Ме интересира темава, и би сакал некој постручен да ми ја објасни науката на берзата што ја гледам по филмовите, значи на кој начин влегуваш во овој бизнис, како проценуваш дали акцијата на некоја фирма ќе се крене или не (знам дека е индивидуално но сигурно има некои услови што мораат да бидат исполнети), итн.. Во принцип, накратко да ми ја опиши науката на берзата
пријателче што да ти кажам... наука има али кај нас како и се останато не функционира... у принцип нашата берза се придвижува од странски инвеститори кои купуваат удели/акции, што повеќе купуваат цената расте на акциите, продаваат тогаш паѓа, има доста и економски фактори кои влијаат врз берзите, но на жалост нашава е дива лига... е сеа добро е да инвестираш со пари што не ти требаат и да се надеваш на подобри времиња, пример си купиш акција на МАК СТИЛ за 140 денари и си кулираш неколку години... здравје коа ќе помине кризава, ќе се вратат странците и ќе купаат све живо и диво... па може и да рипне и до 1400, се е во времето, иначе никој неможе да ти потврди која акција ке расте
Тоа
fearless, Stefus-Refus како поупатени (и поактивни тука) може ке сакаат да ти објаснат.
Сигурно има и други!
Јас лично на берза се најдов "случајно", откако парите спечалени надвор ги донесов тука во МК па прво ги вртев де со орочувања де со мењање валути ......и прилично останав на таа бројка па решив во нешто да ги инвестирам, во меѓувреме најдов одлична работа со одлична плата па решив да ги "прокоцкам" малку, се нафатив на ризик а поима немав, дури откако ги ставив во банка почнав да се интересирам за се околу берзата.
моите акции денес 2740, fearless уште има до 3300-)))
ахахахаха абе дај боже, јас ти реков, јануар си е јануар...
иначе и јас некако сум бил ко тебе, парите спечалени од странство си ги инвестирав тука, лани одлично поминав со телеком и уште се каам зашто после девиденда не ги реинвестирав али јебига... дефинитвно најстабилна акција со најдобар принос... инаку и банките не се лоши, 9% без никаков ризик е одлично...али сепак за 2 години орочени мислам дека подобро е да ми седат на 3 месеци со 5%
, јас со СТИЛ се мачам, нзм кај се заебав од нив да зеам... али не ги продавам дур не влезам у добивка, а тоа е 200 по акција што не ми се верува...