Дали знае некој каква казна може да добие банка што овозможила перење пари во случајот Талир?
За почеток сеуште станува збор за обвинителен акт за кој допрва треба да следува судење и на крајот судска пресуда, а дотогаш сите остануваат невини додека не се докаже спротивното.
Понатаму, едно е банка која свесно и намерно учествува во перење на пари, а друго е банкарски вработен/службеник кој свесно и намерно ги искористува ресурсите на банката за перење на пари.
И за крај, секогаш останува отворена можноста дека ниту банката, ниту било кој од вработените во банката имал било каква поврзаност со перењето на пари, односно имал само индиректно учество во перењето на парите со тоа што си ја вршел работата, исто како што и локалниот колонијален дуќан сигурно барем еднаш месечно има по некој криминалец кој ќе купи цигари или некаков пијалок или било каков производ - нема ништо нелегално во тоа што продавачот си ја врши работата, за готов производ зема назад пари, без воопшто да праша од каде му се парите на купувачот.
Од мое лично искуство можам да потврдам дека и јас имам носено уплатници за да платам административни трошоци за цела заедница на станари од околу 40 или 50 станови, сите пополнети од претседателот или секретарот на куќниот совет, со матични броеви, име, презиме и адреса на живеење на секој од станарите, а на крајот сите со потпис на претседателот/секретарот на куќниот совет. Целта на уплатата беше да се плати административен трошок за имотно-правен спор кој станарите го имаа со не помнам кого, поодамна беше.
И слободно можам да кажам дека немаше ништо нелегално во тоа, и тие уплатници беа уплатени во период од неколку минути, за разлика од уплатниците во случајот Талир кои биле уплатени во период од неколку секунди.
Истовремено - ова не го велам за да бранам некого, бидејќи секој месец во банките автоматски ми ги уплаќаат сметките на уплатници без да морам да ги пополнувам уплатниците - а не сум корисник на услугите на банката, односно немам ниту трансакциска сметка, ниту заштеда, ниту било какви кредити или заеми од банката - слободно можам да потврдам дека може на еден шалтер да се уплатат повеќе уплатници истовремено во период од неколку секунди - доколку ги отпечати самиот печатач, што секако дека е изводливо, и доколку самиот софтвер кој го користи банката дозволува такво симултано уплаќање на финансиски средства од различни уплаќачи, што зависи од тоа каков софтвер користи банката, па и мојата прва уплатница кога отворив трансакциска сметка во Охридска Банка, автоматски ми ја отпечатија кога уплаќав годишна членарина за MasterCard Standard дебитната картичка во јануари 2009 кога прв пат ми ја издадоа картичката.