Македонска кошаркарска лига сезона 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011/12?


  • Вкупно гласачи
    183
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Немој некој Аеродромец да се пожалил на судии веќе, каква тројка му признаа на Гечевски...
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Дај му 3 дополнителни слободни нека фрла сеа и така не важат правила за нив !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Па ова последново е чист фаул кош,не зезај.
Знам де, алудирав на тројката на Гечевски, што не ја досуди, па сеа наместо едно можеше три дополнителни слободни да им даде..........
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.239
Поени од реакции
41.564
Џабе што се тиња судиите, тоа е стандард, денес ги отворија ко булка, мислев нашол некој лек Рајкович против МЗТ али јок бре, нула од тренер е, јаката конкуренција до оваа сезона го направи тренер него ... очигледно. Не верувам да ме демантира до крајов на серијава.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.103
Поени од реакции
5.760
ЛЕЛЕ КОМЕНТАТОРОВ ГО ИЗГУБИ ГЛАСОТ :pos::pos::pos:
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ова е срамота од натпревар.Знаат ли нашиве судии што е техничка или лична.

Месарон Чековски требаше 2ра четвртина да излезе со 5 лични, удирање со раме во противничкиот играч под кош не е градење туку лична.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Сите утакмици ги гледав годинава (што ги даваа на ТВ) и на крај неможам никако да најдам време за финалево да го гледам.:facepalm:
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Судиите се криви што Фени не си направи разлика додека не играше Гечевски ( 18 минути имаа де ). :icon_lol:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.058
Абе на Гечевски му свирнаа 3 фаули, а видовте колкава е разликата кога игра он и кога не игра?Видовте Гечевски колку се изнервира, Гечевски рипна да тепа судија ова прв пат го гледам.Ко мало дете се радуваше на секој кош и скокаше од клупа, а кога влезе, све кажа на терен, нема потреба од пишување.Ако на најдобриот играч на МЗТ за 5 минути му се судат 3 фаули и тоа 3тиот во напад, кој немаше веза од фаул, сите тези ви паѓаат во вода за лошо судење, дека кога неиграше он разликата на полувреме беше 4 или 6, за да на 5 минути до крај биде 30.Ако нешто беше смешно во оваа серија, а тоа беше предизвикано од судиите, тоа беше претходниот натпревар кога МЗТ беше домаќин, а утакмицата беше при крај, кога Мијајловиќ направи ролинг и сакаше топката да ја положи, мислам Лилов беше таму, не го ни допре свирнаа фаул, тоа беше единстевно смешно, другото е само барање на причина за пораз кај друг.

И овој Мамли на клупата на Фени претерува, за се и сешто станува на сред утакмица оди кај делегатот се буни, вика, незнам од кај толку кошаркарски експерт излезе дедето, ако може некој од Кавадарци да ни каже кој е тој.

И да бе, би сакал да прашам минатава кога ФЕНИ погоди толку 3ки, кога Дарко и со нога да шутираше, ќе погодвте и имавте по 20+, зошто тогаш судиите не беа виновни?Јасно му е и на Емил дека е послаб, дека едноставно неможат да се запрат Гечевски, Чековски, се почнува од нив и завршува кај нив.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Честито титула на фановите на МЗТ !
Догодина да гледаме по неизвесно првенство, со силен Работнички, со појачан Фени ...
И добро да се претстави во АБА лигата тимот на МЗТ, да не биде само залудно мавање во гради, и да не е едногодишен проект, кој ќе замре набрзо.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Богами догодина ќе има баскет. Работнички со Торус споен, или нешо слично, Рејнолдс, Докуз тренер. МЗТ уште поише ќе се појача, Фени исто така, Тасовски продужил за Лирија. Ќе биде интересно.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.697
Пошто ја отворив темава, време е да пишам и еден завршен пост :D
Нема да кријам дека многу ми е мило што титулата конечно заврши во Аеродром :icon_mrgr:
Фановите на МЗТ ја заслужија оваа титула, титула која многу одамна требаше да биде во витрините на клубот, но поради доминацијата на работнички во КФМ тоа не се случи...
Кој би рекол дека Грнчаров ќе биде првиот играч на МЗТ кој ќе ја подигне титулата :icon_mrgr:
МЗт не почна како што требаше. Иако победуваа сепак тоа беа тешки победи, а во првиот круг имаа и по неколку порази од директните ривали.
Составот не изгледаше толку силен се до доаѓањето на Гечевски :D
Оттогаш ДОМИНАЦИЈА...
Реално ретко кој во лигава може да му се спортистави на играч од овој калибар. Се кладам дека кај и да отидеше во екипиве што учествуваа во суперлигава, таа екипа ќе освоеше.
МЗТ не само што убедливо го освои првенството и купот, туку покажаа дека се класа над своите противници. ФЕНИ имаше солидна екипа но недоволно. Пријатно изненадување беше Лилов, а солидна сезона имаше и Симоновски. Кире Николовски истотака беше на ниво, иако во финалните мечеви се очекуваше многу повеќе.
Сосема заслужено ФЕНИ се најде на втората позиција.
После овие две екипи, следуваат Торус и Лирија. И двата тима имаа солидни состави, и двете екипи беа незгодни противници за сите, но сепак Лирија немаше одговор за ФЕНИ, додека Торус немаше среќа против МЗТ.
Од новите правила за млади кошаркари, се најдоа по неколку таленти како Стајиќ, Горјан Марковски, Крстевски итн...
Сепак според мене ова беше тотално промашен проект, и се надевам дека во иднина ќе има некое правило кое ќе го ограничи бројот на странците, а не правило кое им наложува на екипите да имкаат младинец во првите 20 минути во екипата :facepalm:
Куманово истотака имаше солидна сезона. Плус пеколот во салата им донесе многу победи над големите фаворити. Штета што не го задржаа и Јелисиевиќ инаку очекував да влезат во плејофот...
Работнички беше погоден од повредата на Мираковски, потоа финансиски колапс, па завршија на 6-тата позиција, мислам дека нивни најслаб пласман досега...
Имаа солиден тим едно време, ама по одењето на Тасовски паднаа во вода сите надежи.
Вардар изигра добра сезона. Радуле и Штерјов ја носеа екипата засилена со многу млади играчи, а и тимот на Кожуф си ја оствари целта - опстанокот...
За Аба нема што да се трошат зборови...

Не сум сигурен колку се искористија придобивките од 4-тото место на ЕП во Литванија. Се зголеми рекламата за мечевите, салите беа полни, сите навивачки групи се преориентираа од мртвиот фудбал на кошарката. Но реално иако очекувавме голем квалитет на лигата, сепак освен израмнетост во квалитетот, не висдовме нешто особено...

Секако финалето помина со стандардни селски препукувања и плукања по противникот, нешто што мора да се искорени...

МКФ имаше двојни стандрди, како и секоја друга федерација имаше двојни аршини кога се работи за Албанските навивачки групи...

Ех да освоеше МЗТ титула пред десетина години сигурно вечерва ќе бев во Аеродром. Уште ми се вртат муабетите со другари од средно што ќе се случува во Аеродром ако МЗТ земе титула :D
Затоа се радувам што титулата отиде таму, пошто знам колку се залагаа за групата и за тимот, пошто знам дека со години го чекаа моментов :icon_mrgr:
Можам да замислам што прават сега :icon_mrgr:
Поминав доста време подржувајќи го МЗТ, може сум и меѓу ретките од форумов што како мало дете се радувал на претходната куп титула во 2000 година. Уште бев мал па си гледав од дома, и знам дека го искршив креветот од радост :icon_lol:
Колку пати сум се карал со цело маало околу ривалтсвото на МЗТ и Работнички, и којзнае колку ремет сум изел низ тие години особено дур бев основно :D
Поминаа многу години, со тек на време поради преписките на навивачките групи, емоциите како да се избледеа, али сеуште ме радува секој успех на МЗТ, но не во толкав интензитет како порано кога бев ептен напален :D
Може јас сум бил малерот овие години :)
Фемили напредуваа бајаги во овие години и целосно ја заслужија титулата.
Уживајте момци, МЗТ е шампион, баталете ги злите јазици околу партиските муабети (y)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom