Македонска берза

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Мислам дека уште постои веројатноста Грциве да ја напуштат еврозонава.
Еве мала анализа:
Знаеме дека цел живот се на кредити и дека еден ден мораа да го платат цехот. Само процесот го забрзаа со истиот рецепт кој го применија и во Словенија - давање на кредити од банките без покритија кој нормално не беа вратени и банките потоа немаа средства да одобрат кредити за земјоделството , стопанството... резултат - такозвани домино ефект.
Кога Грците во 2008 се обратија за помош имаа невработеност од 8% за потоа да се губат по неверојатни 1000 работни места на ден и да ја имаме сегашната невработеност од 25%.
Новата транша што треба да ја примат е 35 милијарди евра ама тука паднаа маските. Меркел рече дека не даваат пари ако Грците не го затегнат каишот , додека Лагард знае дека ако не се применат новите мерки на штедење на долг рок тоа ќе биде контрапродуктивно.
На терен Кока Кола Хеленик (42 000 вработени , 7+ милијарди евра промет , 420+ милиони евра профит годишно) која држи пазари во повеќе од 25 земји вклучувајќи ја и Русија го префрла своето седиште во Швајцарија.
Почнаа кога никој не ги тера да пуштаат пробни балони за решавање на спорот што го имаме. Иницираа некои си средби , за сега да прочитам дека Американците - кој и те како се под влијание на грчкото лоби (зборам за демокративе , републиканците се друга прича) бараат решение за да не примат во НАТО.
Е сега хипотетички ако Грција ја нема во ЕУ неможе да не блокира ама дали освен Црна Гора ќе се решат да не примат незнам повеќе сум скептик , а додека за во НАТО каде сме сигурни Грците ќе имаат право на вето.
Заклучок: Со искачање на Грција од ЕУ и победа на Ромни ќе сме во подобра ситуација од проста причина што Грците ќе се во подалеку понезавидна ( ние сме си истите тапа само што јужниве и те како многу ќе ослабнат).

Друга варијанта за раст на акциите нема. Никој не тргува , странски инвестиции нема , рецесија на глобално ниво ... Ова е единствената можност за во блиска иднина да успеам да си ги повратам парите , а ако Грците излегуваат би си се прокоцкал и со уште нешто ситно.
Ни Грција нема да излезе од Еврозоната ни од ЕУ а ни Републиканците нема да победат...а дури и да се случи и тоа невозможно сценарио и некако МК ја примат во ЕУ берзата пак нема да се врати на нивото од 2007(бидејќи членството на МК во НАТО и берзата си немаат благе везе).
Едноставно не се надевај во следните 10 години да си ги повратиш парите нема никаква надеж за тоа.
 
Член од
22 мај 2012
Мислења
65
Поени од реакции
62
Прва точка: Берзата со влез во НАТО нема благе везе
За ова си сосема во право ако се работи за нормална земја. Кај нас прашањето на безбедноста (затварање тема внатрешни случувања замисли тоа и на форум по 5-6 месеци , отвори портал на нашиве ТВ станици , уствари ако немаш амнезија повеќе и од јасно е на што алудирам) директно е поврзана со ЕУ и НАТО интеграцијата. Повеќе од сигурно е дека берзата на краток рок при таква ситуација ќе забележи раст , а нормално си уште еднаш во право дека е невозможен оној од 2007

Втора точка: Во два поста ја споменувате цената во 2007
Каде видовте дека ја барам таа цена за да се повратам појма немам. Можевте да отидете 3-4 поста погоре од текстот кој го цитиравте :30 акции од Алколоид по цена од 6200 и уште толку по други фирми. Знам дека не се релативно многу пари но немам потреба во моментов (а и понатака се надевам) да прифатам 50% -на загуба.

Трета точка: Грција;ЕУ;НАТО;Обама;Ромни...
Се работи за веројатност и претпоставки (повеќепати ги нагласив и болдирав да не дојде до мисандерстендинг) нормално дека анализата не е извештај од ЕК.
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
Ќе има ли јавна понуда за акции од Кјуби од страна на Винер? Не се развлече ова малку долго или се чека некој поволен момент? :)
Од шпекулирање по берзава за вредноста на понудата доста осцилации имаше со вредноста на овие акции... раст скоро до 1600 и сеа пак паќа полека...
има некој некоја информација околу ова?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Клуч на врата за уште една брокерска куќа

Брокерскиот бизнис се' потешко успева да се избори за егзистенција на македонскиот пазар. Уште една брокерската куќа „Битола брокер“ остана без дозвола за работа. Комисијата за хартии од вредност соопшти дека трајно и' ја одзела дозволата за вршење услуги со хартии од вредност, откако Собранието на акционери на оваа брокерска куќа донела одлука за престанок со работа. Од КХВ соопштија дека со трајното одземање на дозволата за работа на „Битола брокер”, се исполнуваат условите за отворање ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата ќе поведе постапка пред надлежниот суд. Според Законот за хартии од вредност, КХВ ќе ги задолжи Македонската берза и Централниот депозитар за хартии од вредност веднаш по приемот на решението од КХВ трајно да ја исклучат од членство брокерската куќа „Битола брокер“. Со згаснувањето на „Битола брокер” , на македонскиот пазар на хартии од вредност работат вкупно 11 брокерски куќи и 6 овластени банки за работа со хартии од вредност.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
ВЛАДАТА СО МИКРОРЕФОРМИ ЌЕ ГО РАЗДВИЖУВА ПАЗАРОТ НА КАПИТАЛ

Берзата ќе го враќа стариот сјај со нови ликвидни компании

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, очекува во следните две години барем стотина компании, во однос на сегашните 34, да котираат на Берза и со тоа два до три пати да се зголеми бројот на акционерските друштва што ќе тргуваат на Берза

Владата ќе го раздвижува македонскиот пазар на капитал преку воведување на задолжителна котација на успешните акционерски друштва. Се работи за стимулативни реформски мерки со кои што ќе ги мотивираат квалитетните и ликвидни компании да излезат на Берзата што ќе им биде основен извор на финансирање. Во моментов, од 539 акционерски друштва во Македонија, само 34 котираат на Берзата, што е причина прометот драстично да е опаднат. За да компаниите бидат мотивирани Владата ќе ги намали и трошоците за котизација, така што за иницијална јавна понуда тие ќе чинат 5.000 денари за сите институции - Берза, Комисија за хартија од вредност и Централниот депозитар за хартија од вредност.
Како што појаснува вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески за Македонската берза за хартии од вредност тоа е неповолна ситуација и затоа Владата презема мерки со кои ќе се променат работите. Тој очекува во следните две години барем стотина компании, во однос на сегашните 34, да котираат на Берза. И со тоа, смета Ставрески, два до три пати да се зголеми бројот на акционерските друштва што ќе тргуваат на Берза, а тоа ќе биде задоволително како земја како Македонија.
-Ова се микроекономски реформи кои се во согласност со измените на Законот за хартии од вредност со што ќе се воведе задолжителна котизација за акционерските друштва кои што исполнуваат услови во период од пет години. Ваква слична мерка успешно се примени во 2002 година и резултатите од тогашната мерка се: од две компании бројката се зголеми на 98. Позитивните искуства покажуваат дека во одредени фази неопходни се вакви решенија за да се мотивираат компаниите да излезат на Берзата како извор на финансирање - објасни Ставрески.
Ќе се пропишат критериуми кои од тие 539 акционерски друштва ќе можат да котираат на Берзата, оти, вели Ставрески, целта е да се приклучат квалитетните и оние што имаат задоволителни перформанси, да се раздвижат нивните акции. Ќе се земе предвид и акционерскиот капитал, односно големината на фирмата, бројот на акционери и слободниот број на акции што можат да се тргуваат. Предвид ќе се земат и финансиските показатели, оти ќе котираат само фирми со позитивни финансиски резултати.
-Ова е значајно за фирмите како реформска мерка, бидејќи ќе има две придобивки. Прво, фирмите што излегуваат на Берза ќе обезбедат алтернативен начин на финансирање во однос на финансирањето од банките. Тоа значи дека ќе се прошири спектарот на потенцијални акционери, односно ќе може акциите на тие фирми да ги купуваат поголем број на акционери и со тоа фирмата ќе го намали сопственото задолжување. Во исто време ќе обезбеди капитал којшто ќе го намали задолжувањето кај банките, а со тоа ќе се влијае на намалување на цената кај банкарските кредити бидејќи банките сега се во монополска позиција во однос на финансирањето, односно условите на кредитирање зависат од нивна волја - вели Ставрески и нагласува дека кога компаниите ќе котираат на берза и кога ќе можат тоа да го прават преку неа, кај банките ќе бидат оценети како потранспарентни со помал ризик и затоа ќе имаат можност да добијат и банкарски капитал со пониска цена.
Владата одлучи да го намали трошокот за задолжителна котизација, односно ќе ги намали трошоците за фирмите за котизација на Берзата, но и за другите трансакции во поглед на издавање на хартија од вредност, тргување со истите и слично.
-Трошоците ќе се намалат за иницијална јавна понуда и ќе чинат 5.000 денари. Порано тоа беше процентуално врзано со износот на емисијата и за поголеми емисии се плаќаа и поголеми суми од десетици илјади евра. Ако компанијата имала емисија од 100.000 евра, требала да плати провизија од 1.500 евра, а сега ќе плати 15.000 денари вкупно за сите институции - објасни Ставрески. Според него во следните 30 дена со овие институции заеднички ќе се намалат трошоците и ќе се усогласат тарифниците.
(В.Ма.)
Интересно....
 
R

Randy

Гостин
Едно кратко прашање до економистите. Дали на Македонија воопшто и треба берза или е само непотребен трошок? Прашањево ми е сериозно не се зезам.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Едно кратко прашање до економистите. Дали на Македонија воопшто и треба берза или е само непотребен трошок? Прашањево ми е сериозно не се зезам.
Со оглед на прометот и логично прашање е? Компаниите сами треба да си знаат за тоа не е одлука на државата или барем нетреба да е. Нетреба да ги присилува компаниите да котираат ако не сакаат а донекаде и го прави тоа. Инаку дали е „непотребен трошок“ колку што знам Македонската Берза е Акционерско Друштово и котира на Македонска Берза така да барем дел сигурно е во приватни раце. Мислам дека остварува профит иако не знам детали. Така да државен трошок не е или барем не е голем. А од аспект на Компаниите тие самите треба да си знаат дали им се исплати да трошат пари за да се на берза или не...но трошоците на Компаниите за котирање на берза обично не се некој проблем тарифа од 1500 евра или сега 250 евра за 100000 евра берзантски капитал незвучат многу така да чисто се сомневам дека намалувањето на цените на берзантските услуги ќе има влијаните...Освен ако законски ги примораат АДињата како што најавуваат тоа е веќе друга работа што и баш не е убава работа.
Инаку бројката од 34 компании на МК Берза е неточна толку мислам дека се официјалниот пазар во сите пазари има може и над 100.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Уште една брокерска служба отиде курбан:

Известување
Ве известуваме дека Управниот одбор на Охридска банка АД Охрид донесе Одлука за
престанок за вршење на услуги со хартии од вредност УО бр.0204-4854/8-1 од
03.10.2012 година, согласно која Брокерската служба на Охридска банка АД Охрид ќе
престане да врши услуги со хартии од вредност за кои Комисијата за хартии од
вредност има издадено дозвола (Решение на Комисија за хартии од вредност бр.08-
786/3 од 23.04.2007 година и Решение бр.УП1-08-28 од 01.04.2010 година) сметано
од ден 17.10.2012 година и истата влегува во сила на денот на одобрувањето на
одлуката од страна на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Охрид.
Со Одлука НО.бр.0202-4855/10 од 09.10.2012 година Надзорниот одбор на Охридска
банка АД Охрид ја одобри Одлуката на Управниот одбор на банката за престанок за
вршење на услуги со хартии од вредност УО бр.0204-4854/8-1 од 03.10.2012 година.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Уште една брокерска служба отиде курбан:

Известување
Ве известуваме дека Управниот одбор на Охридска банка АД Охрид донесе Одлука за
престанок за вршење на услуги со хартии од вредност УО бр.0204-4854/8-1 од
03.10.2012 година, согласно која Брокерската служба на Охридска банка АД Охрид ќе
престане да врши услуги со хартии од вредност за кои Комисијата за хартии од
вредност има издадено дозвола (Решение на Комисија за хартии од вредност бр.08-
786/3 од 23.04.2007 година и Решение бр.УП1-08-28 од 01.04.2010 година) сметано
од ден 17.10.2012 година и истата влегува во сила на денот на одобрувањето на
одлуката од страна на Надзорниот одбор на Охридска банка АД Охрид.
Со Одлука НО.бр.0202-4855/10 од 09.10.2012 година Надзорниот одбор на Охридска
банка АД Охрид ја одобри Одлуката на Управниот одбор на банката за престанок за
вршење на услуги со хартии од вредност УО бр.0204-4854/8-1 од 03.10.2012 година.
Ej баш преку нив стално тргував...сите документи таму ми беа. Сега треба нов брокер да барам а може и треба нова папирологија...знае некој што треба за да одиш кај друг брокер? Некој ОК брокер знеа? Додуше сите се исти...
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Ej баш преку нив стално тргував...сите документи таму ми беа. Сега треба нов брокер да барам а може и треба нова папирологија...знае некој што треба за да одиш кај друг брокер? Некој ОК брокер знеа? Додуше сите се исти...
Барај кој е со најниски провизии, за мене ефтин брокер е добар брокер.
Јас сум во КБ и сега за сега е ок.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Експертите за „Капитал“: Газдите сами да одлучат дали ќе излезат на Берза

Александар Јанев


Финансиските експерти се против административно присилување на акционерските друштва да котираат на Берзата, што го најави Владата. Според нив, во пазарна економија, сопствениците на компаниите сами треба да одлучат дали ќе излезат на Берзата или не. Иако не се сомневаат во добрите намери на Владата со овој проект да го размрда замрениот пазар на капитал, сепак тие се скептични дека ваквите мерки ќе ги дадат очекуваните резултати.
„Во време кога побарувачката од страна на инвеститорите е намалена, доколку се зголеми понудата на нови акции со тоа што повеќе компании ќе се појават на Берзата, може да се очекува дека ќе паднат цените на акциите на некои компании. Иако менаџерите имаат механизми како да се заштитат од намалување на вредноста на нивните компании, тој тренд во услови на економска криза е очекуван. Добро е што Владата размислува како да го стимулира пазарот на капитал, но јас не сум уверен дека оваа мерка ќе ги даде очекуваните резултати, односно дека нема да го заживее пазарот на капитал“, оценува за „Капитал“, универзитетскиот професор, Мирољуб Шукаров.
Инвестициските советници оценуваат дека главниот проблем за замрениот пазар на капитал не е во понудата, туку кај воздржаноста на инвеститорите да вложуваат во хартии од вредност.
„На долг рок, овие мерки можеби ќе дадат позитивни ефекти. Котацијата сама по себе значи зголемување на транспарентноста пред инвеститорската јавност. Доколку државата не го прави тоа вака, познавајќи го карактерот на домашните компании, знам дека тие нема сами да одлучат да излезат на Берзата. Во вакви услови, интересот на инвеститорите нема да се зголеми преку ноќ, но со зголемувањето на понудата понатаму може да очекуваме повеќе да се развие пазарот на капитал“, изјави извршниот директор на КБ Публикум, Горан Марковски.
Директорот на Македонска берза, Иван Штериев, исто така не е убеден дека со присилување на акционерските друштва да котираат на Берзата тие веднаш ќе се откажат од навиките да се финансираат главно преку земање кредити од банките, но ја поддржува идејата како предуслов за отворање нова алтернатива како да се дојде до капитал.
„Развојот на пазарот на капитал во мали економии е процес што треба да биде стимулиран и од приватни и од државни институции и во таа насока, оваа идеја на Владата ќе придонесе кон зголемување на транспарентноста на македонските акционерски друштва. Нови, добри и профитабилни компании ќе котираат на Берзата и ќе бидат подостапни со информации за потенцијалните инвеститори. Тоа би требало да влијае на зголемување на тргувањето со акции и привлекување нови инвеститори. Котацијата на Берзата значи обврска компаниите редовно да известуваат за своето работење, а дали и кога ќе одлучат да се финансираат преку издавање акции е нивна одлука. Но, предуслов за тоа е тие да котираат на Берзата“, изјави Штериев.
Министерот за финансии, Зоран Ставрески, вчера најави дека се прави анализа на 539 акционерски друштва што функционираат во македонската економија, а според одредени критериуми Владата ќе одлучи кои од нив задолжително ќе мора да котираат на Берзата. Ставрески очекува дека оваа мерка ќе ја раздвижи берзата, а позитивното искуство од ваквата реформа веќе е докажано. Критериумите според кои ќе се испитуваат компаниите дали може да котираат на Берзата се големината на акционерскиот капитал, бројот на акционерите и на финансиските резултати на компаниите.Владата исто така објави дека ќе ги намали трошоците за компаниите што ќе одлучат да објават Иницијална јавна понуда (IPO) за да ги стимулира да излезат на Берзата. Трошоците што ги плаќаат компаниите кај Комисијата за хартии од вредност, Централниот депозитар и кај Македонската берза при објавување IPO, според владината одлука, се намалуваат и ќе изнесуваат по 5.000 денари кај секоја од овие институции. Тоа значи дека доколку една компанија одлучи да објави IPO, ќе има трошок од вкупно 15.000 денари.
„Домашните компании најчесто се финансираат преку задолжување кај банките, а само малку од нив излегуваат на берза да обезбедат капитал преку издавање акции. Со овие реформски мерки очекуваме да се раздвижи берзата и во период од година-две од 34 компании, колку што котираат на Берзата, бројот да порасне барем на стотина. Тоа значи дека тие ќе имаат алтернативен начин на финансирање, а ќе може да го намалат задолжувањето кај банките. Во исто време, пак, тоа ќе влијае и на намалување на каматите на кредитите“, изјави Ставрески. Toj истакна дека во иднина ќе се намалат и други трошоци за компаниите кои ќе треба задолжително да котираат на Берза.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Вака како суруш - следач само на берзата се прашувам до каде ќе оди? Каде е дното и на берзата генерално на повеќето особено на оваа компанија.... http://www.mse.mk/mk/symbol/MPT .... онли 13,000 акција!
Кемет вложил 20 мил, запослил 100... јака муда! Јака велам (иако е добра секоја инвестиција денес во економијата, особено ако има толку нули)... но мало фајде велам, ако најбогатите наши компании вака се крчмат!
Толку приближно вреди сега (гледано како пазар) една од нашите најбогати компании! МП Колку луѓе таа вработува!?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Толку приближно вреди сега (гледано како пазар) една од нашите најбогати компании! МП Колку луѓе таа вработува!?
Се' дури не го купи RD Shell или BP на оваа фирма нема да и' тргне на подобро. Менаџерскиот тим само гледа да го разнебити и тоа што останало и да си ги натовари своите магариња со добар кеш.

Претпоставувам дека ти си акционер, па имаш увид во акционерската книга. Дај кажи ни колкав % од акциите поседува менаџерскиот тим.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Лично сметам ни овој предлог нема нешто посебно да ја "живне" берзата, ама секако би сакал да се оствари (иако знам дека нема, никоја власт не е будала да се одрече од сигурни приливи во буџетот по основ на данок од капитална добивка, па така да другиот начин малку да живне берзата е рестриктивен. Односно да се намалат каматните стапки на банките за кредитите и штедните влогови, и да се воведе данок на штедење т.е. да се оданочуваат штедните влогови. Со тоа би се натерале штедачите да бараат други начини во инвестирање како берза, фондови и сл. Сепак лично ја преферирам идеата да не се оданочува капиталната добивка иако знам дека нема никоја власт да се охрабри да направи таков потег!
Кликнете на сликата за поголема верзија.
СЛИЧНИ ВЕСТИ

Јовановски: Чудна владина одлука за акционерските фирми

  • Објавено: пред 2 минути
  • Прочитано: 47
  • Печати
Сподели со твоите пријатели!
Владата соопшти дека акционерските друштва во Република Македонија што исполнуваат одредени критериуми ќе имаат законска обврска да котираат на Македонската берза на хартии од вредност. Владата на премиерот Груевски уште еднаш ја потврди својата ментална матрица која вели: нема тука сакаш – нејќеш, Владата вели мораш да котираш на берза! Вака Владата ја замислува и подразбира пазарната економија, изјави Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.
- За да навистина заживее македонската берза на хартии од вредност неопходно е фирмите и банките сами да сакаат да котираат на берзата за да дојдат до повеќе капитал, и тој капитал да биде поевтин. За да се случи тоа потребни се најмалку две работи. Треба да се зголеми побарувачката за хартии од вредност што некоја банка или фирма ќе ги продава на берзата. Втората суштинска работа што треба да се случи за вистинско заживување на македонската берза е таа да стане дел од поголема регионална берза. Во тој случај, фирмите на берзата ќе можат да дојдат до поголем капитал, а ќе има и повеќе потенцијални купувачи на хартии од вредност издадени од фирми и банки од Република Македонија – изјави Јовановски.
Го ставаме настрана тоа што овој став на Владата е паушален, недефиниран, практично на ниво на желба, без разработени критериуми за кого ќе важи законската обврска, вели Јовановски.
- Слушнавме објаснување дека преку котирањето на берза на фирмите и на банките ќе им биде полесно да дојдат до пари, кога тоа ќе им биде потребно. Да се разбереме. Никој не им забрануваше и досега на банките и фирмите да котираат на Македонската берза – ако сакаат. Впрочем, зошто Владата за шест години не успеа да го убеди во тоа колку е добро да се котира на берза, на пример, еден Македонски Телеком, каде што Владата е малцински акционер, но има претставници во бордот на директори – тврди Јовановски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom