Македонска кошаркарска лига сезона 2011/12

Кој ќе биде шампион во сезоната 2011/12?

  • Вкупно гласачи
    183
Статус
Затворена за нови мислења.
M

Mario Gómez

Гостин
Торус пак годинава во дуња ќе играат, сакам пак да ги гледам?
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.116
Поени од реакции
46.066
Eден од воџите на Комити ако не се лажам лани одеше на натпреварите на Работнички заедно со ЦПБ, нејсе тоа, да не ја труеме темава со такви муабети, на овој дел од форумов и онака муабетите беа 5% за баскет, 95% за навивачките групи од Скопје, редно е тоа да се смени ако ништо друго, бар на темава.
--- надополнето: Oct 9, 2011 6:32 PM ---
Торус пак годинава во дуња ќе играат, сакам пак да ги гледам?
Ја како што разбрав, ќе играат и тренираат во Борис Трајковски ... бесплатно. :confused:
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.164
Поени од реакции
18.206
Грешка си, ние си знаеме дека ЦПБ одат на фудбал за Вардар, тие што прашувале се оние кои не се запознаени со нашава ултрас сцена.
Инаку одговорот е НЕ...
Прашањето ми беше во смисла Комити се навивачи на ФК Вардар и РК Вардар и одат на нивните настани ,па логично ми беше и за КК Вардар (дел од спортските колективи со име Вардар).
Ми падна чудно видов на утакмица КК Вардар - Амак СП ,навиваше една група со поинакво име.Го имаше негде видеото на ЈТ ,не можам да го најдам...

Инаку ,мојот глас отиде кај МЗТ.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.020
Поени од реакции
74.388
Прашањето ми беше во смисла Комити се навивачи на ФК Вардар и РК Вардар и одат на нивните настани ,па логично ми беше и за КК Вардар (дел од спортските колективи со име Вардар).
Ми падна чудно видов на утакмица КК Вардар - Амак СП ,навиваше една група со поинакво име.Го имаше негде видеото на ЈТ ,не можам да го најдам...
И јас навуивав тогаш во таа група :)
Комбат 87;)
Еве тука имам напишано се околу ова прашање па да не го тупиме многу на темава :)
Долга е сезонава, се може да се случи...:D
--- надополнето: Oct 9, 2011 6:36 PM ---
Торус пак годинава во дуња ќе играат, сакам пак да ги гледам?
Не, годинава ќе играат во Борис Трајковски, впрочем и името на клубот од оваа сезона е Торус- центар Борис Трајковски или нешто слично (го истрескав ова од ракав:D).
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Мираковски денес изигра добра партија...беше како Наваро против Македонија.
Вчера и Ивица Димчевски имаше добра партија против МЗТ.Мислам дека Марин требаше да му даде шанса на Европското но има време за него па се надевам дека ќе заигра на следното.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Грешка си, ние си знаеме дека ЦПБ одат на фудбал за Вардар, тие што прашувале се оние кои не се запознаени со нашава ултрас сцена.
Инаку одговорот е НЕ...
Знам и јас, и познавам многу членови од ЦПБ што одат и за Вардар, ама имаше памтам во периодот кога беше актуелен ФК Работнички(со Анартозис коа тепаше) многу критики како не се идело за фудбалскиот клуб од страна на одредени Комити, би било интересно да смените некои ставови и да доаѓате на баскет :)
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
МЗТ и Работнички. Торус е тука да им ги замрси сметките.

Си гласав за Куманово. Ќе им ги замрсиме сметките на фаворитите...тешко гостување ќе е за сите екипи :vozbud:
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Ја како што разбрав, ќе играат и тренираат во Борис Трајковски ... бесплатно. :confused:
И името на тимот од годинава им е Торус - СЦ Борис Трајковски. Значи спортскиот центар е спонзор на тимот и затоа им овозможува играње во истиот.

Исто, сега СЦБТ ги има „обединето“ младинските школи на Торус, Ангели и Водно Санс и тие ќе тренираат под нивна закрила.

Како што читав, Торус своите утакмици ќе ги игра во малата сала во БТ, а дерби утакмиците и оние од БИБЛ во големата.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.116
Поени од реакции
46.066
цц, вакви падобрански тимови коа ќе добијат јако спонзорство и ќе направат ебење од тим најмногу ме иритира, со 5ца у публика, потесното семејство на дел од играчите ...

Али ок, моментално не треба многу за шампионски тим во мак баскетот, со оглед на успехот на репрезентативен план мислам дека тоа ќе повлече бајаги да се зголеми квалитетот на првенството и да се инвестира повеќе во иднина а со тоа и клубовите да го сменат начинот на функционирање, ова пред Се важи за Работнички кои на тоа поле во моментов заостануваат од останатите фаворити.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
^^ Па да, и мене тоа ме иритира, така е и во ракометот, а беше и у фудбалот (Ренова), но полесно им е на таквите спонзори да влезат у такви клубови, пред се заради претходно искуство од други кои не успеале у клуб кој има јаки навивачи, и навивачките групи знаеле да претераат...

Сепак, слично вака беше и со Кометал ЃП, пошто не верувам дека Комити биле поддржувачи на Ѓорче Петров од почетокот.

Но, да не бараме преку леб - погача, со нашава состојба, добро е и вакви „инвестиции“ да има, ете и T-Mobile влезе у МЗТ, Фени го има Фени, да се надеваме дека ќе идат истите у нагорна линија и во другите клубови (пред се Работнички како што кажа, пошто тие се без јак спонзор сега) и во другите спортови... :)
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.700
Поени од реакции
6.086
Сега само што го гледав натпреварот помеѓу Фени-Работнички.
Ако нема НБА Македонска лига ке си гледам, доста беше добар натпреварот, браво за Мираковски:vozbud:
Овој денес не беше ништо вчера да гледаш Торус како одиграа против Мзт затоа и за нив ќе навивам да ја освојат титулата инаку ќе си навивам за Вардар и штета што се таков кондом клуб кој нема некоја историја ама имаат одлична филозофија со доста млади играчи плус неколку искусни од кој еден Перо Блажевски и мислам дека со малку среќа ќе бидат шампиони на Македонија мада и Мзт имаат мн јак тим кој кога ќе влезат во ритам тешко кој ќе ги задржи се на се ќе биде тешка сезона од која што кажав очекувам Торус да изненади а мислам Фени ќе биде најголемо разочарување сезонава
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.611
Поени од реакции
2.234

Го гледав и тој вчера. Публиката беше феноменална. Малце и ми падна жал што не испеа МЗТ да слави покрај публиката и јубилејот но што е тука е.
Се надвам сезонава ке биде лудило, и ке ме привлече да ја гледам
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.957
Поени од реакции
16.308
И името на тимот од годинава им е Торус - СЦ Борис Трајковски. Значи спортскиот центар е спонзор на тимот и затоа им овозможува играње во истиот.

Исто, сега СЦБТ ги има „обединето“ младинските школи на Торус, Ангели и Водно Санс и тие ќе тренираат под нивна закрила.

Како што читав, Торус своите утакмици ќе ги игра во малата сала во БТ, а дерби утакмиците и оние од БИБЛ во големата.
Значи сите мечеви ќе ги играат во големата сала. :D
Освен со Овче Поле, АБА и Кожув..
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Го гледав и тој вчера. Публиката беше феноменална. Малце и ми падна жал што не испеа МЗТ да слави покрај публиката и јубилејот но што е тука е.
Се надвам сезонава ке биде лудило, и ке ме привлече да ја гледам
Ако сакаш лудило, во недела играат МЗТ и Лирија кој немаат баш слаб состав.
Како фан на МЗТ очекувам полна сала како и секое прво коло, а башка сега што ќе играат со Лирија, дополнителен мотив.:icon_lol:
П.С. Ѓечевски веќе се договорил усно со МЗТ да се приклучи еден месец покасно поради повредата,но сега во последен момент се вмешале и Фени и Работнички. Сега останува на него а најмногу до жена му каде Ѓече ќе ја продолжи својата кариера. Според мене најмногу шанси има МЗТ па Фени, Работнички не верувам дека можат да му ги исполнат условите што ќе ги добие од Фени и МЗТ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom