Македонска одбојкарска репрезентација-мажи

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Денеска функционираше буквално се: прием, сервис, блок, смеч. Одличен натпревар буквално на сите. Се гледа дека се одлично спремни со 7 играчи играме цело време, а и добро психички подготвени што можеше да се види во двата сета кога се враќавме од негатива. Посебно покрај Тф и Љафта би го издвоил и Савовски кој имаше неверојатни 10 блока, ги излуде детето на Црногорците. И Владо Милев беше неверојатно корисен. Имаше мислам само една или две грешки од игра. Неверојатно корисен и благороден играч. Само за илустрација по којзнае кој пат колку е голем овој успех. Имаме една професионална екипа Струмица и друго се е полупрофесионално. И да е жив и здрав Чиро, кој прати одбојка знае за кој зборувам, кој ги создаде од никакви услови 90% од овие играчи.
Утре ревијален меч со Полска, да потпреме колку можеме па дај боже и да ги заебеме со некој освоен сет, па главното со Холандија и Чешка. Со силна поддршка сигурен сум дека Чешка паѓа, а и Холандија верувам дека ке падне. Оваа екипа пали на атмосфера
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
Добар натпревар и испишана историја на македонскиот спорт , овој успех според начинот на кој е остварен за тие кој знаеме како функционира одбојката, на чист ентузијазам, со еден професионален клуб, но и со тренер кој веќе горе е споменат кој е чудотворец во вакви услови да извади вакви играчишта, освен еден играч сите кои се на теренот поминале низ неговата школа и ментерство, е дефинитивно без никакви преувеличувања е еден од убедливо најголемите подвизи во македонскиот спорт генерално, вреди да се симне капа на секој што периодов беше дел од оваа приказна.

Што се однесува до самиот натпревар денес беше одигран брилијантно, како што пишав и погоре ние сме класа за црногорците и со поддршка од публиката нема што да барат на натпреварот, така и беше, а денес уште еднаш позитивно изненади и секоја чест за Филип Савовски, оние кои ги знаат неговите почетоци многу добро знаат каков беше на почеток од кариера, повлечен, тромав, едвај со сервис достигаше до мрежа, до прав ѕвер, најголема трансформација на еден играч не во одбојката туку генерално во макспортот, денес сервисот убедливо најдобар, на мрежа изигира брилијатно, се на се една мала грешка кога реагираше пребрзо на мрежа наместо да дозволи топката да падне во поле да одиграме брза контра, маестрален, токму таков профил на играч ни фали во цела историја на одбојката како спорт, другите сите изиграа маестрално, посебно на последниве натпревари исто така овие натпревари над своите перфоманси во репката вреди да се истакне индивидуално Шаби, се надевам и со посериозните репки ќе биде на исто ниво.

Самата организација за делот околу публиката реално можеби маркетиншки не била толку добро покриена ете, но што би требало да се дознае посебно најави дека се игра ЕП на еден од најпопуларните споротиви (колку и кај нас да не е) во твојата држава, денес повеќето не ни знаеа дека има одбојка на жал, многу време се припремаа за да организират и тоа требаше да биде кулминација за популаризирање на одбојката и затоа по секоја цена се одбра Скопје, да сакаа публика ќе си играа Струмица и салата ќе беше премала а и така денеска поголемиот дел од салата бевме струмичани, но од друга страна и начинот на кој се доживува репрезентацијата е поинаков, струмичани многу добро ги познаваме дечките кои играат, кои се и какви се вон теренот, другари, мангупи, патриоти, нормално е емоциите кај струмичани се дополнително поизразени кон тој колектив, сепак не може исто да ја доживее некој од Скопје, Битола или Прилеп кој нема никаква поврзаност со одбојка или некој од Струмица, кој секако има барем еден близок ако не и повеќе што се дел од играчите на терен.
Денес не беше пак исполената салата до последно место, пак имаше дел празен, но имаше и тоа како доволно публика со две преполни трибини да се направи сјајна атмосфера, колку што одбојката дозволува дека не е спорт кој може баш навивачки да се испрати во целост, цела Струмица денес беше собрана во Скопје :D:D.

Целата приказна дефинитивно е една од најубавите во македонскиот спорт, после пауза од немање репрезентација момците сами се молеа затоа што сакаа како успшени одбојкари да играт за Македонија, нивното патешествие во барање на спонзори, целиот подбив што го трпеа по првите успеси во Златната одбојкарска европска лига , патување со расипани автобуси низ цела Европа, до тоа да играат 1/8 финале без притоа ништо посебно да напредне во спортот е неверојатно остварување , токму сите тие патешествија, целата таа борба која самите играчи ја имаа да оформат репрезентација ги прави поинакви од другите, затоа овие момци стварно имаат енормни емоции кога го носат тој дрес и за нив тој навистина е светост, даваат максимум и повеќе од него, затоа и толку патриотски се однесуваат по секој натпревар, посебно делот кога се пееше химната по натпревар, ежење.

А сега овие натпревари кои остануваат во Скопје да ја добијат заслужената поддршка, да изгинат на терен, да се покаже струмичката дијаспора во Италија , па догодина у Струмица да се освои конечно и таа Златна европска лига и да се стави круна на успехот на оваа генерација на одбојкари кои направија чуда во спортот кој во Македонија огромното мнозинство од народот не знае ни дека постои ни дека се игра во државата.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.138
Поени од реакции
2.669

Добар е Савовски го гледав претходно во европскиве лиги, а сеа е уште подобар, им требаше ваков повисок играч. Иако многу поени добивавме на негов сервис и против Данска и против Црна Гора, ич не ги сакам таквите меки сервиси штп едвај доаѓа до нивно поле. Фактички им ја даваш топката многу лесно. Подруго е кога ќе ја сервираш јако, поголеми се шансите да згреши противникот. Ама како што кажав многу поени донесе таквиот сервис. Ма да црногорците се реално многу слаби, дур да организираат напад, нашиве веќе на блок сите наредени. Ова ќе биде обратно вечер со полјаците, друга димензија се. Милион блокови мислам ќе направат.
 
И мене не ми е по ќејф тој што го викам педерски сервис постојано на прва линија, ама врши работа, носи поени, на крајот од денот не се бројат атомските бомби од сервис на Љафтов и Ѓоргиев , туку поените кои се носат, а Савевски ова првенство донесе најмногу.
Ти го пратиш од натпреварите од Европска лига, јас го пратам од времињата кога уште играше во ОК Пробиштип, така да не знаеш каква разлика има од тогаш до сега во подобрување на неговата игра во секое можно поле.
 
Тоа ми е муабетот, многу несигурен сервис, а многу поени, реално ме чудеше:D
Супер што напредувал, има уште време за него.
Иначе колку години има дечкото? И кај игра сеа (како сите у Струмица) или излезе надвор?
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Ајде само напред! Кој е во сала вадете знамињата од Кутлеш!!!!
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Во осминафинале (кое уште не е сигурно) со Германија или Србија?!
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.530
Се сложувам едно 30-40% со тебе дека маркетингот беше тапа, под ниво и не беше добро направено се тоа.

Но, имаше последнава недела многу објави на фејсбук од новинари и спортски страници, плус и на вести имаше статија дека Полјаците повеќе карти купиле од нашите за да се мотивираат луѓево да земат.
Прегледај го приврзокот 389441

Имаше и еве автобуси а чинам и пар билборди.

Така да, од аспект на маркетинг беше опфатен интернет, телевизија и вистински живот :D
За македонски стандарди што повеќе?

Е сега тоа што во Македонија маркетингот е на очајно ниво и тоа што во маркетинг работат луѓе што пропаднале во други сфери од животот или се водат од "а бе да не ми стои дипломава од економски за џабе, ај ќе смислам нешто, ќе напраам еден плакат нека се дешава нешто" е друг муабет.

Не знаат да искористат Once in a lifetime шанса кога нешто битно се игра во земјава, да не зборам за женскиот ракомет пред некоја година кога имаше првенство..

Ама среќа играчиве се добри, па сами по себе ќе успеат некаков хајп да создадат и така ќе се создаде хајп.

Ама за наши стандарди, иако си во право дека не искористија максимално.. не е дека немаше се ова што наброја
Искрено како град домаќин очекував да има банери низ цела партизанска и автокоманда како влез у градот, да има и знамиња по светлечкиве столбови на репките што играат у градов, некоја тематска бина поставена у градски за дечиња содржина све тоа пропратено со Инста. Телевизија како медиум одамна е умрен.

Ама се сложувам дека маркетингот го работат пропали фаци од лично искуство со работење у маркетинг агенции.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.138
Поени од реакции
2.669
Од кај излегоа толку слаби данците, а јаки холанѓаните? Или такви си беа.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Полска 100 пати подобра од Холандија.
Утре против Чешка ќе игра Ѓорѓиев?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom