Добар натпревар и испишана историја на македонскиот спорт , овој успех според начинот на кој е остварен за тие кој знаеме како функционира одбојката, на чист ентузијазам, со еден професионален клуб, но и со тренер кој веќе горе е споменат кој е чудотворец во вакви услови да извади вакви играчишта, освен еден играч сите кои се на теренот поминале низ неговата школа и ментерство, е дефинитивно без никакви преувеличувања е еден од убедливо најголемите подвизи во македонскиот спорт генерално, вреди да се симне капа на секој што периодов беше дел од оваа приказна.
Што се однесува до самиот натпревар денес беше одигран брилијантно, како што пишав и погоре ние сме класа за црногорците и со поддршка од публиката нема што да барат на натпреварот, така и беше, а денес уште еднаш позитивно изненади и секоја чест за Филип Савовски, оние кои ги знаат неговите почетоци многу добро знаат каков беше на почеток од кариера, повлечен, тромав, едвај со сервис достигаше до мрежа, до прав ѕвер, најголема трансформација на еден играч не во одбојката туку генерално во макспортот, денес сервисот убедливо најдобар, на мрежа изигира брилијатно, се на се една мала грешка кога реагираше пребрзо на мрежа наместо да дозволи топката да падне во поле да одиграме брза контра, маестрален, токму таков профил на играч ни фали во цела историја на одбојката како спорт, другите сите изиграа маестрално, посебно на последниве натпревари исто така овие натпревари над своите перфоманси во репката вреди да се истакне индивидуално Шаби, се надевам и со посериозните репки ќе биде на исто ниво.
Самата организација за делот околу публиката реално можеби маркетиншки не била толку добро покриена ете, но што би требало да се дознае посебно најави дека се игра ЕП на еден од најпопуларните споротиви (колку и кај нас да не е) во твојата држава, денес повеќето не ни знаеа дека има одбојка на жал, многу време се припремаа за да организират и тоа требаше да биде кулминација за популаризирање на одбојката и затоа по секоја цена се одбра Скопје, да сакаа публика ќе си играа Струмица и салата ќе беше премала а и така денеска поголемиот дел од салата бевме струмичани, но од друга страна и начинот на кој се доживува репрезентацијата е поинаков, струмичани многу добро ги познаваме дечките кои играат, кои се и какви се вон теренот, другари, мангупи, патриоти, нормално е емоциите кај струмичани се дополнително поизразени кон тој колектив, сепак не може исто да ја доживее некој од Скопје, Битола или Прилеп кој нема никаква поврзаност со одбојка или некој од Струмица, кој секако има барем еден близок ако не и повеќе што се дел од играчите на терен.
Денес не беше пак исполената салата до последно место, пак имаше дел празен, но имаше и тоа како доволно публика со две преполни трибини да се направи сјајна атмосфера, колку што одбојката дозволува дека не е спорт кој може баш навивачки да се испрати во целост, цела Струмица денес беше собрана во Скопје
.
Целата приказна дефинитивно е една од најубавите во македонскиот спорт, после пауза од
немање репрезентација момците сами се молеа затоа што сакаа како успшени одбојкари да играт за Македонија, нивното патешествие во барање на спонзори, целиот подбив што го трпеа по првите успеси во Златната одбојкарска европска лига , патување со расипани автобуси низ цела Европа, до тоа да играат 1/8 финале без притоа ништо посебно да напредне во спортот е неверојатно остварување , токму сите тие патешествија, целата таа борба која самите играчи ја имаа да оформат репрезентација ги прави поинакви од другите, затоа овие момци стварно имаат енормни емоции кога го носат тој дрес и за нив тој навистина е светост, даваат максимум и повеќе од него, затоа и толку патриотски се однесуваат по секој натпревар, посебно делот кога се пееше химната по натпревар, ежење.
А сега овие натпревари кои остануваат во Скопје да ја добијат заслужената поддршка, да изгинат на терен, да се покаже струмичката дијаспора во Италија , па догодина у Струмица да се освои конечно и таа Златна европска лига и да се стави круна на успехот на оваа генерација на одбојкари кои направија чуда во спортот кој во Македонија огромното мнозинство од народот не знае ни дека постои ни дека се игра во државата.