Stefus Corp.
Рационална Коза
- Член од
- 22 август 2012
- Мислења
- 2.097
- Поени од реакции
- 1.821
Ни Грција нема да излезе од Еврозоната ни од ЕУ а ни Републиканците нема да победат...а дури и да се случи и тоа невозможно сценарио и некако МК ја примат во ЕУ берзата пак нема да се врати на нивото од 2007(бидејќи членството на МК во НАТО и берзата си немаат благе везе).Мислам дека уште постои веројатноста Грциве да ја напуштат еврозонава.
Еве мала анализа:
Знаеме дека цел живот се на кредити и дека еден ден мораа да го платат цехот. Само процесот го забрзаа со истиот рецепт кој го применија и во Словенија - давање на кредити од банките без покритија кој нормално не беа вратени и банките потоа немаа средства да одобрат кредити за земјоделството , стопанството... резултат - такозвани домино ефект.
Кога Грците во 2008 се обратија за помош имаа невработеност од 8% за потоа да се губат по неверојатни 1000 работни места на ден и да ја имаме сегашната невработеност од 25%.
Новата транша што треба да ја примат е 35 милијарди евра ама тука паднаа маските. Меркел рече дека не даваат пари ако Грците не го затегнат каишот , додека Лагард знае дека ако не се применат новите мерки на штедење на долг рок тоа ќе биде контрапродуктивно.
На терен Кока Кола Хеленик (42 000 вработени , 7+ милијарди евра промет , 420+ милиони евра профит годишно) која држи пазари во повеќе од 25 земји вклучувајќи ја и Русија го префрла своето седиште во Швајцарија.
Почнаа кога никој не ги тера да пуштаат пробни балони за решавање на спорот што го имаме. Иницираа некои си средби , за сега да прочитам дека Американците - кој и те како се под влијание на грчкото лоби (зборам за демокративе , републиканците се друга прича) бараат решение за да не примат во НАТО.
Е сега хипотетички ако Грција ја нема во ЕУ неможе да не блокира ама дали освен Црна Гора ќе се решат да не примат незнам повеќе сум скептик , а додека за во НАТО каде сме сигурни Грците ќе имаат право на вето.
Заклучок: Со искачање на Грција од ЕУ и победа на Ромни ќе сме во подобра ситуација од проста причина што Грците ќе се во подалеку понезавидна ( ние сме си истите тапа само што јужниве и те како многу ќе ослабнат).
Друга варијанта за раст на акциите нема. Никој не тргува , странски инвестиции нема , рецесија на глобално ниво ... Ова е единствената можност за во блиска иднина да успеам да си ги повратам парите , а ако Грците излегуваат би си се прокоцкал и со уште нешто ситно.
Едноставно не се надевај во следните 10 години да си ги повратиш парите нема никаква надеж за тоа.