@бошко, од каде тоа дека странците во КМБ престанаа да продаваат? Последниот билтен од МСЕ зборува поинаку
http://www.mse.mk/Repository/Reports/MK/ReportMK_9_20180401_20180430.pdf
Не е малку -0,52% намалено учество. И тоа трае 12 месеци по ред. Имам впечаток дека многу брзо ќе се приближи до нула.
Кога сме кај КМБ, ми падна во очи од ревидираниот извештај, белешка 22.2, фрапантното намалување на резервирани побарувања. Од 12,2 МИЛИЈАРДИ ден на 01.01.2016 на 7,4 милијарди ден на 31.12.2017. Каде отишле тие преку 8 милијарди? Трајно отпишани! Преку 130М евра.
Не дека и кај другите банки нема вакви промашувања, ама што е многу многу е. Супер што е Чифлиганец толку оптимиста, ама да прашам јас: а на што се должи тој оптимизам? Не приметив дека нешто е сменето во главниот менаџмент на банката. И да, да не беше случајот Фени, и оваа година Кв 1 ќе беше во минус