И само затоа што некое ‘‘другарче‘‘ ти рекло дека ќе оди напред би инвестирал во Тобако АД? Што е другарчето твое? Финансиски директор на фирмата? Го прочита ли ти билансот на фирмата?
http://www.tobacco.mk/images/za_tobacco/zaednica/PROSPEKT_WEB.pdf
на многу страници е, не го прочитав ни јас! Прочитав само дека се оснивачи канадска фирма со 2% и некој овдешен батка. Незнам колкава им е активата сега но гледам дека оснивачкито влог (ако и тогаш акциите биле 10 Еура) е некои 3 милиони Евра.... но од билансот што малку прочитав загубите во 2008-ма 3,8 милиони, загубата во 2009 - 44,8 милиони денари, во 2010 прометот им е 220% зголемен, но и загубата им е зголемена дури 110 скоро проценти и во износ 92 мил Денари! Кредитните обврски во 2010 им се 150 милиони, а обврските према добавувачи, плати, даноци... 185 милиони.... Јас не сум економист, се надевам дека некој економист ќе го погледне билансот на фирмата и ќе ме демантира, но мене не ми издледаат баш убави броевите....И да ги претвори во ликвидни средства акциите што ги продава, не ми дава надеж дека резултат во некризна година (2010 со загуба од 1,5 Мил Евра) битно многу го поправил во кризната 2011 или уште покризната (како велат не очекува) во тековнава 2012.... Незнам како би ја одржал ликвидноста и како би покривал онолкави обврски: кредити од банките и обврски према добавувачи во износ од 335 милиони Денари, колку е тоа? 5,5 милиони Евра!? И на крајот за мотивот. Зошто не излезе на берза да продава акции сопственик на фирма со 100% сопственост, а која е во континуирана добивка?
Можеби јас и грешам младо другарче, ама што ќе ме чини мене таа грешка!? Некој познавач економист како Стефус или уште подобар како Леандра... или некој друг, трет.... можеби и ќе се изнасмеат на моето незнаење или можеби некој и ќе ме нападне со погрди зборови.... за тоа не ми е гајле младичу ама ич! Сакам да кажам не губам јас ништо! Размисли си ти што би можел да добиеш, но секако и што можеш да загубиш! Биди опрезен, размисли пред да вложуваш, размисли и за мотивите на сопственикот да продава свои акции..... грди се ова времиња! Многу грди!