Очигледно до пресекот на дивиденди МСЕ повеќе ке биде зелено него ли црвено и покрај целава криза ..
Веројатно најниските цени за купување помина кој купи ефтино на попуст си купи ..
Нормално дека после пресекот ке има уште еден црвен бран како и секогаш после пресек тој период е негативен, но мислам деке нема да има таков пад како првиот ке биде послаб ..
Blizzard како што кажав чекаше очигледно доста ефтино па ништо не купил бидејки не се пофали .
Ајде после пресек ке има втора шанса
Близард одамна не се занимава со МСЕ друже, иако има мал дел од портфолио и таму, ама ајде качете ги уште малку па и тоа да продадам
Да играм со мои тешко стекнати пари на берза каде 2-3ца поголеми играчи и 2-3 корумпирани административци можат слободно да си играат КУР ( се извинувам ама ич не ми се цензурира во овој случај ) како сакаат, не фала. И пак ке кажам, скапа ви е берзата, прескапа. Можеби стигна до некое реално ниво пред 2 недели, цени кои ( да не заборавите!!! и да не се квоутам сам себе
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
) и јас ги кажав и погодив скоро сите и пак не ми се влегуваше јер боље да влезеш во странство на потценети акции него на МСЕ на реални накај преценети акции кои потоа неможеш да ги продадеш ако купиш поголема количина.
Точно е Tendo дека тешко се погаѓа дното. Работата е што, во инвестиции, не ни треба да се погоди дното. Тоа е како да фаќаш нож на паѓање, може да биде многу опасно. Буквално никој не знае кај е дното. Најдобрата инвестициска стратегија е да се инвестира ОТКАКО дното ке е допрено и ПОТВРДЕНО ( најчесто со уште едно ДНО, дабл дип ), и ОТКАКО ке се осетат први знаци на опоравање. Само тогаш риск-добивката ке биде на најдобро можно ниво. Да, така може да иагубиш некои 10-15% место да си купил на дното, ама па ако пробаш да го фатиш дното можеш да влезеш порано од дното па да бидеш и 50% минус ако не погодиш и продолжи да паѓа.
А некој ја спомна RDS-A ( или уште боља за нас, RDS-B ), тие што ќарија 50% се многу ретки, повеќето скалпираа надолу бидејќи велеа дека е ниско и на 40 и на 35 и на 30 долари и влегуваа на тие цени, а и на 25-20 долари, така да многу ретко некој е 50% плус ( кој влезе на цца. 20 долари ), можда 10-15% е пореално. Тоа е тоа што го кажав погоре.
А и, да вложиш во акција која највеќе зависи од цена на нафта и како големците од ОПЕК ке се договорат ( и тие моментално си играат кур со цената на нафта ), не знам колку е паметно.
Еве уште една моја прогноза, на 9ти април е ОПЕК состанокот, според мене 90% се шансите дека НЕМА да се договорат и дека цената пак ке иде под 20 долари за барел, ако не и подолу.
Цел свет е деновиве у зелено, има некој оптимизам, според мене ке е краткотраен, бидејќи уште малку ке почнатр да излегуваат месечни извештаи за март кој ке е лош, а и тримесечни кои ке се истотака лоши но не толку лоши бидејќи ЕУ имаше 2 нормални месеци скоро. Вториот квартал ке е лош и којзнае што ке се случи 50-50 се шансите, бидејќи извештаите се ви јули, до тогаш може короната да ја нема (мала шанса ) и и покрај лошите извештаи позитивниот тренд да продолжи на база на оптимизам. Ако ја има короната и со лоши извештај, тогаш ке има уште еден дип насекаде. Секако ова се само мои мислења, take em with a grant of salt.
Уште нешто за МСЕ; сега со непотврдени дивиденди од банките, освен КМБ, не знам колку ви е паметно да купувате. И да има денда, ке се соочите со предизвикотда ли да продадете пред денда или да земете денда и да гледате како капиталната ви паѓа, можеби и повеке од земената денда...а и со оглед на кризава, којзнае дали и наредна година па и 2022 ке има денда од банките. Со намалување на инвестиции во стопанство, намалено кредитирање....добивките ке се топат а со тоа и дивидендите.
Секако, да ме слушавте 100% мене овие 1-2 месеци, ке имавте мин. 4-50% плус сега - ке продадевте АЛК на 12,5-13.5, ке купевте на 8.5-9К
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)