Јас веќе некое време сум заинтересиран да префрлам некои средства прво на Балкан, па после и во Европа . . . посебно ми се интересни европските (француските) банки . . . . кога прашав во неколку брокерски куќи ретко која ја овозможуваше таа услуга, а тие што овозможуваа молеа бога да не направиш налог . . .
Кај оние што овозможуваа пристап до балканските земји главен проблем ми беа провизиите. Проста математика ми велеше дека 3-5% во зависност од сумата се провизиите. Значи трансакции во два правци имаат 6-10% трошок не е баш малку . .
Ако некој има препорака за некоја брокерска куќа која има добри провизии за работа со Балкан, па сега и со Европа, нека предложи . . .. .
@Бубастис кажа дека тргувал да странски берзи ама од надвор . . . колкави се трошоците надвор од обично тргување . . . .
Јас искрено не би купувал злато и сребро преку златари тие имаа убави маржи, а златото и среброто веќе 5 години варираат +-10% кога би ги вкалкулирал провизиите и маржите незнам дали нешто останува ????
Доларите сум ги играл преку македонски банки, но повратот кога ќе ги пресметам курсните разлики е доста мал во однос на банкарските акции од мсе . . .
FX lider и слични платформи никогаш не сум ги сакал, не е вистинско инвестирање туку тип на коцкарница . . .
Така да незнам каде Ви е математиката за играње на долари, сребро, злато, но размислувам за нови опции бидејќи просторот на мсе се намалува . . .
Ако некој има некој паметен предлог, со прифатливи провизии нека предложи и нека сподели искуство...