Македонска берза

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236

Ќе заврши оваа 2019 со раст на БДП од над 4%, според она што до сега се случува.
Еве како било претходните години.

2015г|4.2%|0.8%||4.5%|6.0%||вкупно 3.8%
2016г|2.4%|2.9%||2.0%|2.4%||вкупно 2.4%
2017г|0.0%|-1.3%||0.2%|1.2%||вкупно 0.0%
2018г|0.9%|3.0%||3.0%|3.7%||вкупно 2.7%
2019г|4.1%|3.1%||XX|XX||вкупно XX

Дали ќе биде 3-4% којзнае, во 2018 последниот квартал имаше 600 милиони инвестиции (на хартија), можеби и тоа е причината што првиот квартал е над 4%.

Да не звучам во стилот на Бошко, ама ако се спореди според балканските комшии сме на дното по раст, Србија има 7%, Романија 4.4%, Унгарија 4.9% (шо ти се вика Грујчо да си го имаш за експерт:icon_mrgr:).
 
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
401
Има ли некој информација за дивидендата на ФАКОМ? Од фирмата се уште нема никакво известување.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Bosko kako investicijata vo francuskata banka?;)
Za nedela dena 10% ne ke da e loso
Не е ич лошо . . . некои 13% за неколку денови . . . .
Со Societe Generale имам одлично предчуство исто како со СТБ во 2009/10 година кога никој не ја сакаше освен Грими и Јас ;);)... Таму сум на долг рок ќе има успони, но и падови . . . .

Линкот колку за споредба со СТБ . . . можеби е некој небрусен КАМЕН..

Инаку првите пари на берза ги направив на Кабли Неготино(2007), а денес првите пари на странски пазар ги направив на Дојче Банка . . . И Кабли, но и Дојче Банк беа во гомна кога ги затворив трансакциите. . . Чисти 25% за неполн месец и не е така лошо како за почетник . . . Можеби ова е добар знак :D:D..
Буби ти си блиску до Вол стрит шепни нешто. . . ако не дрмне рецесија и ако Трамп престане да твита ќе се наполниме пари :D:D:D ....


Дава ли денда, пишува дена дивиден јулд е 8-9%???
Societe Generale три години по ред исплаќа 2.2 ЕУР дивиденда во јуни...

Еве како било претходните години.
2015г|4.2%|0.8%||4.5%|6.0%||вкупно 3.8%
2016г|2.4%|2.9%||2.0%|2.4%||вкупно 2.4%
2017г|0.0%|-1.3%||0.2%|1.2%||вкупно 0.0%
2018г|0.9%|3.0%||3.0%|3.7%||вкупно 2.7%
2019г|4.1%|3.1%||XX|XX||вкупно XX

Дали ќе биде 3-4% којзнае, во 2018 последниот квартал имаше 600 милиони инвестиции (на хартија), можеби и тоа е причината што првиот квартал е над 4%.

Да не звучам во стилот на Бошко, ама ако се спореди според балканските комшии сме на дното по раст, Србија има 7%, Романија 4.4%, Унгарија 4.9% (шо ти се вика Грујчо да си го имаш за експерт:icon_mrgr:).
Неможеш Ти како Бошко да звучиш :D:D:D...
Бошко за неспособноста на власта пишуваше уште пред бројките да излезат кога излегоа министерските имиња на Заев и кога сите беа Шарена револуција. . . Сега лесно можеш да ги споредуваш имаш бројки, но пред 3 години имаше само министри и шарени дунстери . . . Не може Самка, Љубе, Шапурич да ги споредуваш со луѓе кои работеле во големи светски корпорации како Самак, Бил Павлевски, Џери Наумов . . .
Се сеќавате на онаа несреќа од министер Сугаревски кој ги сопре сите патишта ПРОМАШЕНИ БИЛЕ, за денес истиот тој се слика на истите тие траси . . . само што Гранит и Бетон паѓаа 3 години по ред, а ние уште ги кршиме колите . . . За клинички да не зборам, за 4 години ќе беше готов во Бардовци, на Бетон и Гранит им поништија потпишан договор :D:D:D....
Овие се дунстери за ништо не се способни . . . Се фалат 135 проекти најголем дел од овие се завршени во времето на вмро без срам и перде, исто како со трубачите на Демир Капија - Смоквица . . . . .

Кога виде Боле кои дунстери водат економија отиде на Вол Стрит ;);)...

p.s.
Проф. Јосеф гледам уште чека да му тргне на Заев додека другите фанови изгледа го напуштија :D:D . . . Штом правецот е добар немај гајле само кажи некој НЕБРУСЕН КАМЕН па можеби очи на некој да му отвориш... А можеби милионите од Боки13 ќе се вратат на мсе, па ќе тргне :D:D:D . . .
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
2.360
Мора да признам дека и мене ми делува скроз чудно компанија што прави скоро 4.000 денари профит по акција да се тргува по 11.000 денари
Многу чудно. Ќе се чуди некој кога ќе ги чита постовиве после 3-4 години.
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Не е ич лошо . . . некои 13% за неколку денови . . . .
Со Societe Generale имам одлично предчуство исто како со СТБ во 2009/10 година кога никој не ја сакаше освен Грими и Јас ;);)... Таму сум на долг рок ќе има успони, но и падови . . . .

Линкот колку за споредба со СТБ . . . можеби е некој небрусен КАМЕН..

Инаку првите пари на берза ги направив на Кабли Неготино(2007), а денес првите пари на странски пазар ги направив на Дојче Банка . . . И Кабли, но и Дојче Банк беа во гомна кога ги затворив трансакциите. . . Чисти 25% за неполн месец и не е така лошо како за почетник . . . Можеби ова е добар знак :D:D..
Буби ти си блиску до Вол стрит шепни нешто. . . ако не дрмне рецесија и ако Трамп престане да твита ќе се наполниме пари :D:D:D ....
За Вол стрит само едно: следи ги инстинктите и ко ќе видиш нешто ефтино, купувај. Не се чуди зашто како, оти нема да биде ефтино уште долго.

Да не го расипувам филмот на метросексуалцине на власт, ама западот не е баш све како што ви причаат. На берзиве има огромни нелогичности и волатилност, пошто голем дел од тргувањето го вршат машини. Тие машини ги хранат со податоци од медиумите, и ко ќе примат зборови како рецесија трговска војна и сл, даваат налог за продажба. Платформите кај што тргуваат луѓе после тоа го коригираат и имаме флуктуации од по 10-15% за месец дена

Јас сум улетан во една биотек фирма, на смешни п/е од 10, а фирмата расне по 30% годишно...на сегашната цена догодина п/е ќе биде 7. Пошто машините имаат налог да купуваат под п/е 10, цената ќе мора да рипне за барем 30%. И така ќе си направиме профитче.

Не бадијала Терминаторот губи во сите 5 продолженија :P
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Дали некој бил денеска на рочиштето на Пекабеско и може ли да сподели впечатоци?
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
80
Поени од реакции
34
Дали некој добил дивиденда од странска берза и како сето тоа даночно го има средено ?

- Ако немаме договор за избег. на двојно оданочување тогаш како што знам си плаќаш и во двете држави и таму и тука... пр. 20% таму и плус 15% во Македонија. т.е 35% севкупно.
- Ако е регулирано со закон за избегнување на двојно оданочување тогаш плаќаш таму а плаќаш и тука данок за дивидендата со тоа што после бараш преку банката поврат на данок ???

УЈП - Примателот на доходот пресметката на аконтација на данокот на доход ја врши за секој остварен доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход или со примена на Договорите за одбегнување на двојно оданочување (доколку Република Македонија има склучено договор со државата од каде е остварен доходот).
... со примена на Договорите за одбегнување на двојно оданочување... Како се изведува ова техмички ?

Данок на капитална добивка како што е во закон ...Капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност не се оданочуваат со данокот на доход до 31 декември 2019 година. Тоа значи бидејќи не е специфицирано дали на наша берза или и на странски берзи ослободени сме во секој случај и си тераме стандард со даночно ослободени...

Дали има некој да додаде, допрецизира или корегира од горе наведеното ??? некој со искуство со купопродажба и дивиденди на странски берзи па ако има инфо нека сподели во врска со даночниов аспект ...

П.С,
Денес реализирав 99% профит од продажба на МСЕ :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom