Македонска берза

Член од
11 јули 2017
Мислења
883
Поени од реакции
623
Ako STB e na BUY ticket togas ovaa na NLB treba da e BUY ONLY !! UNI pokaza duplo od lani pa propadna za 15% OHB tapa pa ne panda tolku? Od berza seljak samo na radio slusnal a I dvizenjeto na cenite e katastrofalno samo zaradi golemite trosoci !!
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
ОILK, TEL i STIL(y) MPT(n) Адинг така и така:unsure:...не е толку лош 3кв колку што очекував.:)
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
За една година Телеком заштедил 25 проценти на плати
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
За една година Телеком заштедил 25 проценти на плати
во 2016 година исплаќаа многу отпремнина за доброволно напуштање, годинава се гледаат резултатите од тоа
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.094
Поени од реакции
11.502
(n) (n) (n)
Покрај најавеното воведување прогресивно оданочување на персоналниот данок на доход Владата размислува и на промени кај данокот на добивка, но не и за воведување прогресивна стапка.

Бранимир Јовановиќ, советник во Кабинетот на министерот за финансии, вели дека дефинитивно се размислува и се подготвуваат промени кај данокот на добивка. Според него, кај данокот на добивка има многу поважни работи, отколку прогресијата, односно дека стапката не е толку битна, колку што е важно како да се регулира намалувањето на даночната основица.

- Во програмата на Владата тоа не е ставено, но дефинитивно се размислува за промени и кај данокот на добивка. Воведувањето на прогресивен данок на добивка во моментов не е толку важно, како што се важни некои други работи кај него. Данокот на добивка е многу посложен од персоналниот данок на доход и заради тоа што компаниите имаат многу можности за намалување на основицата и за избегнување на т.н. повисока стапка и заради тоа прогресивниот данок на добивка не е приоритет кога се разгледуваат опциите за промена на данокот на добивка. Но, дефинитивно се размислува за промени. Не само што се размислува, туку имаме и препораки од меѓународни организации, и од стопански комори, што е можеби зачудувачки - изјави Јовановиќ одговорајќи на новинарски прашања на „Конференцијата за „Мониторирање на јавните финансии во Република Македонија“ организирана од организацијата „Аналитика“.

Не навлекувајќи во детали што би опфатиле промените, рече дека едно горливо прашање се трансферните цени.

- Компаниите, појасни, имаат можност да книжат услуги помеѓу поврзани субјекти по т.н. трансферни цени и на тој начин ја намалуваат даночната основица. Така што тоа е едно горливо прашање и мора да се адресира. Имавме и мисија со ММФ во врска со ова прашање и оваа промена мора да се направи ургентно.

Истакна дека има и друг проект, што е меѓународна иницијатива и, исто така, се однесува на спречување на можноста компаниите да ја намалуваат даночната основица.

И невладините бараат итни реформи во даночната политика, но кои нема да се однесуваат само на воведување прогресивна стапка кај персоналниот данок на доход, туку и на данокот на добивка кај фирмите.
 

mishevski

Неимар
Член од
20 јуни 2010
Мислења
107
Поени од реакции
170
Float период. 3-от квартал помина како што помина. Завршија и изборите така да владата нема оправдувања за погрешни чекори.
1. До нова година ќе биде исто ниво на акциите +- 3%, освен во некои случаи при важни информации (стечаи, продажби) каде цената ќе одговори на информацијата. Нема нови средства на пазарот, па можно е некој ради потреба од средства дополнително да ја спушти цената на некоја од акциите. Има искусни дечки и девојки кои ќе ги искористат овие моменти.
2. Националната политика ќе влијае врз определени бизниси поради промена на балансот на страната. Они кои се приклонети кон владата, можно е дополнителни привилегии да добијат. Она што може да се случи (како и порано) дел од големите бизниси да сменат страна. Ова премногу нема да влијае врз берзата.
3. Главната разврска ја гледам прво во Декември, а после во Април. Декември треба да се расчистат најмногу скриени и нерешени прашања во бизнисите, и од тука може да ја видиме насоката. Април финално ќе се видат почетоците на разврските и очекувам тој тренд да трае до Септември-Октомври.

За мене Фаворити се банките (освен КМБ којаникако да се одлучи да порасне :) ), но и потценетите акции. При негативен тренд, акциите кои не даваат дивидена имаат можност за корекција
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Феноменални резултати од Телеком, очекувавме 25% раст на добивка, добивме двојно повеќе. Ако на тоа се додаде разликата меѓу амортизација и Капекс од некои 600 милиони денари, може реално да очекуваме кеш флоу од 2,4 милијарди денари на крај година. Дали све ќе заврши во дивиденда не се знае, ама дека ќе биде поголема од ланската, и тоа дебело, е повеќе од јасно. Моја препорака: купувајте дур има будали да продаваат на оваа дисконтна цена :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.145
Поени од реакции
12.761
Феноменални резултати од Телеком, очекувавме 25% раст на добивка, добивме двојно повеќе. Ако на тоа се додаде разликата меѓу амортизација и Капекс од некои 600 милиони денари, може реално да очекуваме кеш флоу од 2,4 милијарди денари на крај година. Дали све ќе заврши во дивиденда не се знае, ама дека ќе биде поголема од ланската, и тоа дебело, е повеќе од јасно. Моја препорака: купувајте дур има будали да продаваат на оваа дисконтна цена :)
Додека не ги отпуштат сите вработени во техничко одржување, односно додека не ги префрлат сите работни места во други приватни компании на кои им плаќаат за техничките работи, Македонски Телеком ќе остварува добивка без разлика колку корисници ги баталиле.

Сеуште ги има стотици луѓе во техничка поддршка кои одбиваат своеволно да си заминат во замена за 20.000 до 30.000 евра отпремнина, Ериксон сеуште не ги има целосно превземено проширувањето и одржувањето на телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком, но планот им е до крајот на 2020 година да ја имаат цела Македонија покриено со нивната оптичка телекомуникациска мрежа, па потоа слободно можат низ вода да бидат пуштени останатите вработени - освен ако во меѓувреме своеволно се префрлат во Ериксон или во некоја од останатите локални приватни компании низ Македонија кои Ериксон ги ангажира за проширување и одржување на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком во конкретните реони во кои работат тие локални приватни компании.

Така да, барем до 2020 година Македонски Телеком ќе може да си дозволи да губи корисници, а сепак ќе остварува профит.
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
636
Поени од реакции
623
Никогаш не ми е била во фокусот акцијата на Телеком, дали поради тоа што е прецената или поради тоа што има голем дел припаѓа на државата не знам. Има прекрасен резултат во однос на лани но не знам колку тоа во проценити би било во форма на дивиденда. Можеби 5-10% што и не е така лошо.
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
318
Никогаш не ми е била во фокусот акцијата на Телеком, дали поради тоа што е прецената или поради тоа што има голем дел припаѓа на државата не знам. Има прекрасен резултат во однос на лани но не знам колку тоа во проценити би било во форма на дивиденда. Можеби 5-10% што и не е така лошо.
Мислам дека тоа и ја прави атрактивна, златната акција на државата која е и гаранција дека дивиденда ќе се лапа во секој случај... јас ја имам преку 5 години а тогаш цените беа други...

Во секој случај трендот да намалуваат вработени продолжува веќе 3-4г што за 2-3 г може да има подобра маржа па и пораст на акцијата ... но до тогаш моменталното работење одговара на цената на акцијата
По мене 230-250 е buy...
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Мислам дека тоа и ја прави атрактивна, златната акција на државата која е и гаранција дека дивиденда ќе се лапа во секој случај... јас ја имам преку 5 години а тогаш цените беа други...

Во секој случај трендот да намалуваат вработени продолжува веќе 3-4г што за 2-3 г може да има подобра маржа па и пораст на акцијата ... но до тогаш моменталното работење одговара на цената на акцијата
По мене 230-250 е buy...
Долги години ја мразев ТЕЛ ама сега се свртија работите и се согласувам со тебе.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Ова може да биде сериозен удар за банките
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
592
Поени од реакции
1.102
Ова може да биде сериозен удар за банките
Teshko deka kje bide I od ova neshto...
Vo toj slucaj bankite kje sednat I kje si gi zgolemat kamatnite margini... :)

P.s. nekoj marksist po ubeduvanje ne moze da bide popameten od nekoj koj raspolaga so milioni ili milijardi, dokazano... :)[DOUBLEPOST=1510320320][/DOUBLEPOST]
Konsolidiran izveshtaj na tete...
Stavka udel vo dobivkata na pridruzeni drustva 28,5milioni denari... (ttk treba da ima nad 65-66milioni denari dobivka)
65,3 milioni potocno... vi kaza chico... :)
 
Последно уредено:

JKK

Член од
12 август 2017
Мислења
11
Поени од реакции
3
https://www.youtube.com/watch?v=Zw5uUeecFKk

Што мислите за оваа long term тактика држи вода? По 500 евра месечно да се инвестира, за 10-15тина година да можеш да се пензионираш, финансиски независен, пасивен инкам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom