M
machine
Гостин
Не е Sparkasse?Конечно нешто позитивно на берза, одлични количини . . .
Мириса на зелен бран . . . јас и така сум 100% во акции и немоќно си посматрам.
Денешниот ден на МСЕ го одбележа Стопанска Битола. Незнам зошто, незнам кој ја крева и зошто . . . Искрено јас не би ја погледнал во наредните 2-3 години, таа банка го пропушти возот во 2007 година... но кој знае може ќе изненади со некое превземање, ќе ја товарат на некој помал фраер...
Позитивно изненадување денес беше Охридска банка. Конечно помина p/b>0,8 со p/e=6 . . . . .
Се сетив на повеќе постови дека ОХБ нема да се продаде на ОТП поради фактот дека се Унгарци, луѓе на Орбан и поради фактот дека му дале азил на Груевски . . . . Не било битно дали ОТП и СГ се договориле туку што ќе одлучеле нашите политичари и НБРМ .
Дури и таен извор од НБРМ шепнал дека ќе ја продадат на некој поголем од СГ .
Силната Северна Македонија застана на страната на Сорос и ќе го блокира лошиот диктатор Орбан .
А како Северна Македонија ќе влезе во НАТО и ЕУ ????
Кој ќе го натера Орбан да ратификува протокол за НАТО????
Кој ќе го натера Орбан да не не блокира во јуни за добивање на датум за преговори со ЕУ, кој лани го добивме ама сега во Јуни пак ќе го бараме .
Кој ќе го натера Орбан да не не блокира на секое отворање на ново поглавје за ЕУ, а ги има триесетина . . . .
Баш би сакал да го видам тој премиер и таа гувернерка што нема да му дадат дозвола на ОТП да купи банка во Северна Македонија ако намислиле.
Ајде ОТП плати 1,2 book и да се пензионирам .
p.s.
Некогаш ептен ме смее логиката на Шарените комуњари, нивната пристрасност, генетиката и огромната омраза ги заслепува да ги видат приликите кои се околу нив, а за економијата во земјата да не дискутирам .
Северна VS ОТП & Орбан & Груевски
за оние кои не знаат:
Имам доста ОХБ и затоа сум фокусиран на неа во овој битен период за неа.