Македонска берза

Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Тивко на берза денес . . .
А ете пред порти на НАТО сме . . .
Колку ли ќе пораснеме кога ќе не примат а никој не купува, барем не пријавува . . . , а и не купува инаку ќе се познае . . . ќе зазелени малку повеќе :) .

Единствено купува АДОРА . Чифлиганец стана еден од најдобрите бизнисмени во МКД. Браво.
Откако направи пари со изградба на станови. Сега тие пари гледа да не му стојат џабе на сметка со каматна ставка НУЛА, па реши да си купи банка . . .
Адора константно го зголемува уделот во КМБ иако КМБ не известува редовно . . .
Чифлиганец засега собира се што ќе се понуди, а ќе продолжи да инвестира . . . .
Добро по нас староседелците е што КМБ е атрактивна сега и ја купуваат и домашни физички лица, а не само фирми.
Странците го сведоа својот удел на некои 7% и повеќе не продаваат, излегоа сите проблематични странски фондови. Побарувачката на акции од КМБ е зголемена, а понудата намалена и тоа ја движи цената нагоре, никаков НАТО :) .
Моја процена е дека Адора ќе продолжи на купува и дека цената оваа година сигурно ќе помине 5200 денари ( конзервативна проценка, 100 евра ми е некој реален репер) . Проценка ми е дека Адора брзо ќе се доближи до 10% . . . Примерот на Адора ќе го следат и други фирми кои се во кеш и тие ќе видат дека акциите се поисплатливи отколку депозитите.

p.s.
КМБ имам и тоа доста, па затоа не би сакал постот да се сфати како наведување. Наведував кога беше 2700 денари . . . Сега КМБ е во фокусот на големите ѕверки . . . . Сакав само да ја споделам веста дека Адора уште купува и дека цената на акцијата позитивно изненадува. Ништо повеќе.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.871
Поени од реакции
12.199
Тивко на берза денес . . .
А ете пред порти на НАТО сме . . .
Колку ли ќе пораснеме кога ќе не примат а никој не купува, барем не пријавува . . . , а и не купува инаку ќе се познае . . . ќе зазелени малку повеќе :) .

...
Очигледно инвеститорите се позрели во споредба со 2008 година, па со резерва ја примат приказната за членство на Македонија во НАТО - кое нема да се случи во јули 2018, туку на Свети Никад.
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Dali mandrac e star ili nov nema vrska so site logicki pretpostavki .Fakt e deka site banki go izedoa so novata regulativa na nbrm fakt e deka bankite i ovaa godona ke bidat lideri vo dobivkite i fakt e deka i ovaa godina sledi slicna dobivka kako prethodnata vo tnb.Koja e poentata da informiraat deka se steknale so akcii eden generalen i negov nadzoren vo tnb na cena od 13500-13800 i dali ovie luge se ludi pa svoite pari gi frlaat ? Site lesno predviduvaat 100 evra za komercijalna banka no najmnogu vrz baza na prinos od dividenda a kaj tnb ima realna osnova taa da bide pomegu 1500-2000 denari ako ne i poveke vo slucaj da resat vo slovenija da gi ispumpaat parite pred bankata da bide prodadena vo slovenija !!Ta neli 75% e sopstvenost na slovenija ovaa nasata?
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.310
Поени од реакции
2.373
Изгледа Шајноски и Манев се наполниле со акции од PPIV и TKVS, па по цел ден постираат како луди:
Гледам и SBT им е спонзор, баш сакам да видам некој наслов: Клиентите чекаат на ред за кредит пред експозитурите на СБТ!
upload_2018-5-29_22-44-10.png
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
И јас иам чувство дека Фактор не лае заради селото туку заради себе, мада ми се допаѓа што отворено пишуваат за повеќето малверзации што се случуваат на пазарот. Треба да се разгледа дали е тоа вид на некое буревесничко рекетарство доколку текстовите престанале со појавувањето на банерите на оцрнуваните компании :)

Инаку, дали некој беше денес на акционерско у ППИВ? Јас сум по работа и ни на СТБ утре нема да стигнам, а баш ми се толчеше виски на коктелот со сопствениците на приоритетните коа ќе се изгласа конверзијата :)
 
Член од
12 јули 2017
Мислења
109
Поени од реакции
100
https://www.24.mk/izgor-ceni-na-gorivata-vladata-ne-se-otkazhuva-od-akcizata
Ако се суди по денешната изјава на министерот за економија, на ОКТА не и следи розова иднина.
Министерот купува време и политички поени со изјавата. Имаме најефтини горива во Европа, а моментално на нивната цена најмало влијание има важечкиот договор со Хеленик Петролеум.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
@бошко, од каде тоа дека странците во КМБ престанаа да продаваат? Последниот билтен од МСЕ зборува поинаку

http://www.mse.mk/Repository/Reports/MK/ReportMK_9_20180401_20180430.pdf

Не е малку -0,52% намалено учество. И тоа трае 12 месеци по ред. Имам впечаток дека многу брзо ќе се приближи до нула.

Кога сме кај КМБ, ми падна во очи од ревидираниот извештај, белешка 22.2, фрапантното намалување на резервирани побарувања. Од 12,2 МИЛИЈАРДИ ден на 01.01.2016 на 7,4 милијарди ден на 31.12.2017. Каде отишле тие преку 8 милијарди? Трајно отпишани! Преку 130М евра.

Не дека и кај другите банки нема вакви промашувања, ама што е многу многу е. Супер што е Чифлиганец толку оптимиста, ама да прашам јас: а на што се должи тој оптимизам? Не приметив дека нешто е сменето во главниот менаџмент на банката. И да, да не беше случајот Фени, и оваа година Кв 1 ќе беше во минус :confused:
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Ќе оди некој на собрание на СТБ?

Ваков специфичен настан како конверзијата не се случува често
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
@бошко, од каде тоа дека странците во КМБ престанаа да продаваат? Последниот билтен од МСЕ зборува поинаку

http://www.mse.mk/Repository/Reports/MK/ReportMK_9_20180401_20180430.pdf

Не е малку -0,52% намалено учество. И тоа трае 12 месеци по ред. Имам впечаток дека многу брзо ќе се приближи до нула.

Кога сме кај КМБ, ми падна во очи од ревидираниот извештај, белешка 22.2, фрапантното намалување на резервирани побарувања. Од 12,2 МИЛИЈАРДИ ден на 01.01.2016 на 7,4 милијарди ден на 31.12.2017. Каде отишле тие преку 8 милијарди? Трајно отпишани! Преку 130М евра.

Не дека и кај другите банки нема вакви промашувања, ама што е многу многу е. Супер што е Чифлиганец толку оптимиста, ама да прашам јас: а на што се должи тој оптимизам? Не приметив дека нешто е сменето во главниот менаџмент на банката. И да, да не беше случајот Фени, и оваа година Кв 1 ќе беше во минус :confused:
Кога се прават отписи, резервациите си остануваат 100% само се префрлаат вонбилансно, за да не покажува висок процент на нефункционални, тоа се изложености кои мин. 2 години не враќаат ништо и се резервирани 100%. Така да и да имале отписи не значи дека се ненаплатливи, со отписи не се намалуваат резервациите си остануваат да се книжат вонбилансно се до крајно ликвидирање.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.116
Поени од реакции
713
Sto mislite kako vo narednite denovi ke se dvizi cenata na TNB[kratkorocno], so ogled na toa deka spremavte nalozi na 10-11.000 den po dividenda? Denes cenata 13000, sakav da dokupam ,ama si mislam ajde da pocekam uste nekoj den - ne deka ja ocekuvam na 10k tuku negde na 12.500-600, pa me interesira sto mislite.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.781
Поени од реакции
5.048

Лани освен некој 3-4 дена кога падна за исплата на дивиденда продолжи нагоре. Дали ќе биде истата шема од лани со сигурност нема шанси да се знае...можно е сценарио да оди нагоре, ако кварталните резултати се исти како кв1 можно е и 16-17.000 до крај на 2018та ама не да се шпекулации оваа...мислам дека на краток рок е малку подобро од спортска прогноза да се погодува. Следната година со овие резултати(претоставувам кв2 и 3 да не се утка) очекувам да е повисока окулу 30% ама сега за следниот месец тешко е многу да се каже.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.149
Поени од реакции
8.944
Пропадна конверзијата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom