Македонска берза

mma

Член од
20 ноември 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво.Сакам да прасам како може да тргувам на нашава берза.Ако мозе некој да ми објасне :)
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
земи си пари оди во брокерска куќа склучи си договор (потребна ти е само лична карта) уплати ги парите на уплатница што ќе ти ја дадат и готово после е твое да си одбереш што сакаш да купиш/продадеш и да потпишеш налози за истото, ова е најлесниот дел потешко е идеата од кои компании и кога да ги купиш акциите
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: mma

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
МБИ10 на 1988 -1,7%. Како убаво си паѓа берзата. Уште да можеше шротови да се купат. Како и да е кога ќе се опраат светските берзи и МБИ ќе се опраи нема баш скоро да биде тоа се додека е фрката со ЕУ долгот. Само Еуро/долар добро се држи очекував повеќе да падне. Ќе видиме.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853

Кој се држи добро Стефус? Не те разбрав добро? Еврото се држи добро во однос на Доларот? Зошто мислиш уште да паѓа во однос на УС валута? Па и американците се во лајна сеуште..... И уште нешто би те прашал: Дали ова ти изгледа поголема криза во однос на 2007-8 онаа со хипотеките.... иако никој незнае до кога, што мислиш ќе трае ли оваа криза уште долго?
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Кој се држи добро Стефус? Не те разбрав добро? Еврото се држи добро во однос на Доларот? Зошто мислиш уште да паѓа во однос на УС валута? Па и американците се во лајна сеуште..... И уште нешто би те прашал: Дали ова ти изгледа поголема криза во однос на 2007-8 онаа со хипотеките.... иако никој незнае до кога, што мислиш ќе трае ли оваа криза уште долго?
Незнам на што се чека од страна на пазарите. Кризата со долгот ќе трае со години нема од денес за утре да помине. Ќе има долги години на штедење и никаков економски раст од страна на земјите кој се најзафатени со кризата на пример Грција Италија Шпанија Ирска итн. Доларот е 1.34 што не е многу јако во 2008 и 2010 кога беа кризите дојде до 1.20. Јас мислам дека ова ќе потрае година две е дури тогаш за бадијала ќе може да се купат акции.
 
mma

Член од
20 ноември 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Според ваше мислење во која фирма во Македонија е добро да се купаат акции?
 
Член од
19 септември 2011
Мислења
4
Поени од реакции
1
Едно слично прашање и од мене како од "mma" а упатено до "Dr Zmigo" , "Stefus-Refus" i "ceasar" како дискутанти кои повеќе од очигледно се доста упатени во тргувањето на берза така што нивните дискусии-ставови секако заслужуваат должна почит од една страна и се доста корисни за нас почетниците од друга страна.
Прашањето ми е доста конкретно: Време ли е за купување на евтини акции сега ( и ако е кои ??) или пак попаметно е да се продолжи со мудро чекање на уште побагателни цени ??
Секако и една голема благодарност за Вашите корисни дискусии кои со задоволство ги читам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: mma

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Едно слично прашање и од мене како од "mma" а упатено до "Dr Zmigo" , "Stefus-Refus" i "ceasar" како дискутанти кои повеќе од очигледно се доста упатени во тргувањето на берза така што нивните дискусии-ставови секако заслужуваат должна почит од една страна и се доста корисни за нас почетниците од друга страна.
Прашањето ми е доста конкретно: Време ли е за купување на евтини акции сега ( и ако е кои ??) или пак попаметно е да се продолжи со мудро чекање на уште побагателни цени ??
Секако и една голема благодарност за Вашите корисни дискусии кои со задоволство ги читам.
Време за продавање сигурно не е. Јас лично мислам дека уште ќе паѓа берзата барем уште некој месец. Може и сега да се купат но, подобро за некој месец.Во меѓувреме може УСдолари да се има. А кои? моментално би избегнувал банки може било што од поликвидните акции компоненти на МБИ 10.
 
up

Член од
12 август 2007
Мислења
55
Поени од реакции
5
Јас лично мислам дека уште ќе паѓа берзата барем уште некој месец..
Јас мислам дека ова ќе потрае година две е дури тогаш за бадијала ќе може да се купат акции.
:) со мислиш колку ќе потрае некој месец или година две ?;)
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148
Малку сме во паника дома со падот на акциите на Комерцијална.
Сакам мислења од Вас,......:)
имаме 550 акции од Комерцијална земени по скоро 3000 ден. а сега паднаа на 2500:mad: време за продавање не е,, ама ако паѓаат уште.....
 
fearless

in Arsenal we trust!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
185

Зависи колку ти значат тие 1 650 000 денари т.е моментални 1 375 000 , загубата е скоро 5000евра што воопшто не е мала... НО ако парите би ти затребале, ти требаат или слично би ти препорачувам да ги продадеш, ако ти се пари кои што едноставно не ти требаат т.е немаш попаметно место да ги инвестираш (на подлог рок мислам), тогаш остај си ги на берза, берзата е мнг мртва, а и воопшто кога е жива е под влијание на неколку големци кај нас (мое мислење) неаме ние берза од типот каде што имаме транспаренти компании, доволно образовани луѓе кои тргуваат!од друга стран и куповната моќ на народот е многу мала, особено што сеа секој што има помеѓу 1000евра и 100 000евра би ги чувал во банка и ни на крај памет не му е да се КОЦКА на мкд берза. Јас учев за јануарски ефект и искрено лани се ослободив од моите акции токму тогаш и на среќа го фатив и пикот што е мнг тешко. само брокерката ми кажа дека е слична случајност отколку што така треба да биде.

инаку општо околу берзата... единствени акции според мене што вредат и ќе вредат се ТЕЛЕКОМ, со кои и сум тргувал на двапати, таму има удел на владата така да дивидена ќе делат од 10-15% пошто владата си ги проектира тие пари во буџет се останато според мене е само магла! Банкарскиот сектор кај нас е повеќе од мизерија, незнам уште колку време треба да чекам за да гледам како пропаѓаат банкиве али со сигурност знам дека банките имаат премногу недвижнина која била заложена по повисока цена отколку што таа вреди, а особено што истата моменално неможе ни да се продаде (барем на нашиот пазар), така да во банки не би ни ивестирал.

инаку инвестирам веќе 2 год на берза и сум во добар +, имам нешто ситно моментално во СТИЛ, али мнг се заебав што не ги продадов коа достигнаа 200денари , т.е. бев надвор од државата па сеа ми мизерни 130денари... и планирам да ги откачам во јануар и тоа на 150-60, ако и толку достигнат...

било кој во вас ако воопшто инвестира негде би препорачал тоа да бидат ONE AND ONLY - ТЕЛЕКОМ, зашто??? прво делат дивидена секоја година која како што напоменав погоре е 10-15% од вредноста на акцијата, второ се водечки телекомуникациски оператор и наплаќаат услуги кои ги користат останатите, особено што од 1.1.2013 година ќе имаат и 4G, што кај нас ќе стане шема одма позавајќи го нашиот менталитет.

Се останато е долгорочно (5-10 години) и има многу "АКО" влеземе во нато, еу, странски инвеститори, инвестиции општо и др.

ОКТА и ПИВАРА се исто добри али неликвидни и мнг е тешко и да се купат...
АЛКАЛОИД и ТОПЛИФИКАЦИЈА - непредвидливи, алкалоид би бил добар ако даваат дивиденда а не цело време да реинвестираат, додека топлификација е жив циркус само нешто се бунат!
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
:) со мислиш колку ќе потрае некој месец или година две ?;)
Изгледа дека ќе трае и година две, за неколку месеци сигурно се зависи што ќе решат ФЕД и ЕЦБ ако се решат за печатење пари тогаш тоа ќе ја покрене берзата нагоре. Сега за сега ФЕД е на стенд бај за печатење ако ситуцијата се влоши. А во Европа Германците се категорички против печатење очигледно имаат сеуште кошмари од Вајмарската Република од пред 80-90 години.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
249
Поени од реакции
148

fearless (y)

не ги продадовме денеска иако тргнав натаму. сега веќе гледам отишле нагоре:) и тоа ме радува
 
fearless

in Arsenal we trust!
Член од
5 јануари 2008
Мислења
1.193
Поени од реакции
185

Kajgana Shop

На врв Bottom