Македонска берза

Член од
30 март 2018
Мислења
1.454
Поени од реакции
1.883
Мислев дека техничката анализа покажуваше дека сега ќе има пад
 
Член од
5 октомври 2017
Мислења
36
Поени од реакции
45
Мислев дека техничката анализа покажуваше дека сега ќе има пад
Освен АЛК, не можам да сфатам како другите акции растат. Нема никаква логика, освен тоа дека берзата е мала, а има луѓе што не знаат со кешот што да прават, или сакаат да си го исперат. За среќа, имаме Комисија за хартии од вредност и Обвимителство што можеш без пари да ги купиш.... :eek:
 
Член од
18 ноември 2019
Мислења
85
Поени од реакции
65
Мириса на јако подмачкување за да може да се исплатат дивидендите....арно ама, што после бе, другари? Кај ке идат акциите, ке летаат ли? :D

Да не биде, ЉЕТИВ НА КРОВ!!! :pos:
Ништо, зошто?
Затоа што нашава берза ја водат 5 играча, а не реална економија и пазар
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
2.359
Нешто многу се буните за денови на берзата кога се е во зелено...

Што да кажат еден куп инвеститори во странство кои минатите 4-5 години чекаа криза, дремеа во кеш, дури пазарите одеа секој месец до нов high.

@Blizzard друже, тоа е маката кај инвеститорите. Да речеме дека ја предвиде кризата и имаше одлична шанса за влез... Проблемот кај инвеститорите е што и кога ќе го погодат мечкиниот пазар, премногу долго ги држи негативниот сентимент и го пропуштаат подоцна возот за растот. Ретки се инвеститорите кои можат да погодат мечкин пазар, а уште поретки се оние што континуирано и успешно можат да ги фатат и двата воза. Никој не може да предвиде како ова чудо ќе заврши, но споделувам историја од кризата во 2008 година.
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
320
Поени од реакции
312
Јако сте запнале со црните анализи за МСЕ, ако паѓа значи тоа е поради страв, ефектот на стадо, преценетост итн. Ако скока тогаш мора да е поради некој мрачен профитер, пак стадо и слично. Секако дека некое милионче имаат лапнато блиските до Црепко и компанија поради инсајдерски информации, но сигурен сум дека и многу мали акционери имаат ќарено од нестабилноста што ја предизвика неписмената елита што владее. Сепак, ако се спореди со другите берзи ќе се види дека стрелката и не отстапува баш..
 

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
ne e deka ne odstapuva bash... Mse e so najgolem porast vo Evropa poslednive 7 dena so 14,91%
zagreb 9%, belgrad 4.41% atina 4.97%...cac -0.74, dax 2.64...
 
Последно уредено:
Член од
11 јули 2017
Мислења
310
Поени од реакции
490
Освен АЛК, не можам да сфатам како другите акции растат. Нема никаква логика, освен тоа дека берзата е мала, а има луѓе што не знаат со кешот што да прават, или сакаат да си го исперат. За среќа, имаме Комисија за хартии од вредност и Обвимителство што можеш без пари да ги купиш.... :eek:
А зашто Алкалоид би растел те молам појасни.
Во моментов Алкалоид има повеќе од 200 вработени пратени дома(изјава од Алкалоид).
Работи во вонредни услови со намалени капацитети.
Извозот сигурно е забавен ако не и прекинат а извозот прави 60% од прометот на компанијата.
Моментално работи на производство на дезифициенци и средства за лична хигиена што не му се примарна дејност.
Дивидендата е едвај 3% на оваа цена на акцијата.
Еве и брзо да заврши кризава сигурно ќе му фалат на крај на година 20-30% од прометот.
Рецесијата и економската криза која ни следи само дополнително ќе го намалат прометот на Алкалоид во наредните 2 години.

И се ова под претпоставка дека брзо ќе се заврши кризата, анализата во останатите случаеви е да не речам катастрофална.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Дали може некој да постира бид аск за Тиквеш
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
3.875
Очигледно до пресекот на дивиденди МСЕ повеќе ке биде зелено него ли црвено и покрај целава криза ..
Веројатно најниските цени за купување помина кој купи ефтино на попуст си купи ..
Нормално дека после пресекот ке има уште еден црвен бран како и секогаш после пресек тој период е негативен, но мислам деке нема да има таков пад како првиот ке биде послаб ..
Blizzard како што кажав чекаше очигледно доста ефтино па ништо не купил бидејки не се пофали .

Ајде после пресек ке има втора шанса :D
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.598
Поени од реакции
5.102
Го пропуштивме возот а :D
Добро е што има оптимизам у државава на берзава тоа ме радува, е сега дали држи вода еуфоријата деноиве на мсе, тоа друга работа :)
Пошто и економските последици ќе се одразуваат тек допрва.
А нормално дека ќе си исплатат дивидендите дур има уште пари у ќесето, догодина за догодина...
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
920
Очигледно до пресекот на дивиденди МСЕ повеќе ке биде зелено него ли црвено и покрај целава криза ..
Веројатно најниските цени за купување помина кој купи ефтино на попуст си купи ..
Нормално дека после пресекот ке има уште еден црвен бран како и секогаш после пресек тој период е негативен, но мислам деке нема да има таков пад како првиот ке биде послаб ..
Blizzard како што кажав чекаше очигледно доста ефтино па ништо не купил бидејки не се пофали .

Ајде после пресек ке има втора шанса :D
Близард одамна не се занимава со МСЕ друже, иако има мал дел од портфолио и таму, ама ајде качете ги уште малку па и тоа да продадам :)

Да играм со мои тешко стекнати пари на берза каде 2-3ца поголеми играчи и 2-3 корумпирани административци можат слободно да си играат КУР ( се извинувам ама ич не ми се цензурира во овој случај ) како сакаат, не фала. И пак ке кажам, скапа ви е берзата, прескапа. Можеби стигна до некое реално ниво пред 2 недели, цени кои ( да не заборавите!!! и да не се квоутам сам себе :) ) и јас ги кажав и погодив скоро сите и пак не ми се влегуваше јер боље да влезеш во странство на потценети акции него на МСЕ на реални накај преценети акции кои потоа неможеш да ги продадеш ако купиш поголема количина.

Точно е Tendo дека тешко се погаѓа дното. Работата е што, во инвестиции, не ни треба да се погоди дното. Тоа е како да фаќаш нож на паѓање, може да биде многу опасно. Буквално никој не знае кај е дното. Најдобрата инвестициска стратегија е да се инвестира ОТКАКО дното ке е допрено и ПОТВРДЕНО ( најчесто со уште едно ДНО, дабл дип ), и ОТКАКО ке се осетат први знаци на опоравање. Само тогаш риск-добивката ке биде на најдобро можно ниво. Да, така може да иагубиш некои 10-15% место да си купил на дното, ама па ако пробаш да го фатиш дното можеш да влезеш порано од дното па да бидеш и 50% минус ако не погодиш и продолжи да паѓа.

А некој ја спомна RDS-A ( или уште боља за нас, RDS-B ), тие што ќарија 50% се многу ретки, повеќето скалпираа надолу бидејќи велеа дека е ниско и на 40 и на 35 и на 30 долари и влегуваа на тие цени, а и на 25-20 долари, така да многу ретко некој е 50% плус ( кој влезе на цца. 20 долари ), можда 10-15% е пореално. Тоа е тоа што го кажав погоре.
А и, да вложиш во акција која највеќе зависи од цена на нафта и како големците од ОПЕК ке се договорат ( и тие моментално си играат кур со цената на нафта ), не знам колку е паметно.
Еве уште една моја прогноза, на 9ти април е ОПЕК состанокот, според мене 90% се шансите дека НЕМА да се договорат и дека цената пак ке иде под 20 долари за барел, ако не и подолу.

Цел свет е деновиве у зелено, има некој оптимизам, според мене ке е краткотраен, бидејќи уште малку ке почнатр да излегуваат месечни извештаи за март кој ке е лош, а и тримесечни кои ке се истотака лоши но не толку лоши бидејќи ЕУ имаше 2 нормални месеци скоро. Вториот квартал ке е лош и којзнае што ке се случи 50-50 се шансите, бидејќи извештаите се ви јули, до тогаш може короната да ја нема (мала шанса ) и и покрај лошите извештаи позитивниот тренд да продолжи на база на оптимизам. Ако ја има короната и со лоши извештај, тогаш ке има уште еден дип насекаде. Секако ова се само мои мислења, take em with a grant of salt.

Уште нешто за МСЕ; сега со непотврдени дивиденди од банките, освен КМБ, не знам колку ви е паметно да купувате. И да има денда, ке се соочите со предизвикотда ли да продадете пред денда или да земете денда и да гледате како капиталната ви паѓа, можеби и повеке од земената денда...а и со оглед на кризава, којзнае дали и наредна година па и 2022 ке има денда од банките. Со намалување на инвестиции во стопанство, намалено кредитирање....добивките ке се топат а со тоа и дивидендите.

Секако, да ме слушавте 100% мене овие 1-2 месеци, ке имавте мин. 4-50% плус сега - ке продадевте АЛК на 12,5-13.5, ке купевте на 8.5-9К :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom