Значи во законот убаво пишува "неоткупливи". Значи шансата да ги конвертирате во обични е 0% . Освен во Собрание на РМ да се предложи измена на законот се спротивно на тоа е кривично дело, ако на собрание на акционери се донесе одлука за која гркот 100 пати се изјасни дека неможе такава конверзација да се направи.
Е сега твојот повиk да се купуваат приоритетни го разбирам како kрик на очај да се наде некој што е понаивен да може да му се тутнат приоритетните акции да се излезе пошто зашто пазарната цена од 150-250ден за нив ке дојде набрзо.
Е така бе друже кажи. Ова е веќе конструктивен пост.На сообрание на акционери на СТБ е кажано дека иницијативата за претворање на акции од приоритетни во обични мора да дојде од акционерите на приоритетни и тоа најмалце ако не се лажам 50% или 2/3 од вкупниот број а потоа 2/3 да гласаат ЗА дали потоа ке оди на собрание незнам.
Како што напишав и порано, сето тоа го имав прочитано и ја знаев целата процедура за процесот на конверзија како и целиот историјат на веќе направените конверзии кај сите други банки.
На коктелот после собрание од правната служба на СТБ и од адвокатската канцеларија која им помага при организирање, советување и водење на собранијата на акционери, ни беше кажано дека, после испратеното барање за Укинување на повластеното право на приоритетните акции од страна на најмалку 10% од имателите на приоритетни акции, ни стојат на располагање за решавање на ова прашање.
П.С. Барањето е веќе напишано и потпишано од над 15% од имателите на приоритетните акции. Ако некој од форумов има или знае некој кој има над 500 акции од STBP го замолувам да ми прати контакт во inbox. Иако ги имаме собрано потребните 10%, имаме намера до крај на идната недела да обезбедиме потписи од 20-25% и барањето да го испратиме до банката. На наредното собрание за да помине ова барање ќе биде потребен кворум од 50% од двата рода на акции, од кое 2/3 ќе треба да гласаат ЗА предлогот.