Македонска кошаркарска лига сезона 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011/12?


  • Вкупно гласачи
    183
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.651
Поени од реакции
70.648
Пошто не сретнав тема која се однесува за нашето првенство се решив самиот да отворам.
После успехот на кошаркарската репрезентација, наеднаш рипна интересот за Македонската кошарка. Многу повратници во тимовите, за жал и присуство на слаби кошаркари од соседството кои им фаќаат место на нашите млади кошаркари како и Американци со непознат квалитет.
Сезонава очекувам да биде врв. Не дека екипите се супер квалитетни, туку затоа што рамномерно се распоредени силите.
Има неколку тима што ќе се борат за титула и уште неколку кои се само малку зад нив.
Десет екипи годинава ќе настапуваат во најсилната лига.
МЗТ Скопје со шампионски амбиции како никогаш досега. Следната година ќе настапуваат во Јадранската лига, па уште годинава почнаа да прават тим.
Се очеклуваше многу од нив, но после вчерашниот пријателски меч со Торус, ќе кажам дека воопшто не ме импресионираа. Американците се со просечен квалитет, а тим во кој лидери треба да бидат Ристе Стефанов и Огнен Стојановски, сдефинитивно неможе да се издвои како некој кој што ќе се прошета во лигата. Сепак МЗТ е главен фаворит за титулата, особено заради огромната поддршка од целата населбна. Аеродром е во еуфорија, и очекувањата се големи. ОД другата страна тоа може да биде товар за кошаркарите...
Секогаш е тука и Работнички, најторфејниот Македонски клуб, кој ќе атакува на својата 15-та титула.
Како и во изминативе сезони до крајот не се знае каков тим ќе имаат. набрзина склопиле состав со искусни кошаркари (Богоев, Мираковски, Тасовски), и плус Брендон Кол, но ако не купат некој добар центар ќе им биде тешко годинава. Ги загубија ланските предводници Симиќ и Блажевски.
ИСта болка имаат и МЗТ, центарската позиција...
Работнички е блиску со квалитет со МЗТ, иако очекував Аеродромци да имаат многу појак состав. Одново ќе бидат неизвесни нивните меѓусебни дуели.
И двата Скопски ривали очекуваат уште по некое засилување, а и ростерите на тимовитње сеуште не се комплетирани.
Еве од билтенот на КФМ, кои се досегашните состави, но повторувам не се конечни.
http://www.basketball.org.mk/WBStorage/Files/reg_kom_Bilten_br_1.pdf

За титулата како и секогаш во последмниве години ќе се бори и Фени. Иако осетно ослабени во новава сезона, сепак и Кавадарчани се на слично рамниште со Скопските клубови, но за годинава им давам мали шанси за титула. Самарџиев и Ѓуров веќе не се оние старите, Соколов си е просечен, а може да изненадат само ако го задржат Кире Николовски, додека се очекува и нешто од Симоновски.
Се шпекулира дека фени и МЗТ имаат борба за Гечевски. Ситуацијата може многу да се смени, ако Гече го облече дресот на некој осд овие два тима.
Кругот на фаворитите го заокружувам со уште еден Скопски тим, Торус.
Торус вчера воодушеви на пријателсјката со МЗТ, па почнав да се двоумам дали да ги ставам нив за ГЛАВНИ ФАВОРИТИ! Трајковски цар, се чудам зошто не беше земен за репрезентација иако константно игра одлично.
Димчевски покажа зошто беше земен за репрезентација, а Караџовски и младиот крстевски уште како ја пополнуваат екипата. Караџовски мотор на тимот...
Исто и тој Амерот Тарнер не е лош... Тука е и ланскиот МВП Блажевски. Искусниот Перо како и младиот Караколев само го прави уште пострашен тимот на Торус!

Од зад грб сериозно ќе атакува екипата на Лирија. Ништо чудно и они да бидат шампиони. Надополнети со Филиповиќ, со Симиќ, со Аврамовски а многу веројатно и со Јане Петровски, Лирија има одличќен тим. Тука е и Американецот Џејмс Лајф, како и играчот од Доминиканската република, Карлос Морбан.
Морбан е фуриозен играч. Во Вардар газеше, а и лани во Лирија остѕави одличен впечаток.
Лирија е скоро најсолидна под кошевите...

Најслаби во лигата се убедливо Овче Поле. Не им давам никакви шанси...
Тука негде се и Кожув, како и АБА Струмица, мада Струмичани лани солидно парираа во лигата...
Плус сеуште се некомплетни...
Кумановци истотака имаат добар состав, а тука негде е и Вардар.
Не сум запознаен многу со составот на Куманово, пошто мислам дека повеќето се Срби, али можам да кажам збор два за Вардар.
И Вардар има солиден состав. Плејмејкер е Ангел Тасевски, а со Лирија се води и борба за јане Петровски. Јане и Ангел би биле одлична плејмејкерска двојка. На тренинзи бил гледан и Александар Димитровски, ама незнам дали ќе потпише и он...
Тука се радуловиќ и Штерјов, како и Кралевски кој некогаш играше во Работнички.

Не очекува интересна сезона, која стартува веќе од следниот викенд;)

Бтв Работнички е освојувач на првата титула годинава земајќи го суперкупот притоа совладувајќи го Фени сред Кавадарци со 89-83. Честито титула момци.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
За титула ќе се борат Фени,Работнички,МЗТ и Торус.
По тоа што го видов вчера и денес Торус за нијанса се издвојува од другите.Сепак има уште време дур се воиграат сите и се вратат повредените.
Имаме една солидна лига со израмнет квалитет на 4 екипи,а и Лирија е екипа која што ќе може да им ги помеша сметките на фаворитите за титула.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.590
Поени од реакции
2.191
Сега само што го гледав натпреварот помеѓу Фени-Работнички.
Ако нема НБА Македонска лига ке си гледам, доста беше добар натпреварот, браво за Мираковски:vozbud:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.842
Поени од реакции
15.992
E арно ви текна да отворите тема, а не да коментирам по фан клубовите, ќе помислат дека ги симпатизирам нивните тимови.:D
Оваа сезона искрено нема да се знај кој јаде, а кој пие. Многу промени се случија, некои тимови се засилија, а некои како бранителот на титулата Фени повеќе се ослабна отколку што донесе некои квалитетни замени за тие играчи кој му заминаа.
Торус склопија квалитетен тим, очекувам од нив да се вмешат во борбата за титулата.
Четири клубови кои би требало да се најдат во завршниот плеј оф се надевам дека ќе се Фени, Работнички, Торус, интересна ќе биди битката помеѓу МЗТ и Лирија, баш да видиме Лирија до кај им се можностите..истото важи и за МЗТ, за кои многу викаат дека ќе бидат шампиони на крајот, ама послем синоќешниот пораз од Торус во пријателскиот натпревар и со катастрофалната игра која ја имаа, незнам како тие се надеваат на титула. Можеби најинтересната сезона ќе биди во изедначеност на тимовите, а во квалитет не би рекол дека е толку квалитетна..со Српски кошаркари кои во нивните тимови во државата играле во трета постава, и со Американски „колеџ“ кошаркари, не се прај квалитет..
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Добар вовед Сајбер (y).
Годинава очекувам неизвесна сезона..
Дури пет екипи ќе атакуваат по титулата..МЗТ,Работнички,Фени,Торус и Лирија(која направи добар тим).
МЗТ амбициозно влегуваат во трка за прва титула, али вчера ептен слабо изиграа, не играа Чековски и Грне ама се гледа дека фали висок играч, класична 5ка.
Работнички како и секогаш фаворит, склопија добро тимче и еве денес ги победија Фени во суперкупот.
Фени иако им заминаа неколку клучни играчи, со доведување на неколку играчи ги поткрпија празнините..
Торус вчера доста ме изненадија, супер изиграа..со доведувањето на Перо Блажевски направија добра работа, иако човеков е прилиќно стар али го дава максимумот..тука им е Бојан Трајковски и неговиот имењак Бојан Крстевски кои царуваат под кошевите и исто така имаат донесено и уште висмајца :D али вчера не играше беше повреден.
И Лирија според играчкиот кадар доста се засилиле, доста искусни играчи земале..
Се на се не очекува добра сезона! ;)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
МЗТ
Фени
Работнички
Стандард фаворит за последниве сезони.Торус и Лирија се некоја средина со можности за изненадувања.И Куманово мислам дека можат нешто плус ,особено дома најмногу поради публиката.
И едно прашање ,дали Комити (ќе) одат на натпревари на КК Вардар?

 
Член од
5 октомври 2011
Мислења
57
Поени од реакции
15
Интересна сезона предстои...Мзт,Фени,Работнички,Торус,Лирија се тука некаде по квалитетот,Куманово за нијанса послаб.

Мислам дека Работнички доколку ги задржеше Симич и Блажевски ке беше нај големиот кандидат за титула...Главни носители ке им се Мираковски,Хаџибулик,Богоев и Тасовски оние србите шо ги донеле слаби,просечни играчи како за тимови од рангот на Струмица и Овче Поле...

Истото е и со Мзт донесоја некојси Амеркански колеџ и играчи а се ослободија од Пупович и Зивчевик...По она што го видов вчера само оној 34 мислам дека беше Кидс дека е квалитет а оние двајца слаби може затоа што играја на позиции што не им се по мерка...

Торус со Трајковски и Караџовски ке биде итекако конкурент за титула...
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.697
Па „стандардната“ тројка годинава ќе има голема конкуренција во Торус. Ги глеав вчера против МЗТ, играа одлична кошарка, ако продолжат така ќе бидат и те како меѓу главните кандидати за титулата.

Не сум ничив фан, но моите „симпатии“ ќе одат кај Торус.

п.с. одличен вовед Сајбер. :)
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Дали има некакви најави дека може да има некоја утакмица меѓу Работнички и МЗТ во Борис Трајковски?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Одлично прашање од Галеб, Комити би требало да идат, пошто би било лицемерно од нивна страна да не одат, а до вчера критикуваа зашо ЦПБ не идат на фудбал :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.651
Поени од реакции
70.648
Одлично прашање од Галеб, Комити би требало да идат, пошто би било лицемерно од нивна страна да не одат, а до вчера критикуваа зашо ЦПБ не идат на фудбал :)
Грешка си, ние си знаеме дека ЦПБ одат на фудбал за Вардар, тие што прашувале се оние кои не се запознаени со нашава ултрас сцена.
Инаку одговорот е НЕ...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.965
Поени од реакции
17.793
ја мислам дека треба да се иде..на прв поглед ке изгубиме цпб членови али вака полека полека без ривал ке паѓа бројката..Тоа е реалноста тифо сцената е најактивна во кошарка моментално.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom