Fakt e deka komiti vo minatoto napravile mnogu greski vo pogled na toa za kogo se navivalo. Od denesen aspekt moze da kazeme deka e sramota sto crvenocrnite bile zameneti so zzelenozolti boi(znaminja,salovi,maici i ostanati rekviziti) i sto nekoj profitiral od toa sto navival za kometal a celata grupa trpela na dolgi stazi. Toa sto go rece baki deka nepravdata deka treba da se ispravi e mislam vo pravo bidejki boite na klubot se svetosta koja ne se menuva za niedna para na svetot. Drug fakt e so kk Vardar vo momentov ima odlicni uslovi da vleze vo prvata liga i sto nivnata uprava raboti dolgorocno sto bi mozelo da gi privlece ostanatite gledaci. Kako treta rabota bi ja navel cesto spomenuvanata 'skopska turlitava' koja eve i den denes e prisutna vo nekoj segmenti. Bi se videla vistinskata brojka na cpb i na fa koi osobeno se so stavot deka nemaat komiti na svoite natprevari i posebno bojsite od parkot cija brojka naglo se zgolemi pa ima odredeni somnezi deka toa e zaradi toa sto lugje od centar,karpos,kisela voda, koi odele so komiti sega se prefrlile na tribinata na rabotnicki. Dali kade sto ima cad ima i ogan jas ne znam no deka mnogu raboti ne se vo red e vistina so koja mislam kje se slozi sekoj sto malku poveke sledi.
Неможеш да им наредиш на луѓето да сакаат и да дојдат да навиваат за некој клуб. Ајде натерај некој од Аеродром што во фудбал е за Вардар, да дојде и да навива и за КК Вардар а не за МЗТ, клубот од населбата во која го оставил целиот свој живот. Тоа нема шанси да се случи никогаш
Едноставно Комити никогаш не го бодреле КК Вардар. Си имало посебна подгрупа Комбат 87 која си навивала за Вардар, и сите видовме колку беше неуспешно нејзиното реобновување. Реално имавме доста неорганизиран обид за враќање на навивањето во кошарка во сезоната 2008/09. Не им се иде на луѓето и крај. Приоритет е ФК Вардар, а за РК се иде кога му е потребно. И онака лигата во ракомет е ултра досадна со само 4 интересни мешусебни дуели, па воопшто никој нема никаква желба да дојде да навива секој викенд. Се знае дека ние не сме од иста населба која се наоѓа во околина на Кале па да одделуваме по саат време за утакмица. Да даваш пари за превоз, па за карта па да изгубиш 3-4 саати и за на крај да гледаш меч во кој РК Вардар ќе тепа со 20 разлика, за нашата финансиска состојба е невозможно
Од идна година ќе му требаме секој викенд, и нормално дека за тоа не треба да се жалат средства ниту време. Значи ти давам причини за тоа колку е невозможно да бидеме редовни и на РК Вардар кој го бодриме отсекогаш, а камоли да се иде и на КК Вардар. Искрено јас одвај наоѓам време за да идам на фудбал (факултет, обврски и слично) па камоли да се иде на три спорта во викенд и тоа да одам по 5-6 километри цело време
Одев на тие мечеви во кошарка, се забавувавме добро, али не е тоа тоа. Нити можеме да напумпаме бројка од над 100 души, ниту па некој од постарите сакаше да се нафати да биде воџа :wink: Решено е, на кошарка нема што да се оди. Нема да изиграваме будали кога и сами знаеме колку од нашите членови идат со ФА и ЦПБ на кошарка. Комити во кошарка не навиваат!
Порано се навивало за Работнички, за ГОДЕЛ Работнички. Што поради подобра афирмација на Комити бидејќи се знаело кој бил единствен репрезент во ЕКС ЈУ од кошаркарска Македонија, што поради името ГОДЕЛ (ГОце ДЕЛчев
). Ние Комтал не го бодревме на првенствени средби... Се знае кој се го бодреше Кометал. Кометал беше како Македонска репрезентација и сите групи од Скопје (и пошироко) навиваа за нив...
Јас си го следам резултатски КК Вардар, да ми беше блиску салата (во Расадник на пример) ќе си го посетував секој викенд бидејќи сум голем љубител на спортот, но вака нема шанси...
Плус утакмица фудбал трае 90 минути, и после толку минути навивање некој да отиде и да навива уште 40, па после на ракомет уште 60, тешко, тешко