- Член од
- 13 мај 2017
- Мислења
- 261
- Поени од реакции
- 332
Ако веќе бараш x5, вложи во првите 10 коини од Coinmarketcap и заборави ги, провери ги за 2-3 години.Факт е дека за два месеци Макстил порасна од 116 на 153 ден тоа е скоро 50% е сеа на хартија се согласувам дека фундаментите не им се баш најсјајни ама знаеш како и во фудбалот не победува секогаш тој што на хартија има подобра екипа, битно е кој како ќе изигра. Ако ми кажете ТНБ дека е супер, да супер е сите знаеме дивиденда стабилна, профит огромен ама лично сметам дека е близу својот потенцијал. Јас барам компанија која ќе е следната Пекабеско, Прелипска пивара да отиде х5 да прави профити и не преферирам дивиденди (таква лично не сметам дека е СТИЛ) Тетекс, Уни, Банките СТБ и ТНБ сите овие отидоа х5 и во (не)времето на пастирот (сакам да кажам дека тоа и не е најбитно кој е на власт) и во т.н. кризно време. Значи можности секогаш постојат треба само да се пронајдат. Македонија турист не знае што да прави со парите, нејзиниот примарен бизнис и стагнира.
Е сега не знам кој какви амбиции има... Ако некој е задоволен со 15% годишно, ич не мора да се замара со берза нека вложи во некој инвестициски фонд верувам ќе ги добие тие пари
Ризикот ти е ист како со СТИЛ и ТПЛФ.
Кај криптово, не толку во поглед на добивката, за 2-3-4 год. може да се каже и реални се x5 (ако си day-trader и те бива тоа е веќе друга приказна и други математики), ризикот е поголем кај тоа ако ти се на берза, да ти го хакира некој налогот, или со фишинг, или да изгубиш "приватните клучеви", или ако не си технолошки писмен да утнеш со 2FA, изгубиш смартфон па не можеш да се снајдеш....
А на МСЕ...си има економски циклуси...не верувам дека сега има некоја фирма за x5 на некој краток и среден рок.... треба некоја светска економска криза а во меѓувреме да си ужиФкаш на 5-6-7-8 % камата на денарско штедење па здравје кога ќе отиде у к**ац МСЕ и кога ќе те прават будала дека вложуваш во берза пошто на Трпе баџанакот земал 2 кредити и чекал СТИЛ бар 300 пошто во 2007ма биле 900 и пропаднал, тогаш вложуваш и исто така ги забораваш на 3-4-5 години
