Македонска ракометна репрезентација - (жени)

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.985
Се играат квалификации за СП викендов во Борис Трајковски. Не знам дали се плаќа карта или не, ако отидам утре на утакмицава ќе пишам :D

Нашите ракометарки се во група со Исланд,Турција и Азербејџан.

Утре и задутре ќе се игра мечот на нашите ракометарки од 20 часот, а денеска се играше од 18.

Победивме 41-22 против Азербејџан.

Само првата екипа оди понатаму.

Утре играме против Исланд

@Види Фотос Да не знаеш дали ќе се даваат мечевиве на Телма?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.985
Во баражот за Светското ќе играме против Словенија.

Првиот меч ќе се игра крај на мај-почеток на Јуни, а реваншот во Словенија ќе се игра 3 дена подоцна.

Словенија на послдново ЕП во Франција во навистина тешка група заврши на четвртото место и не ја помина групата само поради поразот во (тоа што на крај се испостави да биде) директниот меч за третото место ( со Црна Гора.

Еве ги резултатите на Словенките на ЕП:


Пораз против Црна Гора 36-32

Пораз против Франција 21-30

Победа против евентуалниот вице-шампион Русија 29-27

Се на се, Словенките се фаворитки и по некоја логика би требало да не поминат без ептен проблеми ама...би рекол дека ова е одличен тест за нашите ракометарки и супер шанса да се проверат до каде се.[DOUBLEPOST=1545957183][/DOUBLEPOST]Ако некој повеќе прати женски ракомет нека пише збор-два за словенкиве
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.839
Поени од реакции
3.292
Имаат нашиве добра шанса да заиграат на СП. Словенија беше најповолен противник од сите останати. Нека ја чуваат само Ана Грос.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.505
Што очекувате бе луѓе од нашиов женски ракомет... Поранешниот селектор Владимир Глигоров вози такси (по втор пат). Ете, толку сме ние "ракометна" земја.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom