Кире ти си пример како не треба да изгледа еден инвеститор . . .
Ти брат си залутан на берза. Ти се коцкаш. Ти имаш добивки само затоа што го имаш фатено трендот, а не дека нешто разбираш . . .
Незнам дали отвараш ФИ, но знам дека Биланс на состојба не разбираш . . .
Ако разбираш никогаш не би купувал СТИЛ, а уште помалку би ја промовирал и препорачувал на други.
Околу читањето на ФИ можеш да се изјасниш и да ме демантираш . . .
@ Bosko 007 имам прашање за тебе , на последниов твој пост по
што гледаш негативно ако се качела берзата за 40 % и тоа ке било преценувачки(ради Нато) и ти ке ги продадеш , епа ок ке ги продадеш и ке ќариш плус 40 % од сега
Незнам зошто толку плукаш ако се качат ради Нато , а ке ќариш најмалце 50 % на било која акција ако ги продадеш во тој момент ..
Нејќам да отварам пак политика но пак ке кажам на берзава и треба ЕУ и Нато(со Грујо никад немаше да влеземе) , во спротивно ке останеше МБИ 2.500 инд . поени уште 10 години
Кире јас не сум на берза само за 40%, јас играм долгорочно. Мене ми е поубаво да земам секоја година по 15% отколку еден месец 40% . . .
Берзата ја поебаа во 2006/07 неписмени битанги што купуваа СТИЛ и РЖ, а не Грујо . . . Грујо излегуваше на ТВ и ги предупредуваше луѓето за ризикот, а Чомовски, ХаџиМишев, газдите на фактор.мк неоправдано ја билдаа . . . .
овие последните и сега тоа го прават преку нивниот портал . . . .
Јас немам ништо против НАТО, но имам против такви како тебе што ја пласираат таа приказна и заведуваат народ . . .
Откако ќе експлодира балонот НАТО никој жив нема да ја врати берзата следните 2-3 години . . .
Татко ми исто влегол пред 10 години , тоа значи 10 год му се во минус парите бидејки паднаа акциите а Грујо не успеа да ја крене берзата ,
не само Татко ми луѓе знам кредити зимаа заглавија бидејки берзата отиде у курац
Точно дека е битна економијата али со Нато и преговори во ЕУ одма ке дојдат големи инвестиции , па Заев кажа преговара со 200 компании а до сега потпишале со 13, само во првите 3 месеци има рекордни 235 милиони евра од странство ..
Јас верувам во Заев и во подобра држава и ке го судиме како сработил кога ке му заврши мандатот , ако не го бива нека си оди одма , во Груевски одамна изгубив доверба , фала само што го донесе Самсоненко и убавата авантура со Вардар (факт е дека имаше договор меѓу нив ) јас ги признавам убавите работи ..
1.
Татко ти и останатите што земале кредити за да се коцкаат на берза се ТИЕ неписмени битанги за кои пишував горе, тие се оние што ја срушија берзата . . .
2.
Ти веруваш во Заев зошто дома ти переле памет со години, а не дека гледаш некој реален напредок. Кажи една инвестиција од тие 200 компании кога ќе почне да работи, гледај нека вработуваат барем 300 луѓе и да не е Џонсон Мети ???
Каква е економијата зборува фактот дека 2 година сме на НУЛА . . .
https://www.youtube.com/watch?time_continue=141&v=JbT9dv_GUUg
(еве еден од СДСМ зборува за тоа, немора мене да ме читаш и слушаш)
Нека донеси Заев 5 фабрики по 1000 вработени, нека не крева даноци и акцизи и ете јас ќе станам негов фан. . . . Но знам дека Љубе, Самка, Шапурич не се способни тоа да го сторат. Министрите во влада се тотално неспособни затоа нема резултати. Тие се таму поради политички заслуги, а не поради способност . . .
Јас го пишувам само она што го гледам без емоции . . . . Груевски го почитувам дека намали даноци и дека вработи 170.000 луѓе и донесе доста фабрики, а не дека ми е зет за братучетка . . .
3. Груевски не го донесе Самсоненко. Само му овозможи да изгради сала. Самсоненко е најпозитивниот лик што и се случил на Македонија. Нема поголем македонец од Самсоненко.
p.s.
Од 2014 до 2016 година многу поискусни инвеститори извозија акции на кои имаа ќар по 100/150% годишно (ТНБ, СТБ, ППИВ, Тетекс, ПКБ, ОХБ ) и за тоа никаков политичар не беше заслужен. Како што и денес за овој раст никаков политичар не е заслужен . . . .
Во тој период од 3 години направивме по 400 - 500% добивка и за тоа не е заслужен Груевски . . . . туку ние самите кои верувавме во тие фирми и инвестиравме кога никој за берза не зборуваше. . . И сега чекаме некој ваков Ултрас да му утрпиме по некоја акција и мирно да се пензионираме.
Прашај го Грими колку акции од СТБ има купено на 130 денари ???
Јас имам ТНБ купувано на 1700, ОХБ на 950 денари, СТБ на 190 денари ???
Прашај го Декис колку луѓе купувале Тетекс кога тој првично почнал да го собира на 300 денари . . .
Така да брат нас не ни е потребно НАТО . . . Нато им треба на оние со СТИЛ акции.
А татко ти што не ги вратил парите 10 години значи дека не ги разбирал работите. И јас изгубив првично цел стан на берза, но седнав, учев едно 2-3 години и после се ми се врати многукратно . . . Искоцканиот стан ми донесе неколку нови станови . . . . Но пази Стил го продадов со 15% загуба, Млаз со 70% загуба, Кабли Неготино одвај се извлеков . . . и си купив СТБ . . . .
Се е школо само треба да сакаш да учиш . . .
А кога ќе се јават некои поискусни фраери кои сакаат да те подучат не се инаети туку гледај нешто да купиш.