Македонска берза

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
... Позицијата на Капитал ...
Незадолжителни ефекти од задолжителната котација

Александар Јанев


Ниту инвеститорите вложуваат повеќе пари во акции, ниту пак се зголеми транспарентноста на компаниите откако се воведе задолжителна котација. Како и да ја анализирате задолжителната котација, произлегува дека ефектите од неа се баш незадолжителни.А тоа не беше целта што требаше да се постигне.
Како и да ја анализирате задолжителната котација на берзата што пред половина година ја воведе државата за 84 акционерски друштва, произлегува дека ефектите од неа се баш незадолжителни. Прво, иако понудата на пазарот на хартии од вредност се зголеми со нови акции од компаниите што мораа да котираат на берзата, тоа не го зголеми интересот на инвеститорите повеќе да вложуваат. Во првата половина од годината, на пример, додека се уште ги немаше задолжително котираните друштва на берза, прометот од тргувањето е дури и поголем отколку во втората половина откако се зголеми понудата со нови акции. Така просечниот дневен промет од почетокот на годината до денот кога почна задолжителната котација изнесува околу 120 илјади евра, додека пак во периодот потоа, прометот со акции изнесува околу 106 илјади евра дневно. Дополнителен коментар за некакви придобивки од задолжителната котација во насока на раздвижување на берзата би бил вишок.
Ако ја анализираме задолжителната котација од аспект на зголемување на транспарентноста како што постојано инсистираа и надлежните, повторно се сомневам дека ќе се оправда целта од нејзиното воведување. Наместо поголема транспарентност, законските измени за задолжителна котација доведоа да не може да се види кој колку акции има во ниту едно акционерско друштво!
Централниот депозитар за хартии од вредност веќе не ги објавува податоците со акционери над 5%, бидејќи според законските промени, тоа веќе не е нивна обврска, туку на Македонска берза. На веб страницата на Берзата пак, инвеститорот би требало да ја бара структурата на акционери за новите задолжително котирани компании во проспектите каде што податоците се од почетокот на годинава, додека пак за веќе котираните друштва, проспектите се од пред 10 и повеќе години, кога почнувале со котација на Официјален пазар, што значи дека се застарени и нерелевантни. Освен тоа, за да ги дознае инвеститорот сите промени во структурата на акционери, ќе треба да потроши многу време пребарувајќи ги сите нивни последни ценовно чувствителни известувања и споредувајќи ги со претходните состојби, што доведува до опасност да се направи грешка во собирањето на бројките. Накратко, задолжителната котација одеднаш го искомплицира тоа што практично до вчера беше многу едноставно! Зарем тоа се подразбира под поголема транспарентност како услов за привлекување на што повеќе инвеститори!?
И третата придобивка од задолжителната котација како проект требаше да биде излегувањето и на државните компании на берза, но оваа идеја веројатно умре уште во моментот кога се роди. Менаџерите на јавните претпријатија одбивале да ги објават финансиските извештаи на берзата плашејќи се веројатно дека некој „ќе го пика носот каде што не треба“. Ако може да биде задолжителна за приватните компании, тогаш мора да биде задолжителна и за државните фирми! Или толку транспарентноста им е најголемиот проблем?
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
182
Поени од реакции
38
Да не глуми Ѓорѓи Колозов во приказнава за мали деца?
ТПЛФ практично е обезвреднета со продажбата на акциите од ТЕТО за цена 30 пати помала од реалната. После ова дури и 600 денари за акција некако скапо ми звучи.
Не само Ѓорѓи туку и Шенка глуми...
Јас одамна го кажав ова, сите ми се смеевте.
Чекај допрва ке има...
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
Јас одамна го кажав ова, сите ми се смеевте.
Чекај допрва ке има...
Да не е рано малце за радување, прометот со ТПЛФ денес беше мизерен.

Инаку изнендување на денот ми беше Тутунска со 14,5 милиони денари промет, којзнае што се спрема таму.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Битката меѓу Штерјо и Кираца ќе ја вивне цената на акцииите на Фершпед?

16/12/2013 // Пред 4 часа // АНАЛИЗА // Коментирај

Акцијата на најголемата шпедитерска компанија во петокот достигна над 103.000 денари, со што пазарната капитализација скокна на 30,4 милиони евра. Јагмата за акциите е поради очекувањата за сопственичко окрупнување. Фактор анализира која е во моментов пазарната капитализација и на другите најголеми и најмоќни компании на берзата?
Откако акцијата на „Фершпед“ во петокот урна нова височина и ја надмина границата од 103.000 денари, со што дефинитивно станува јасно дека продолжуваат битките за превласт и дека нешто „големо“ ќе се случува во најголемата шпедитерска компанија во земјава, повторно се поставуваат прашањата за тоа колку вредат топ македонските акционерски друштва. Која е пазарната капитализација, односно цената што хипотетички би се постигнала за компанијата во моментов доколку сите нејзини акции се продадат на берзата во исти ден? И колкава е вредноста што реално би ја платил потенцијалниот купувач, доколку дојде до преземање на акционерското друштво.
Со достигнувањето на нивото од 103.251 денар за акција, пазарната капитализација на „Фершпед“ се искачи до 30,4 милиони евра. Ако се направи споредба со една година претходно, односно со 13 декември 2012 година, тоа е безмалку трикратно зголемување, бидејќи шпедитерскарта компанија тогаш „тежела“ околу 11,9 милиони евра, со оглед што една акција се продавала по 40.500 денари. Петочната цена на акциите на оваа компанија е убедливо највисока во текот на последнава година.
„Пазарната капитализација покажува колку вреди компанијата според моменталната цена на акциите. Додека, пак, различна работа е цената што се постигнува при преземање“, вели Горан Марковски, директор на „КБ Публикум инвест“.
Кога станува збор за „Фершпед“, познавачите сметаат дека поголемата побарувачка за акции, а со тоа и порастот на цената, настапи откако исплива на површина дотогаш притаената нетрпеливост меѓу некогаш најблиските соработници во компанијата , Штерјо Наков и Кираца Трајковска. Но, во последниве дваесетина дена на пазарот на капитал се случува вистинска јагма за акциите на компанијата, па тие од 60.000 денари, „рипнаа“ на дури 103.251 денар. Во петокот беа продадени дури 28 акции, што е значајна и убедливо најголема истргувана количина во последниов период.
Марковски смета дека што ќе се случува со „Фершпед“ во наредниот период ќе зависи од тоа до каде, условно речено, двете страни ќе ја тераат работата. „Моменталните случувања се резултат најверојатно на шпекуланти. Моја лична претпоставка е дека она што сега се случува е повеќе на база на очекувања дека овие препукувања ќе резултираат со разврска што би значела окрупнување на акционерите и консолидација на акционерската структура во компанијата“, смета Марковски.
Пазарната капитализација ја дава всушност моменталната вредност на компанијата и таа е резултат на одредени анализи и согледувања на инвеститорите. Но, како што нагласува овој брокер, преземањето е резултат на длабинска анализа на таа компанија, која треба да покаже колкава е нејзината реална вредност. Откако ќе се направи таа длабинска анализа, се влегува во преговори со мнозинскиот сопственик.
Цената на преземањето зависи од повеќе фактори. „По објавата на информацијата дека постои заинтересиран купувач, секогаш доаѓа до раст на цената на акциите на компанијата, поради очекувањата дека тој мнозински пакет ќе оди заедно со премија за преземање. Пред објавата, пак, таа информација ја нема на пазарот и се тргува со акциите од поинаков аспект“, вели Марковски.
Која е во моментов пазарната капитализација на другите најголеми и најмоќни компании на берзата?
Комерцијална банка во петокот вредела 65 милиони евра, а една година претходно тежела 85 милиони.
Фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, пак, сега има пазарна капитализација од 101 милиони евра, наспроти 93 милиони точно една година претходно.
„Макстил“ има намалување на пазарната капитализација за една година. Па така, ако оваа компанија сега вреди околу 16 милиони евра, пред една година сумата изнесувала нешто повеќе од 22 милиони. Оваа компанија деновиве е во центарот на интересирањето на јавноста поради најавите од Владата дека сите загадувачи кои до април идната година нема да ги исполнат еколошките стандарди во работењето, ќе добијат клуч на врата. Исто така, првиот човек на „Макстил“ Минчо Јорданов неодамна најави дека на Акционерското собрание што ќе се одржи на 25 декември, ќе биде сменет менаџерскиот тим. Се уште актуелниот генерален директор Александар Панов изјави дека компанијата веќе интензивно работи на исполнување на еколошките инвестиции. „Сметам дека тој процес ќе заврши во законски определениот рок, односно до април в година, или барем ќе се реализира во најголем дел“, рече Панов.
Од компаниите што се на задолжителна котација на Македонската берза, најголема пазарна капитализација има „Македонски телеком“. Таа на последниот ден на тргување со оваа акција изнесувала 639 милиони евра, додека, пак, пред една година била многу повисока и имала ниво од дури 814 милиони евра.
УНИ банка, пак, сега има пазарна капитализација од 6,9 милиони евра, наспроти 3,9 милиони пред една година. Кај оваа банка самите шпекулации дека ќе влезе турската Шеќер банка (која од УНИ банка не ја потврдија), доведоа до фантастичен раст на акциите до дури 1.313 денари во октомври, додека, пак, акцијата и сега се продава за солидни 800 денари.
Сите акции на Стопанска банка Скопје во моментов во исти ден би се продале за сума од 48 милиони евра, што е голем пораст во однос на една година претходно, кога тоа можеше да се направи за 35 милиони евра. И за оваа банка пред извесен период се појавија информации во грчките медиуми дека Националната банка на Грција ќе се повлече од Македонија, во рамки на договорот што наводно го склучила со Европската Комисија. Но, набргу од Стопанска потенцираа дека НБГ останува сопственик на оваа банка, и дека таа најнормално ќе продолжи да функционира во земјава. (Ф.Н.)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
@Stefus Corp.
Што мислиш за акцијата на Телеком, каков принос дивиденда/акција ќе има и дали да се чека или да се купува сега?
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
@Stefus Corp.
Што мислиш за акцијата на Телеком, каков принос дивиденда/акција ќе има и дали да се чека или да се купува сега?
Окулу 20-30 денари по акција дивиденда би требало.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.321
Поени од реакции
2.393
http://educorner.mk/?page_id=227

Како финална анализа во обуката ќе биде изработката на модел за вреднување на една од двете најликвидни акции кај нас. Ќе биде направена историска анализа на финансиките извештаи од последните 5 години, ќе се пресметаат параметри со кои ќе може да се креира финансиски модел за идното работење на компанијата. Па преку дисконтирање на паричните текови, ќе може да се вреднува компанијата и нејзините акции.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Ја следи ли некој виртуелната берза? Па многу способни играчи сме имале ние!?
Кога никој не продава од одредена фирма лесно ти е да купиш на ‘‘виртуелна‘‘ :) у секој сл браво! Некој овде на форумот рече: Јас ниту купувам ниту продавам, со самото тоа долгорочно ќе бидам најдобар бидејки сите ќе потонат (со берзава нели!?) Ама не било така! Јас сум на 610,000.... :LOL: малку, ама ќар!
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
12
Поени од реакции
7
Јас играм на виртуелната берза и ептен добро ми оди до сега ... 1 милион до сега
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Фершпед мислам дека ке дојде како порано до 180 00 ден. акција
Да не играат меѓу себе нати го-дајми го Кираца и Штерјо?
Влашка работа! Жими џими, три Фершпеда направија нели?
Или оној ВМРО-вецот шпедитер (екс ЗОО директорот) пријател на фамилијата што им го зема бизнисот престана да работи! Или им ја вратива лотаријата! Па акцијата за месец два порасна скоро трипати! Абе ајде... Влашки дубари прават!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom