Малку сме во паника дома со падот на акциите на Комерцијална.
Сакам мислења од Вас,......
имаме 550 акции од Комерцијална земени по скоро 3000 ден. а сега паднаа на 2500
време за продавање не е,, ама ако паѓаат уште.....
Зависи колку ти значат тие 1 650 000 денари т.е моментални 1 375 000 , загубата е скоро 5000евра што воопшто не е мала... НО ако парите би ти затребале, ти требаат или слично би ти препорачувам да ги продадеш, ако ти се пари кои што едноставно не ти требаат т.е немаш попаметно место да ги инвестираш (на подлог рок мислам), тогаш остај си ги на берза, берзата е мнг мртва, а и воопшто кога е жива е под влијание на неколку големци кај нас (мое мислење) неаме ние берза од типот каде што имаме транспаренти компании, доволно образовани луѓе кои тргуваат!од друга стран и куповната моќ на народот е многу мала, особено што сеа секој што има помеѓу 1000евра и 100 000евра би ги чувал во банка и ни на крај памет не му е да се КОЦКА на мкд берза. Јас учев за јануарски ефект и искрено лани се ослободив од моите акции токму тогаш и на среќа го фатив и пикот што е мнг тешко. само брокерката ми кажа дека е слична случајност отколку што така треба да биде.
инаку општо околу берзата... единствени акции според мене што вредат и ќе вредат се ТЕЛЕКОМ, со кои и сум тргувал на двапати, таму има удел на владата така да дивидена ќе делат од 10-15% пошто владата си ги проектира тие пари во буџет се останато според мене е само магла! Банкарскиот сектор кај нас е повеќе од мизерија, незнам уште колку време треба да чекам за да гледам како пропаѓаат банкиве али со сигурност знам дека банките имаат премногу недвижнина која била заложена по повисока цена отколку што таа вреди, а особено што истата моменално неможе ни да се продаде (барем на нашиот пазар), така да во банки не би ни ивестирал.
инаку инвестирам веќе 2 год на берза и сум во добар +, имам нешто ситно моментално во СТИЛ, али мнг се заебав што не ги продадов коа достигнаа 200денари , т.е. бев надвор од државата па сеа ми мизерни 130денари... и планирам да ги откачам во јануар и тоа на 150-60, ако и толку достигнат...
било кој во вас ако воопшто инвестира негде би препорачал тоа да бидат ONE AND ONLY - ТЕЛЕКОМ, зашто??? прво делат дивидена секоја година која како што напоменав погоре е 10-15% од вредноста на акцијата, второ се водечки телекомуникациски оператор и наплаќаат услуги кои ги користат останатите, особено што од 1.1.2013 година ќе имаат и 4G, што кај нас ќе стане шема одма позавајќи го нашиот менталитет.
Се останато е долгорочно (5-10 години) и има многу "АКО" влеземе во нато, еу, странски инвеститори, инвестиции општо и др.
ОКТА и ПИВАРА се исто добри али неликвидни и мнг е тешко и да се купат...
АЛКАЛОИД и ТОПЛИФИКАЦИЈА - непредвидливи, алкалоид би бил добар ако даваат дивиденда а не цело време да реинвестираат, додека топлификација е жив циркус само нешто се бунат!