Македонска ракометна репрезентација - (жени)

Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
Пак не укапирав која е поентава на многу подмладениов состав. Се вежбаат кадеткиве/јуниоркиве за престојново СП? Сепак на сениорките ќе им треба повеќе искуство и собири, поготово пред ЕП.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
Ќе иде некој да ги гледа кадеткиве во сала? :D

Инаку во групата со која вкрстуваме, Шведскиот селектор бил уапсен и нема да ја води Шведска на СП. А Црна Гора доаѓа без две-три ракометарки на првенството. Нека ја искористат ситауцијата девојките до максимум. 1/4-финале е лесно достижно.
 
Член од
4 јануари 2016
Мислења
119
Поени од реакции
216
Најверојатно ќе ја чува за во главна фаза против европските екипи, вчера само за пенали влезе.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.377
Поени од реакции
6.925
Најверојатно ќе ја чува за во главна фаза против европските екипи, вчера само за пенали влезе.
Има реално логика ова, сепак е млада и вакво темпо на турнир може да е проблем за некој на нејзина возраст. А искрено и не само неа туку и другите поважни играчи јас би ги штедел што повеќе против вакви екипи. Клучните натпревари почнуваат понатаму.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
Некако без многу труд се играше засега, поготово она прво полувреме со Узбекистан. Нема везе, очекувам дека ќе ги победиме Иран убедливо.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.842
Поени од реакции
7.311
Каква партија пружија против Шведска девојчињава секоја чест! :bravobe:
Од прва до последна минута борбено изиграа,буквално "машки" изгинаа и оставија срце на терен.
ИВА МЛАДЕНОВСКА!!!:uzi:
Запамтете го сите ова име,ваков талент не памтам кога сме имале во било кој спорт,можеби најголем талент после Лазаров,само 15 години има девојчево и игра со 3 години постари од неа,топ има во раката,за храброста да не зборувам,можат десните бекови од машката репрезентација да учат од нејзе.
Генерално одлично изиграно и голем бод против Шведска,ветува многу оваа генерација,одиме во петок на победа против Исланд и пласман во четврфинале.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.244
Поени од реакции
6.463
Јас не следам женски ракомет доволно, па и веројатно сум доста субјективен. Но, и јас го делам истото мислење дека Ива Младеновска е веројатно нај талентираниот играч кој се појавил во независна Македонија, барем што се однесува до суров талент.

Сите предиспозиции да стане одличен играч ги има, останува да видиме колку е спремна да вложи во себе, да направи прав избор што се однесува до клупската средина и да ја одбегнат повреди.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.120
Поени од реакции
3.888
Ауу кое напнување беше утакмицава. Омалаксав од дерење! Мислам дека не беше ова најдоброто. Доста грешеа, ама се бореа - факт! Публиката беше трн во око (може и пекол, со 15-20% капацитет исполнет... а тек да беше скроз фул) на Швеѓанкиве и родителите им. Мислам дека Савевски ја усра утакмицата со тоа што не знаеше кога да бара тајм-аут. Тоа испаѓа како најголем проблем на тренериве/селекториве, затоа што не ги познава психолошки играчиве. Шведска беше печена да падне! Ама и бод е ок. Победа над Исланд (ги победивме лани во Литванија) ни дава прво место и евентуално четврт-финале со Египет, што би било идеално во походот по медал! Вакви шанси ретко се пружаат, се надевам дека ќе го победиме Исланд - иако ги добија Шведска, послаб тим се од нив.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.012
Поени од реакции
9.799
Јас не следам женски ракомет доволно, па и веројатно сум доста субјективен. Но, и јас го делам истото мислење дека Ива Младеновска е веројатно нај талентираниот играч кој се појавил во независна Македонија, барем што се однесува до суров талент.

Сите предиспозиции да стане одличен играч ги има, останува да видиме колку е спремна да вложи во себе, да направи прав избор што се однесува до клупската средина и да ја одбегнат повреди.
Каде игра девојчето? Од која школа е излезена?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom