Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Конечно нешто позитивно на берза, одлични количини . . .
Мириса на зелен бран . . . јас и така сум 100% во акции и немоќно си посматрам.
Денешниот ден на МСЕ го одбележа Стопанска Битола. Незнам зошто, незнам кој ја крева и зошто . . . Искрено јас не би ја погледнал во наредните 2-3 години, таа банка го пропушти возот во 2007 година... но кој знае може ќе изненади со некое превземање, ќе ја товарат на некој помал фраер...

Позитивно изненадување денес беше Охридска банка. Конечно помина p/b>0,8 со p/e=6 . . . . .
Се сетив на повеќе постови дека ОХБ нема да се продаде на ОТП поради фактот дека се Унгарци, луѓе на Орбан и поради фактот дека му дале азил на Груевски . . . . Не било битно дали ОТП и СГ се договориле туку што ќе одлучеле нашите политичари и НБРМ :D:D:D.
Дури и таен извор од НБРМ шепнал дека ќе ја продадат на некој поголем од СГ :D.
Силната Северна Македонија застана на страната на Сорос и ќе го блокира лошиот диктатор Орбан :D:D:D.

А како Северна Македонија ќе влезе во НАТО и ЕУ ????
Кој ќе го натера Орбан да ратификува протокол за НАТО????
Кој ќе го натера Орбан да не не блокира во јуни за добивање на датум за преговори со ЕУ, кој лани го добивме ама сега во Јуни пак ќе го бараме :D:D:D.
Кој ќе го натера Орбан да не не блокира на секое отворање на ново поглавје за ЕУ, а ги има триесетина . . . .
Баш би сакал да го видам тој премиер и таа гувернерка што нема да му дадат дозвола на ОТП да купи банка во Северна Македонија ако намислиле.
Ајде ОТП плати 1,2 book и да се пензионирам :D:D:D.

p.s.
Некогаш ептен ме смее логиката на Шарените комуњари, нивната пристрасност, генетиката и огромната омраза ги заслепува да ги видат приликите кои се околу нив, а за економијата во земјата да не дискутирам ;).
Северна VS ОТП & Орбан & Груевски

за оние кои не знаат:
Имам доста ОХБ и затоа сум фокусиран на неа во овој битен период за неа.

Не е Sparkasse?
 
Здраво
Како може да се купи акции од Македонска берза
Односно кои се условите ....дали може физичко лице или мора да се иде преку брокер.
Благодарам
 
Здраво
Како може да се купи акции од Македонска берза
Односно кои се условите ....дали може физичко лице или мора да се иде преку брокер.
Благодарам

Треба да имаш пари, да појдеш во брокерска куќа, да знаеш од која компанија сакаш да купиш акции, а друго се ќе ти кажат брокерите . . . . мора брокер.
Внимавај која фирма ја купуваш, гледај добро да работи . . .

Незнам, сите викаат дека Шпаркасе е фикс, но никако да објават :D :D . . . моја логика вели ОТП, а и желба ми е ОТП и навивам за ОТП . . . за да нема спојување на банките и да имаме фирма плус на мсе. Но изгледа ќе се разочарам :D.
Инаку се обидувам логички и гласно да размислувам . . .
p.s.
Интервју со Андреј Јовановиќ, најголемиот инвеститор на балканот според мене..
https://www.youtube.com/watch?v=UTRYB8acsjM
 
@MSE 3700.....ide ova na 4300-4500.....severna ili ne del od nasite ukradeni pari ke se vratat kao licni investicii..... Pravda ke nema.... Zivot za site tesko .... Nepitizmot X2 .... Ama berzava I cenickive ke idat up up ...... Ostanete mi so dobro :)
 
@MSE 3700.....ide ova na 4300-4500.....severna ili ne del od nasite ukradeni pari ke se vratat kao licni investicii..... Pravda ke nema.... Zivot za site tesko .... Nepitizmot X2 .... Ama berzava I cenickive ke idat up up ...... Ostanete mi so dobro :)

Битна цифра е 4000, дека тоа е врвот од Октомври 2009та.
Штета што Teletrader дава чарт само за 10 години наназад, за да видиме кои се наредните "resistance" :icon_mrgr:
Ова под услов домашниве маркет мејкери да си играат ТА. :misticen:
Во прилог ни оди и америчката берза (као предводник за останатите) и плус одиме забрзано со крупни чекори итаме :motorce::motorce::motorce::motorce: кон ЕУ :цицки:и НАТО :uzi:

Обемот се зголемува 46 милиони денари вчера.

Сега треба да подбутнат "домашниве правни лица":rolleyes: да се надмине 4 000 и потоа идеме МУН.

Тука помагаат медиуми, МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА РУШИ РЕКОРДИ, МСЕ ДО 2020 НА 20 000 ? , ТРПЕ ОД ДРАЧЕВО ЗАРАБОТИ 100 000 ЕВРА НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА !!!

НАРОД вади заштеди, удира математика 20 000 / 4 000 значи 5 ПАТИ :vozbud:

Ако фати ФОМО можеби ќе има и 5000, 6000, 10 000.

Ако не, тогаш 4 000 е очекувано според мене. Ако ништо друго, за да се потврди resistance :pipi:
 
И Македонијатурист го објави извештајот,
ништо ново таму, добивката од акциите ниту се прикажувала ниту пак ќе се прикаже,
од интересното е дека вработените добиле поголема награда од лани, нема купувано нови акции во 2018, вложиле 2 милиони во инвестициски фонд...
Вложувања во краткорочни хартии од вредност –удели во отворени инвестициски фондови во земјата “Македонијатурист“ АД Скопје во текот на 2018 година почнувајќи од 31.12.2017 година до 31.12.2018 година има вложено средства вкупни средства во купување на удели во отворени инвестициски фондови во Р.Македонија во вкупен износ од 128.518.063 денари.
 
Зошто е актуелна Технометал Вардар. Во ревизорскиот извештај има толку многу забелешки што резултатите на друштворо изгледа не се многу веродостојни.
 
Зошто е актуелна Технометал Вардар. Во ревизорскиот извештај има толку многу забелешки што резултатите на друштворо изгледа не се многу веродостојни.
Ако не ти е тешко би сакал ли да го поставиш овде ревизорскиот извештај од технометал.
 
Мал коментар околу ТЕЛ:

Добро е што ЕБИТДА расте. Приметувам и зголемување на хартии во вредност. Ќе видиме дали нешто старо ревалоризирале или купиле нешто ново

Загрижува зголемување на тековни побарувања, скоро 400М ден. Тоа баш ми боде очи. Оти ТЕЛ нема добра историја на наплата на проблематични побарувања.

Сума сумарум, под очекувањата. Ама јас пак не би ја дал под 400.[DOUBLEPOST=1550780272][/DOUBLEPOST]Малку и за омилената на фондовите МТУР

Финансиските средства им ги изброивме, нешто над 1 ипол милијарди денари. Приметувам нова ставка, долгорочни побарувања, 171М ден. Има некој инфо?

И на тие силни средства, кои патем ги зголемуваат, финансиските приходи намалени. Еве да прашам, нели е срамота на 1500 кусур милиони поврат од 33 милиони. Што е тоа, 2%?

Друго што ми паѓа во очи е капиталните инвестиции. Како може со капекс од 17-18М ден средно да се одржува амортизација од 55М? Креативно книговодство да се намали даночна основица? Многу веројатно
 
Последно уредено:
МТУР со 15% повеќе оперативна добивка.
Приходи од "заеми и камати" намалени за 23%
Вкупна добивка 112 064 000 или за 2% поголема...

Кај Капитал, ставка 39, Усогласување на вложувањата расположливи за продажба до нивна објективна вредност : 99 173 000 (ова е од акциите во КМБ и другите)

Нова книговодствена 5 584

п.с во први 9 месеци имале вложено 313 милиони денари во фондови, во новиов извештај гледам пишува 128 милиони денари, претпоставувам продавале во последниот квартал..

позитивно: оперативната добивка и акциите што ги купија во КМБ.
негативно: некој нов хотел да изградеа .....многу веројатно ќе си бидат вака пасивни дур е Доне жив...т.е директор
 
да пријавам целосно напуштање на СТБ, сега се мислам за ГРНТ, ОХБ или некоја друга банка
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom