински терен во Кера, Естонија, ќе се обиде да стигне до неопходната трета победа во претквалификациите. Меч од исклучително значење затоа што само со победа може да дојде до позиција за рамноправен двомеч со фаворитот Чешка.


ЕСТОНИЈА - МАКЕДОНИЈА 18:00

Сала:"Кера Споридхоне" во Кера, Естонија.

Судии: Едуард Борисов и Олег Тарасиков од Русија

Делегат: Хесус Гереро од Шпанија

Македонската сениорска репрезентација денеска, во 18:00 часот, во Кера, Естонија, ќе го одигра третиот натпревар од претквалификациите за пласман на мундијалот кој следната година ќе се одржи во Германија.

Македонската репорезентација вчера пристигна во Естонија, имаше една слободна вечер колку да се одмори од патувањето, а вчера одржа два полесни тренинга за да ја зачува свежината за еден од најважните мечеви во преквалификацискиот циклус.

Атмосферата во нашиот табор според информациите кои ги добиваме од Естонија е добра, за среќа нема нови пехови и денеска целосно подготвени избраниците на селекторот Гино Стрезовски ќе треба да се појават на паркетот во битката за третата победа во претквалификациите, што би значело обезбедување на рамноправен дуел за пласман во баражот со топ фаворитот во групата, репрезентацијата на Чешка.

"Освен чекањето на аеродромот, с$ друго се минува во најдобар ред. Работевме час и десет минути на првиот тренинг во Талин, предвиден е уште еден полесен тренинг до мечот. Сите играчи се подготвени за игра, ќе настапиме во полн состав и со полна сила и верувам дека како победници ќе се вратиме во Македонија", изјави селекторот Стрезовски.

Од играчите кои отпатуваа за Естонија, еден ќе мора мечот да го следи од трибините:

"Не сум решил уште кој ќе биде изоставен од списокот, нека помине последниот тренинг, тоа ќе го решам дури пред натпреварот", изјави Стрезовски.

Без разлика што Стрезовски не сака да ги отвори картите од досега виденото играчот кој ќе остане на трибините најверојатно ќе биде еден од голманското трио. Веројатно Зоран Петковски, затоа што Петар Мисовски и Борко Ристовски имаа далеку позабележителни улоги на натпреварите со Кипар во воведните кола.

Македонија важи за фаворит на овој натпревар и мора да победи затоа што само на тој начин доаѓа до позиција рамноправно да се бори за првото место со Чешка, која во првите две кола двапати ја совлада репрезентација на Естонија.

За разлика од натпреварите со Кипар, Гино Стрезовски ќе има огромно засилување во составот во Кирил Лазаров, кој поради повреда ги пропушти дуелите со Кипар. Со него во составот македонскиот тим ќе биде далеку поквалитетен и поопасен во нападот. Од играчите кои ги имаше на располагање на подготовките, Кирил Атанасовски с$ уште не заздравил од повредата, а во Естонија не отпатуваа Стојановиќ, Петровски и Недановски, кои беа во составот за мечевите од првите две кола. Натпреварот почнува во 18:00 часот, а ќе има директен пренос на Македонскиото радио.

Р. Ѓамовски


НЕ МИНАЛО С$ БЕЗ НЕРВОЗИ

Пет часа чекање за виза

Македонските репрезентативци пет и пол часа чекаа за виза на аеродромот во Талин. Сето ова, без скриени намери, едноставно, таква била процедурата за влез во Естонија и македонските ракометари мораа да чекаат.

Првиот тренинг репрезентацијата го одработи во Талин, а дури синоќа требаше да ја "запознае" салата во Кера, каде денеска ќе се одигра натпреварот.



КВАЛИФИКАЦИИ ЗА БАРАЖ ЗА СП 2007

ГРУПА 1

3. КОЛО
Италија - Бих 12.01.
Холандија - Грција 12.01.

4. КОЛО
БиХ - Италија 14.01.
Грција - Холандија 15.01.

ТАБЕЛА
1. Грција 2 2 0 0 57:43 4

2. БиХ 2 1 0 1 56:55 2

3. Холандија 2 1 0 1 55:56 2

4. Италија 2 0 0 2 43:57 0


ГРУПА 2

3. КОЛО
Бугарија - Израел 11.01.

Финска - Австрија 11.01.

4. КОЛО
Израел - Бугарија 15.01.

Австрија - Финска 14.01.

ТАБЕЛА
1. Австрија 2 2 0 0 70:50 4

2. Финска 2 1 0 1 54:51 2

3. Израел 2 1 0 1 51:54 2

4. Бугарија 2 0 0 2 50:70 0



ГРУПА 3

3. КОЛО
Естонија - Македонија 11.01.
Кипар - Чешка 14.01.

4. КОЛО
Македонија - Естонија 15.01.
Чешка - Кипар 15.01.

ТАБЕЛА
1. Македонија 2 2 0 0 65:43 4

2. Чешка 2 2 0 0 61:45 4

3. Естонија 2 0 0 2 45:61 0

4. Кипар 2 0 0 2 43:65 0



ГРУПА 4

3. КОЛО
Летонија - Романија 11.01.
Луксембург - Литванија 11.01.

4. КОЛО
Романија - Летонија 15.01.
Литванија - Луксембург 15.01.

ТАБЕЛА
1. Романија 2 2 0 0 71:35 4

2. Летонија 2 1 0 1 56:53 2

3. Литванија 2 1 0 1 53:56 2

4. Луксембург 2 0 0 2 35:71 0



ГРУПА 5
3. КОЛО
Турција - Белорусија 12.01.
Белгија - Шведска 13.01.

4. КОЛО
Белорусија - Турција 15.01.
Шведска - Белгија 15.01.

ТАБЕЛА
1. Шведска 2 2 0 0 72:40 4

2. Белорусија 2 2 0 0 67:53 4

3. Белгија 2 0 0 2 53:67 0

4. Турција 2 0 0 2 40:72 0


МАКЕДОНИЈА
Борко Ристовски Голман
Петар Мисовски Голман
Зоран Петковски Голман
Стево Алушевски Л. Крило
Иван Телепњев Л. Бек
Филип Лазаров Л. Бек
Бранко Ангеловски Л. Бек
Филип Миркуловски С.Бек
Наум Мојсоски С.Бек
Марјан Колев С.Бек
Кирил Лазаров Д.Бек
Лазо Мајнов Д.Бек
Александар Јовиќ Д.Крило
Ванчо Димовски Пикер
Левко Наумовски Пикер
Селктор: Гино Стрезовски
Тренер: Илија Темелковски

Естонија
Мариус Алексејев Голман
Микола Наум Голман
Индрек Лилсо Десно Крило
Кристијан Муга Десно Крило
Кристо Јарве Десен Бек
Ристо Леп Плејмејкер
Раво Вусалу Лев Бек
Роман Глинкин Лев Бек
Маит Патраил Лев Бек
Јанар Маги Лев Бек
Валдар Нодла Плејмејкер
Мартин Нодла Плејмејкер
Кристијан Јарв Плејмејкер
Јан Кауге Плејмејкер
Прит Коцар Лево Крило
Мариус Леп Пикер
Его Рајнер Пикер

ГОЛЕМ ХЕНДИКЕП ЗА ХРВАТСКА ПРЕД ЕП
Лацковиќ повреден


Еден од најдобрите хрватски ракометари, Блаженко Лацковиќ заработи повреда на еден од тренинзите и извесен период ќе мора да мирува. Лацковиќ во судар со еден од соиграчите на тренинг заработил голем повреда на коленото и веднаш бил префрлен во болница. Докторите се надеваат дека ќе биде подготвен за настап на ЕП, но што точно ќе се случува со него ќе се знае за ден или два
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Anonymus1 напиша:
Пет часа чекање за виза

[/B]Македонските репрезентативци пет и пол часа чекаа за виза на аеродромот во Талин. Сето ова, без скриени намери, едноставно, таква била процедурата за влез во Естонија и македонските ракометари мораа да чекаат.

Првиот тренинг репрезентацијата го одработи во Талин, а дури синоќа требаше да ја "запознае" салата во Кера, каде денеска ќе се одигра натпреварот.
Нормално - се работи за Европска Унија а не за шала. :wink:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
РЕМИ РАМНО НА КАТАСТРОФА НА МАКЕДОНСКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Се избламиравме во Естонија
По седумте гола предност кои ги имавме во првиот дел, во второто полувреме се коцкавме со с$ што имаме и загубивме и бод и се чини пласман во баражот затоа што по оваа бламажа на Македонија во Кера, сега на Чешка и треба само една победа за да не елиминира од трката по баражот.

ЕСТОНИЈА - МАКЕДОНИЈА 30:30 (13:20)

Сала: "Споридхоне" во Кера, Естонија. Гледачи: 300 Судии: Борисов и Тарасиков од Русија, делегат: Гереро од Шпанија

Естонија: Алексејев, Наум, Лилсо, Муга, Јарве, Р. Леп, Восалу, Глинкин, Патрил, В. Нодла, М. Нодла, Јарв, Кауге, М. Леп,

Седмерци: Исклучувања:

Македонија: Ристовски, Мисовски, Ф. Лазаров, К. Лазаров, Миркуловски, Мојсоски, Наумовски, Алушевски, Димовски, Јовиќ, Телепњев, Ангеловски, Колев, Мајнов

Седмерци: Исклучувања:

Избраниците на Гино Стрезовски, а и тој самиот ќе имаат многу што да си кажат и за многу што да размилуваат по мечот од третото коло во претквалификациите за пласман на СП 2007.

Македонија која по првото полувреме на мечот против Естонија во Кера имаше предност од 7 гола разлика во второто се коцкаше и со резултатот и со пласманот во баражот и на крајот одигра само нерешено. Овој загубен бод на Македонија ја носи Чешка во доминантна позиција во нашата група. На Чесите кои сигурно двапати ќе го совладаат Кипар, ќе им треба само една победа над Македонија во меѓусебните дуели за да се пласира во бараж квалификациите. Сите шанси за рамноправен меч со нив ги загубивме во второто полувреме во Кера.


Хроника:

4' (3:1) Естонија подобро го почна натпреварот и успеа во воведните минути да диктира темпо и оствари позитивен резултат.

9' (8:6) Македонија ја стабилизира играта, но по неколкуте изедначувања Естонија повторно дојде до плус два позитива.

15' (8:10) Стрезовски го стави во игра Миркуловски над кого веднаш беше направен седмерец, Ристовски одбрани неколку шута и Македонија ја презеде иницијативата.

22' (9:14) Кире Лазаров има свое гол-шоу. Постигнува голови во серија и Македонија доаѓа до плус пет.

25' (11:16) Естонскиот селектор се обидува со тајм-аут да ја прекине доминацијата на Македонија.

29' (13:20) Македонија продолжува да игра одлично во одбрана и успева да стигне до плус седм гола разлика по 30 минути игра.

37' (17:24) Македонија играше солидно во првите седум минути

45' (21:25) Први знаци на катастрофата која се чини во тој момент никој не ги протолкува

52' (25:27) Стрезовски бара очајнички тајм аут за да го запре налетот на домашните

55' (28:28) Се што беше направено во првиот дел отиде неврат

58' (29:30) Трошка надеж дека можеби со цел плен ќе се вратиме назад

60' (30:30) Печат на катастрофалното второ полувреме и веројатен крај на надежите за пласман во баражот.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
ПО РЕМИТО НА МАКЕДОНСКАТА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ЕСТОНИЈА
Бараж во рамките на теоријата
Ремито на македонската репрезентација во третото коло во Кера го доведе пласманот во баражот во рамки на теоријата. Македонија за пласман во плеј-оф разигрувањето сега ќе мора во Македонија да ги совлада Естонија и Чешка и по тоа во Плзен да стигне најмалку до бод против фаворитот во групата.



Ден по одигрувањето на натпреварот во Кера, меѓу селекциите на Македонија и на Естонија, кој заврши нерешено, 30:30, во таборот на македонската репезентација с$ уште "висат" прашалници за тоа што се случуваше во последните 20 минути од натпреварот. Период во кој Македонија успеа да прокоцка предност од осум гола разлика против противник кој и покрај должниот респект не е ништо повеќе од просечна екипа.

Многу прашања останаа отворени, а одговор засега никој нема.

"Не смеевме да дозволиме ваков кикс", видно разочаран коментира селекторот Гино Стрезовски. "Требаше да ги 'згазиме', имавме 8 гола предност во второто полувреме. Како дојде до толку голем пад во играта, како успеавме да го искомплицираме натпреварот не ми е јасно. Се обидував со промени на играчи на позиции, ништо не одеше. Едноставно целата екипа застана. Можеби требаше да му дадам шанса на Телепњев... јас по тоа разговарав со него. Тој ќе ја добие својата минутажа. Не знам. Сметав на тоа дека играчите кои ја направија разликата ќе можат да издржат до крај. Грешеа, но тоа се проверени играчи, јас бев убеден дека ќе се 'дигнат', дека ќе се вратат во натпреварот. Не се случи тоа", вели Стрезовски.

Следи кратка анализа на играта на нашиот состав...

"Отсекогаш репрезентацијата кај нас се темелела на еден играч. Порано тоа беше Манасков, сега е Кире Лазаров. Тоа ќе мора да се промени во следниот период. Ќе мора сите да даваат придонес, тоа е единствениот начин да тргнеме напред. За овие претквалификации немав време да менувам многу во навиките, но сигурно откако ова ќе се заврши ќе има промени. Ќе разговарам со некои играчи, ќе видиме што ќе биде натаму. Не сакам сега во овој момент да зборувам за големи играчки промени и резови, но сигурно е дека нема да остане вака како што е сега", вели Стрезовски.

Шансите сега се сведени во рамките на теоријата...

"Мораме против Чешка да освоиме минимум три бода. Од разговорите со челнците на естонската федерација добивме информации за следниот противник. Чешка според нив не е толку силна репрезентација, велат дека ако против нив играле како против нас, сигурно ќе ги победеле. Не се фаќам за сламка, наша единствена шанса да дојдеме до баражот е да ги победиме во Скопје и по тоа да стигнеме најмалку до реми. Но, ние с$ уште немаме касета од нивната игра и не можеме на вистински начин да се подготвиме", заврши Стрезовски.

Репрезентацијата на Македонија денеска треба да пристигне во Скопје и веднаш заминува за Охрид каде в недела ќе се одигра возвратниот натпревар со репрезентацијата на Естонија.

Р. Ѓамовски


СЕ ОСТВАРИЈА НАЈЛОШИТЕ ПРОГНОЗИ

Фрактура на ногата на Мојсоски

Најлошите прогнози кога е во прашање повредата на Наум Мојсоски се остварија. Се работи за фрактура на ногата на Мојсоски и тој по враќањето во Македонија ќе мора на операција за да може што побрзо да се врати на теренот. Како и да е, Мојсоски ги пропушта дуелите со Естонија и Чешка, подготовките на Вардар и можеби почетните кола од пролетниот дел од шампионатот.



КВАЛИФИКАЦИИ ЗА БАРАЖ ЗА СП 2007

ГРУПА 1

3. КОЛО

Италија - Бих 12.01.

Холандија - Грција 12.01.

4. КОЛО

БиХ - Италија 14.01.

Грција - Холандија 15.01.

ТАБЕЛА

1. Грција 2 2 0 0 57:43 4

2. БиХ 2 1 0 1 56:55 2

3. Холандија 2 1 0 1 55:56 2

4. Италија 2 0 0 2 43:57 0


ГРУПА 2

3. КОЛО

Бугарија - Израел 23:30

Финска - Австрија 33:31

4. КОЛО

Израел - Бугарија 15.01.

Австрија - Финска 14.01.

ТАБЕЛА

1. Австрија 3 2 0 1 101:83 4

2. Финска 3 2 0 1 77:82 4

3. Израел 3 2 0 1 81:77 4

4. Бугарија 3 0 0 3 73:100 0



ГРУПА 3

3. КОЛО

Естонија - Македонија 30:30

Кипар - Чешка 14.01.

4. КОЛО

Македонија - Естонија 15.01.

Чешка - Кипар 15.01.

ТАБЕЛА

1. Македонија 3 2 1 0 95:73 5

2. Чешка 2 2 0 0 61:45 4

3. Естонија 3 0 1 2 75:91 1

4. Кипар 2 0 0 2 43:65 0



ГРУПА 4

3. КОЛО

Летонија - Романија 32:34

Луксембург - Литванија 19:30

4. КОЛО

Романија - Летонија 15.01.

Литванија - Луксембург 15.01.

ТАБЕЛА

1. Романија 3 3 0 0 105:67 6

2. Литванија 3 2 0 1 83:75 4

3. Летонија 3 1 0 1 88:87 2

4. Луксембург 3 0 0 3 54:101 0



ГРУПА 5

3. КОЛО

Турција - Белорусија 12.01.

Белгија - Шведска 13.01.

4. КОЛО

Белорусија - Турција 15.01.

Шведска - Белгија 15.01.

ТАБЕЛА

1. Шведска 2 2 0 0 72:40 4

2. Белорусија 2 2 0 0 67:53 4

3. Белгија 2 0 0 2 53:67 0

4. Турција 2 0 0 2 40:72 0
 
Член од
12 јануари 2006
Мислења
313
Поени од реакции
0
Anonymus1 напиша:
Македонија го освои првото место на турнирот во Португалија по победите над домаќинот Португалија, ремито со Египет и победата над Холандија. Сето ова е добра увертира пред бараж натпреварите со Унгарија.
BRAVO! Ti si za rakomet! Sportist!:pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
хммм... Филип? Што требаше да значи постов? Демек дека изгубија па не знам шо пишувам? Ако знаеш подобро еве бујрум напиши.
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
аман више, до кога ке киксираме у сите спортови
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Репрезентацијата на Македонија во Охрид ја совлада селекцијата на Естонија со резултат 44-28, со што си отвори пат со освоени 3 поени против Чешка да го освои првото место во групата. Играта во првиот дел била проследена со многу осцилации, додека во вториот личела на нашата препознатлива игра. Според селекторот на естонците ако играме против Чешка, како нив во второто полувреме сигурно ќе ги победиме во двата натпревари.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
МАКЕДОНИЈА ЈА "ПРЕГАЗИ" ЕСТОНИЈА ВО РЕВАНШ НАТПРЕВАРОТ ОД ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СП 2007 СО 44:29
Можело да се игра и вака
Најдобриот дел од играта на репрезентацијата под водство Гино Стрезовски се случи во второто полувреме од мечот кога Естонија беше прегазена и беше покажана разликата во квалитет.

Македонија конечно успеа да одигра во вистинско светло и да победи со високи 44:29 против Естонија. Во натпревар во којшто и пред почетокот бевме фаворити ни требаа 30 минути да се пронајдеме вистински, а селекторот Стрезовски да ги најде вистинските седум ракометари кои ќе донесат победа.

Откако во игра се најде Петар Мисовски се измени целата игра. Успеа да одбрани 15 топки што беше доволно за да се направи комплетно ново лице на оваа репрезентација која покажа дека, сепак, уште не е ништо загубено и во текот на оваа недела ќе се очекуваат нови добри резултати.

Како што се движеа работите клучните моменти се случија во вторите 30 минути. Додека во првото полувреме како да се играше во грч после резултатот од средата кога ремизиравме со 30:30, во вториот дел беше сосема друга игра. Многу течно во нападот, со добра ефикасност се загрозуваше голот на противникот, па без проблеми успеавме да стигнеме многу рано до висока предност, така што во финишот беше с$ јасно и без никакви проблеми се стигна до највисоката победа во овие квалификации.

На тој начин Македонија остана во трка за првата позиција против Чешка и останува во среда и во сабота да се обиде да стигне до барем три бода коишто ќе значат и место во баражот на патот кон Светското првенство во Германија во 2007 година.

Р. Ѓамовски

МАКЕДОНИЈА - ЕСТОНИЈА 44:28 (20:18)

Сала: СРЦ "Билјанини извори" во Охрид. Гледачи: 2000. Судии: Хачик и Отапка од Словачка. Делегат: Антонопулос од Грција.

МАКЕДОНИЈА

Мисовски 14 одб., 1 сед
Ристовски 8 одб.
Миркуловски 4/5
Мајнов 1/2
Алушевски 8/8
К. Лазаров 12/19
Ангеловски 0/2
Телепњев 3/5
Колев 2/2
Јовиќ 2/4
Димовски 4/9
Ф. Лазаров 0/4
Недановски 2/3
Стојановиќ 6/6
Седмерци: 5/6
Исклучувања: 10 мин.
Технички грешки: 10

ЕСТОНИЈА
Алексеев 5 одб., 1 сед.
Наум 14 одб.
В. Нодла 2/6
Р. Леп 3/4
Глинкин 1/10
М. Леп 2/3
Восалу 2/2
Лилсо 6/8
Сок -
Јарве 3/9
Патрал 0/3
Калуге 2/4
Муга 2/6
М. Нодла 6/10
Седмерци: 1/2
Исклучувања: 10 мин.
Технички грешки: 13

ИЗЈАВИ:

ГИНО СТРЕЗОВСКИ (СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА):
"На овој меч се виде дека немаме константна игра. Во првото полувреме игравме со многу падови и променливо, додека во вториот дел покажавме дека можеме да изиграме квалитетно. За натпреварите со Чешка очекувам да бидеме посилни барем за 20 насто и евентуално за реваншот да го имаме Атанасовски. Сакам да и се заблагодарам на охридската публика, но не и на домаќинот кој не ни овозможи услови за работа, па место предвидените четири имавме само еден тренинг".

РАДЕ СТОЈАНОВИЌ: "Сакам да им честитам на соиграчите за борбеноста. Покажавме дека сме за класа подобар противник од Естонија. Што се однесува до мене задоволен сум од играта. Изоставувањето на претходниот меч не влијаеше на мене и подготвен сум на секој дуел да дадам максимум".

РИНО БРУНСТЕР (СЕЛЕКТОР НА ЕСТОНИЈА): "Ако Македонија против Чешка одигра како во второто полувреме против нас сигурно ќе победи на двата натпревари. Во вториот дел нас ни се случи истото што и се случи на Македонија во Кера. Нашиот голман слабо бранеше, а противникот одигра добро и заслужено победи".



Проблеми со салата

Македонската репрезентација имаше многу проблеми за време на претстојот во Охрид. Салата не беше загреана за време на нивниот претстој. Поради студот селекторот Стрезовски реши да не ризикува, евентуални повреди, па ги откажа повеќето тренинзи. Проблеми имаше и на денот на натпреварот. На 30 минути пред почетокот не беше вклучено светлото и греењето. Вратите за навивачите беа затворени речиси до пред почетокот на мечот, немаше опфицијална најава на составите... Причината за ова се несредните односи на релација Охрид - РФМ.
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Македонија во првиот натпревар во Скопје вчера ја порази селекцијата на Чешка со 36-31, со што го направи првиот чекор кон освојувањето на првото место кое води во баражот. Натпреварот и не почна така сјајно за нашите репрезентативци кои на почетокот мораа да бркаат позитива на гостите кои со ова покажаа дека се нималку наивен противник, но сепак се останува да биде решено во сабота во Плзен во реванш натпреварот каде нашата селекција треба да освои барем еден бод за да заврши како прва во нашата група.
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.973
Поени од реакции
178
Го гледав натпреварот беше навистина интересен!Добра утакмица но Чесите се јаки па дали имаме таму некакви шанси ке видиме!

П.С Кога игра Македонија во Чешка на гости?
 
Член од
6 февруари 2005
Мислења
1.952
Поени од реакции
14
Во сабота во Плзен мислам дека е во 17.30ч за потврда утре.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom