Солидна репрезентација се ако се земе во предвид дека играа без пикер и лево крило вчера. Трагикомично е колку е тромава и неспретна Гакидова на линија, а уште посмешно е што кога во еден напад на Исланд не успеа да се замени во одбрана, ја пуштија на крило, пикер да чува крило . Исто, левото крилце од Куманово, освен ако не дала некој од последните два гола зошто исклучив, во кадар влезе само кога и падна топката од раце при залет во чиста ситуација за гол и кога заменувајќи се во одбрана се треснаа со една Исланѓанка кај клупите. Бачко и Ристовска се единствени со висок квалитет во тимот, Сара ако продолжи може да застане и рамо до рамо со Вале Радуловиќ како најдобри ракометарки родени во Македонија, без да ги рачунаме увезените. Гичевска е надежна исто така, а се надевам денес или утре против Грција ќе ја пушти во игра и Андреа, ќерка му на Гоце Седлоски, само што наполни 18 години, од летото е во Локомотива во Хрватска, ја најавуваа како доста талентирана.
Што се случи со Керамичиева? Кога се пласираа на младинско ЕП пред некоја година беше убедливо најталентирана ракометарка, во последно време ич не ја гледам во состав, повреди ја бутнаа или класичниот македонски синдром?
Без разлика на обезбедениот бараж, таму немаме шанса против било која репрезентација и да се паднеме. Пласман на првенство нема да видиме уште долго време, освен идната година што сме ко-домаќини на ЕП ако не се лажам со Словенија и Црна Гора.