- Член од
- 17 октомври 2017
- Мислења
- 855
- Поени од реакции
- 1.471
Да тоа е проблем. Јас го решавам така што имам сметки и тука и таму, и што ќе легне на сметка пријавувам кај локалните власти.Дали некој добил дивиденда од странска берза и како сето тоа даночно го има средено ?
- Ако немаме договор за избег. на двојно оданочување тогаш како што знам си плаќаш и во двете држави и таму и тука... пр. 20% таму и плус 15% во Македонија. т.е 35% севкупно.
- Ако е регулирано со закон за избегнување на двојно оданочување тогаш плаќаш таму а плаќаш и тука данок за дивидендата со тоа што после бараш преку банката поврат на данок ???
УЈП - Примателот на доходот пресметката на аконтација на данокот на доход ја врши за секој остварен доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход или со примена на Договорите за одбегнување на двојно оданочување (доколку Република Македонија има склучено договор со државата од каде е остварен доходот).
... со примена на Договорите за одбегнување на двојно оданочување... Како се изведува ова техмички ?
Данок на капитална добивка како што е во закон ...Капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност не се оданочуваат со данокот на доход до 31 декември 2019 година. Тоа значи бидејќи не е специфицирано дали на наша берза или и на странски берзи ослободени сме во секој случај и си тераме стандард со даночно ослободени...
Дали има некој да додаде, допрецизира или корегира од горе наведеното ??? некој со искуство со купопродажба и дивиденди на странски берзи па ако има инфо нека сподели во врска со даночниов аспект ...
П.С,
Денес реализирав 99% профит од продажба на МСЕ![]()
Ама факат дека е нелегално и ако ме фатат црно ми се пише. Затоа и гледам да се подзачистам од МСЕ.
Што се однесува до Вол Стрит, брокерот ми даде да потпишам некој документ за избегнување на двојно оданочување...мада јас и тоа не го тестирам, пошто купувам во фирми кои враќаат преку откуп на акции, наместо преку дивиденда. Капиталната еден ден ќе треба да ја пријавиме, ама о том потом.