Како тоа не си аут од МСЕ!? Ако трубиш на цел глас дека иде апокалипса и потоп на МСЕ и ако навистина мислиш така, зарем не е неопходно потполно да излезешод МСЕ?!? Или ги замајуваше кафекуварките за они да испаничат и продаваат ефтино, додека ти своите акции си ги сочувал?! Можеби и си докупил во маглата што ја сееше.
Друже ја сум влегол на МСЕ одааамна, и на цени по 3-4-5 пати пониски од тековните. Не сум влегол на пикот па да се тресам да продавам при падови. Тоа го оставам на вас, со weak hands да го правите. Почнаа да паѓаат акциите, веднаш у ДМ ми плачевте и прашувавте дали да продавате, со загуба....типични weak hands. Тогаш знаев дека fear index-от е на највисоко ниво и дека треба да се влезе, со старото правило - кога никој не ги сака акциите, сакај ги ти!
Јас продадов на крај на 2019та година, најголем дел од портфолиото, за жал не целото. И да, јас трубев дека ке паѓа, и замисли, ПАДНА некои 30-40%, точно предвидев, ама на цени од 40% пониски нормално е дека си докупив нешто што сега е со добар плус. Нека стојат, кажав дека при прва прилика ке ги продадам и тие, потешко е бидејки акциите се неликвидни, особено на МСЕ каде има промет како една бутка во центарот на Скопје.
А кафекуварките ако паничат, ич нека не инвестираат во акции, а особено не во акции на МСЕ. Не можам да се замислам себе, кој направил истражување во компанијата пред да инвестирам мои пари во неа, да дојде некој и да ме испаничи дека следува пропаст и дека треба да продадам по пониска цена од куповната. Би ми било смешно некој и да проба да го направи тоа. А ако падне цената, тоа ќе ми е можност да докупам, а не да продадам, јер ако компанијата која сум ја истражувал е добра на една цена, е уште подобра на пониска цена!
Очигледно, кафекуварките се паничарки, ама мора да има и такви, "купи поскапо продади поевтино" лузери, за да некој паметен профитира.