Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Гледам овие ВИТА откупиле некои акции, а им се наредиле и солидна количина на продажба по 14.000 коишто веројатно набргу ќе ги откупат, па да направам кратка споредба помеѓу неа и ПКБ што го илустрира лудилото во врска со валуациите коишто постојат на Македонската берза:

Имено, обете големи прехрамбени компании последно се тргувале по цирка 14.000 денари, меѓутоа, Пекабеско има скоро 3,5 пати поголема книговодствена вредност и скоро 15 (да, петнаесет :shok2:) пети повисока добивка. Просто е неверојатно да постои таква нерамнотежа, ама ете, тоа е знак на финансиската неписменост на северџанскиот инвеститор.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Со Заев како премиер и 10 години ќе бидат малку за да се поправиме :D :D :D :D .
Знаеш ли некогаш дека некоја економска проекција остварил? Една наброј. Секоја година него му е економска :D:D..
Дали тоа било раст на БДП или капитални инвестиции???
Секогаш потфрлаат. Заев е најнеуспешниот премиер во овие 30 годинни независност.
Па нашиот јавен долг следна година ќе биде 70%. Ќе мора да крати расходи инаку отидовме у провалија.
Знаете ли една поголема фабрика што отворил за 3,5 години????
Знаете ли една поголема капитална инвестиција што реализирал???
Клинички во Скопје, Клинички Штип, патот Градско- Прилеп, автопат Охрид-Кичево . . . сите ги заглави и незнае да ги одглави..
Гранит и Бетон имаат 30-40% помалку приходи сега отколку во 2016 година.
Да не зборувам за проектите што ги вети тунел под Кале, транвај, нов клинички во Бардовци . . . .
Да не зборувам за даночна регулатива што си играат пиши-бриши . . . .

Сега ќе воведува ЕКОНОМСКИ СОВЕТНИЦИ по амбасади, оние што ги укина кога дојде на власт :pos:.
Абе лудило !!! Се расфрла со изјави, бројки, закони ппиши бриши . . . . Како Дедо Мраз да е :D:D...
Овие 5,9% раст во 2025 ги сонил, а не се проектирани врз некои економски проекции и политики:pos::pos: . . .
Ама да не го плукам толку ќе се налутат оние навивачите негови... Ајде може ќе има ЕУ-Нато фест наскоро, на тоа народ најдобро паѓа ;);)...

п.с.
Спореди го Заев со Вучич, Македонија со Србија и ќе ти стане јасно колку сме дунстери ;).
Ја прочитав изјавата и се нанервирав :place::place:.

Ovie si se super nie site sme za e.enje :)
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
294
Поени од реакции
249
Член од
2 мај 2020
Мислења
106
Поени од реакции
164
Значи сега ќе можат и они по примерот на Кутре да си исплаќаат бонуси какви сакаат.
Секој оној што незаконски исплаќал, исплаќа или ќе исплаќа бонуси истите ќе мора да ги врати во друштвото.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Значи сега ќе можат и они по примерот на Кутре да си исплаќаат бонуси какви сакаат.
Не бе, у нивните позиции не се такви директорите, тоа само у Пекабеско си исплаќа :pos:

Доколку сите од финансиската индустрија не се вклучат да лобираат кај органите и Апелација му ја валидира одлуката, очекувам догодина барем 20 милиони евра да си исплатат како „учества у добивката“ директорите и нивните екипи у КМБ, АЛК, БЕСК, ФЕРС, ГРНТ, МТУР, МПТ, РЕПЛ, СБТ, СТИЛ, ТЕТЕ, ТЕЛ, ТТК, ВИТА, ЗПКО, ТКВС, ППИВ... па да се преполоват акциите и берзата да отиде у ку.ац, а и они со сѐ неа!

Ако мислите дека нема да си исплатат, само нека ви текне на каков начин токму тие или нивните татковци успеале да го стекнат толкавиот капитал за време на транзицијата кога државата била село без кучиња какошто ќе стане и по потврдата од Апелација!

А ако пак случајно сте мислеле дека директно не ве тангира пошо не сте акционери у овие фирми, тогаш помислете само колку по исплатата на директорските бонуси ќе вредат овие акции што пензиските друштва од вториот столб ги купиле во ваше име!

Screen Shot 2020-11-19 at 19.02.41.png

Screen Shot 2020-11-19 at 19.03.38.png
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
920
Ako ti e polesno 10%-TNB, 7%-KMB, 9% USJE, 10%-STB (pred nekoja godina) 3-4% GRNT,ALK. 9%-MERM, drugite nesto ne gi pratam ama tuka se TEL,OKTA,MPT i dr. Ajde sega te molam ti mi kazi kako stois so dividendi od US i EUR akcii i kolku NETO ti ostanuva od dividendata ?
за УК берза нема данок на дивиденда. Плаќаш само 10% во МК. Практично исто како во МК. Имам акција која ја купив во април, досега е 35-40% у плус и добив 16% дивиденда на мојата куповна цена.

ајде сега ти најди ми таква акција во МК. Ок ке кажеш НЛБ падна на 12.500 и рипна до 19 ( ако некој купил тој ден-два ), и тоа е најдоброто што се десило на МК берза као последна година, и пак е полошо од оваа мојава. А како мојава има со лопата да ги ринеш во странство.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
А, овие имаат некогаш исплатено дивиденда? :icon_lol:
Витаминка редовно дава од 150 до кај 200 денари, сега за лани нема можеби поради короната или па ќе дадат кај и да е, а од прилепска дадоа пред некоја година да ја качат цената многу и пред тоа минимално неколку години, можеби околу 4-5 пати одкако постои фирмата, а витаминка сигурно има преку 20 пати дадено.
Автоматски споено мислење:

за УК берза нема данок на дивиденда. Плаќаш само 10% во МК. Практично исто како во МК. Имам акција која ја купив во април, досега е 35-40% у плус и добив 16% дивиденда на мојата куповна цена.

ајде сега ти најди ми таква акција во МК. Ок ке кажеш НЛБ падна на 12.500 и рипна до 19 ( ако некој купил тој ден-два ), и тоа е најдоброто што се десило на МК берза као последна година, и пак е полошо од оваа мојава. А како мојава има со лопата да ги ринеш во странство.
Затоа и берзата тоне со секој ден, едноставно е нема како да направиш многу пари за брзо време (а тоа го сакаат сите), некој успеваат да ги изл'жат дека Комерцијална ќе ишла 10к, Макпетрол само што не станал 100к... а ако Курте успее да си го легализира „грабежот“ ќе останат фирми да ги изброиш на една рака кај кој ќе нема крадење, пардон заслужна награда за директорите,
такви фирми би биле оние кај кој има доминантен странски газда кој е правно лице, такви би биле Стопанска, Тутунска, Телеком, Мермерен и Усје, сите останати очекувајте да прават плачка.
 
Последно уредено:
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
Значи сега ќе можат и они по примерот на Кутре да си исплаќаат бонуси какви сакаат.
Априори не му судам на никој. Оставам да сработи и да покажи секој. За PKB се работи за спцифичен човек и фамилија кои тој нивни мајндсет го имаат пренесено и во фирмата. Си се успешни и никој не им негира, но си се самозадоволни и никој засега не фермаат. Сега се јаки, но можеби нема да се секогаш. Можеби ќе сакаат да прошират и доинвестираат некогаш и ќе имаат потреба од капитал. Со ова си ја скратија можноста за свеж капитал од нови емисии на хартии и ќе мораат со кредити кои сега се со ниски камати, но нема да се секогаш такви. Тоа што се случи со нив и што го прават е преседан и голема штета за акционерството, посебно ако се потврди ова на апелација. Тогаш ќе е навистина одлична можност за секој да се полакоми и се да си земи како бонуси и да не исплаќа дивиденда. Но верувам не сите се такви карактери и не сите мислат така да управуваат во нивените фирми. Но сепак се сложувам со @therealgrim дека не треба работите да зависат од нечија добра волја и треба КХВ малце посериозно да се вклучи во цела работа, а не само од медиумите да чекаме поддршка. Но да тераме со ред, еднаш да видиме што ќе кажи апелација, па дали ќе има некакви реакции КХВ....Во меѓувреме ќе се случува одлив на капиталот кон странските берзи секако што ќе влијае на МСЕ и КХВ да запнат малце да средат некои работи.
 
Член од
9 септември 2020
Мислења
137
Поени од реакции
99
Другар, пола работа си завршил и си се откажал... ако така правиш и со акции...
Не чекај друг да ти ја заврши работата место тебе (тоа се наплаќа)...

Може и со Илирика, и со Саксо и со Интерактив и со КМБ, и со Шпаркасе...

Кој е твојот следен чекор?
Едно е дали може а друго е дали е легално. Сигурен си дека е законски тука од нашево државиче (само со македонско државјанство) да се тргува во странство преку платформи како Саксо и Интерактив? Верувам дека секој би сакал да е 100 % сигурен за овие работи пред да ризикува сопствени пари, а со цел да избегне евентуални казни и расправии со нбрм и ујп...
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Имаше еден филм, не ми текнува на името, кадешто џандарот го местат на суд и го сместуваат во затвор со криминалци што тој ги уапсил. Кога започнуваат да му се закануваат дека ќе го претепаат и убијат, тој им одговара у стил „не сум затворен јас овде со вас, туку вие сте затворени со мене“.

Аналогно на тоа, сметам дека ни јас не сум затворен во акционерската структура на Пекабеско со кутрињата, туку тие се затворени со мене. Малиот акционер има миљонпати повеќе начини да му наштети на големиот у компанијата, такашто едино кукавичлукот и затуцаноста на претходната гарнитура ги спречувала да си ги остварат своите законски права па свиткувале опашка и ги продавале акциите за беспари. Јас сите потребни чекори ги презедов, а се надевам дека и останатите си ги извршиле своите обврски. Сончевата светлина е најдоброто средство за дезинфекција. Лебарките и стаорците најмногу штета прават во мрак и тишина, а се разбегуваат кога ќе ги осветлиш.

Мило ми е што сѐ повеќе луѓе со коишто разговарам веќе се информирани за случајот со Пекабеско и Слободан станува сѐ попознат и попознат.
Каква иронија што токму тој не сакајќи и не знаејќи ќе ѝ ја растури долчевитата на финансиската и фондовската индустрија ако и тие не дадат придонес првостепената пресуда да се преиначи. Кога ќе почнат предлог-одлуките за директорски бонуси, акциите на секоја компанија ќе паѓаат како домина исто како Пекабеско што падна по неговата објава. По масовната распродажба, низ Берзата, брокераите и фондовите ќе пролетуваат оние исушени жбунови како во каубојските филмови, власта експресно ќе ги испосмени сите членови на КХВ што дозволиле да настане толкава финансиска штета, а капиталната загуба што ќе ја претрпат фондовите од вториот столб на македонските акции конечно ќе поттикне нивно укинување.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Но да тераме со ред, еднаш да видиме што ќе кажи апелација, па дали ќе има некакви реакции КХВ....Во меѓувреме ќе се случува одлив на капиталот кон странските берзи секако што ќе влијае на МСЕ и КХВ да запнат малце да средат некои работи.
Штом ќе пресуди Апелација, веќе е гејм овер! Он бил у право што си ги исплатил парите, а ние не сме што сме тужеле.

Ако „нашиот проактивен регулатор“ сака да реагира, моментот е сега, а тоа може да го направи на повеќе различни начини. Мислат ако закопаат глава у песок дека проблемот ќе го снема, а токму тој судски преседан догодина ќе ги збрише малите акционери чиишто права Законот за хартии од вредност ги обврзува да ги штитат!

Не ги е.ел 2% кога му укажале дека не смее да гласа, па уште и потоа излажал дека му одобриле, а они немаат покренато никаква постапка против него и покрај огромните најшироки можни законски надлежности!

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom