Македонска берза

Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
920
"buy when there is blood on the streets "

Дали и кога (ќе ) има крв на улиците, одлучете си сами.

Note: This in NOT a trading advice.
 
Член од
25 август 2016
Мислења
438
Поени од реакции
317
Што направи друже??

Се уште не сум продал КМВ се мислам дали да излагам ако падне уште или ке застане можеби тука до 6.000 денари , како е со налози денес ке оди под 6 што мислите ?
Гледам НЛБ изненадувачки 5 % во плус , со оглед дека другиве компании све паѓа по 5 % освен НЛБ и КМБ иако паднаа некако се држат да не им се деси потоп веројатно ради јаките дивиденди што ги дадоа .
Европските берзи како е ситуација денес ?
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.243
Поени од реакции
4.252
Што направи друже??
Не продадов , можеби ке оди уште надолу но како викаат на маката се познаваат јунаците , кога не продадов на 6.500 немам намера да продавам на 5.500 и да им дадам на некој за џабе златна акција и дивиденда .
 
Член од
13 ноември 2013
Мислења
24
Поени од реакции
8
"buy when there is blood on the streets "

Дали и кога (ќе ) има крв на улиците, одлучете си сами.

Note: This in NOT a trading advice.
Za 4 nedeli od sega mislam deka ke se vratime vo kamena doba (barem nie vo RSM). Jas bi zeml kredit za da kupam togas. A inaku izgoren sum sega :)
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Не продадов , можеби ке оди уште надолу но како викаат на маката се познаваат јунаците , кога не продадов на 6.500 немам намера да продавам на 5.500 и да им дадам на некој за џабе златна акција и дивиденда .
Е ова е буљаш :D
Банките први се враќаат после потоп, посебно КБ, па ако не ти се итни пари или сметаш дека уште ќе паѓа па да си купиш на поевтино поголема количина, не се нервирај.
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
339
Поени од реакции
326
Не продадов , можеби ке оди уште надолу но како викаат на маката се познаваат јунаците , кога не продадов на 6.500 немам намера да продавам на 5.500 и да им дадам на некој за џабе златна акција и дивиденда .
Нема логика да продаваш во овој период, освен ако не зависиш од тие пари.
 

Hub

Член од
3 мај 2017
Мислења
672
Поени од реакции
714
Нема логика да продаваш во овој период, освен ако не зависиш од тие пари.
ima . shortanje se vika. i jas ne pamtam podobri berzanski denovi za toa. vo petokot bilo sto da si prodal denes si 15%
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2009
Мислења
3.621
Поени од реакции
5.145
Браво за @Blizzard најреално ја процени ситуацијата :bravobe:, да го послушавте ќе бевте во ќар.
Макар да и јас со @Zedd уште у старт и кога немаше кај нас случаи и мн малку низ западот претпоставивме дека ќе повлече светската економија јако надоле (Еу, САД), па и ние уз нив. Ама не и ваков покољ...
Трамп (советниците, администрацијата на највлијателната држава во Светот) предвидоа дека ќе трае сиот овој хаос до Август, па сега видете вие што ќе правите со вашите акции и одлуки, ваша е одговорноста. И додаде дека после ова ќе има таков раст на берзите, што е невиден досега...
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
339
Поени од реакции
326
ima . shortanje se vika. i jas ne pamtam podobri berzanski denovi za toa
Да, но не очекуваат сите дека овој пад ќе трае доволно долго за да шортаат. Јас би попрво чекал идеална шанса (условно кажано) за да купам поголема сума акции и да ги држам на подолг рок. Помалку стрес, веројатно и помала добивка, но посигурна.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.621
Поени од реакции
5.145
Нема логика да продаваш во овој период, освен ако не зависиш од тие пари.
Зашто да не ? Подобро е на пример 7000 ден. акција да продадеш или на 4000 за пар денови/ недели ?
Па за месец дена со тие +/- ќар да докупиш дупло што на долг рок може и да оди до 10.000ден акцијата конкретна.
 

Dar_Mak

ексцентрик
Член од
22 октомври 2010
Мислења
339
Поени од реакции
326
Зашто да не ? Подобро е на пример 7000 ден. акција да продадеш или на 4000 за пар денови/ недели ?
Па за месец дена со тие +/- ќар да докупиш дупло што на долг рок може и да оди до 10.000ден акцијата конкретна.
Кола секој купува поскапо, а продава поевтино. Акции не баш, ќе чекам да дојде над нивото на кое сум ја купил, а веројатно и тогаш нема да ја продадам поради дивиденден принос.
 
Член од
16 август 2017
Мислења
412
Поени од реакции
1.067
Два дена чекам одговор од политичките владини полтрони „Зошто берзата паѓа, а влеговме во НАТО вчера КОНЕЧНО“???
Очекував некој да се одважи после толку потрошено време, стотици афирмативни постови за НАТО и блескавата економската иднина со НАТО и ЕУ . . . .
Па после толку испишани постови низ годините вредеше да го одбележете приемот со по некој пост ???
Некако не ни расте берзата со приемов, а уште ќе паѓа ??? Несакам да ги набројувам поединечно сите ги памтам истите тие беа полни со политички памфлети низ годините и сите што размислуваме различно не етикетираа и не банираа . . .
Ќе речат вондредна ситуација. А Нато кога треба да помага во мирни и нормални ситуациии ????
Италија е во НАТО и никој од сојузниците не им помогна освен КИНА. А умираат 400 луѓе дневно, повеќе отколку во војна.

Додека сами не си засукаме ракави никој нема да ни помогне ни НАТО, ни ЕУ . . . . А ние само го тресеме возот за да изгледа дека се движи . . . И нон стоп ја чекаме економската година, де тоа е 2018, де 2019, де 2020 . . . Тевдо нечинел, а прогресивниот данок чинел ама ќе го суспендираме . . . Економијата блеска, ама ќе влеземе у рецесија . . . . Место да ги затвориме границите ние ги затвораме компаниите, а дупката у буџетот Цацко ќе ја покрие... На вредната администрација и покачивме 10% плата, а нема кој буџет празен . . . .

@Blizzard ти брат немаш врска со падот на берзата, ама претера со количеството постови... Им ставаш сол на отворена рана на многумина кои изгубија, уште ќе губат пари . . . Ти не си им воопшто крив, сами носеле одлуку. Не го следев форумов некое време, ама ми изгледа дека си бил еден од ретките кои предупредиле . . . дури треба да ти бидат благодарни . . .

Далеку се повиновни оние што пумпаат неколку години по ред и мислеа дека растот ќе иде до бесконечно... Сега истите ги нема никаде, се кријат, ќутат . . . Наебаа тие што им веруваа и берзата ја сваќаат како кладилница во која секогаш добиваш..

Најинтересни ми беа шпекулациите дека КМБ ќе ја шитне Хари на 10000 денари ???? Кој будала ќе купи банка на 2 бука ??? Која банка во Европа се продала на 2 бука во последниве 3 години ??? Па само Чифлиганец е толку будала да плаќа банка на 1,5 бука во моментов во Европа. А во исто време на банката и паѓаат приходите драстично секоја година. Кредитите и стагнираа до оваа година и профит прави од продажба на недвижности.

Би сакал да го искоментирам новото ограничување од -5%.
Раководството на берза незнаејќи како да го развие пазарот се фаќа за идиотски потези..
1. Еден куп државни обврзници вклучија во тргувањето, а никогаш не се тргуваат. Неможеме извештајот за тргување да го прегледаме од безброј непотребни редици . . .
2. Нели им текна да го ограничат на 1% ептен ќе го спречеа падот.... Истото ова го направија во 2007/08 година ама падот не го спречија дури неколку години берзата хибернираше . . .

И на крај дневно има по 7-8 страни постови повеќето од нив немаат суштинско освен паника, а излегоа еден тон годишни финансиски извештаи кои се основа за раст на фирмите.... За оние што деновиве изгубија пари, а се почетници во овој бизнис, повеќе ќе им користи да научат финансиски извештаи да читаат отколку да му веруваат на некој од форумов што ќе порасне ;) .
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.243
Поени од реакции
4.252
Bosko 007 те почитувам како личност по што си транспарентен на форумов но не се слагам што во овој потоп од Корона во цел свет паѓа све живо и диво ти збориш сега кај ви е Нато да ја спаси берзата ..

Знаеш и сам дека Нато те спасува на безбедносен план напад од други земји , како може сега да те спаси од рецесија стварно нема логика , гледаш дека гори сегде во сите држави во моментов Нато нема никаква врска со оваа криза ..

Иначе ако збориме за Нато реално колку и да контрираш донесе сигурност кај многу инвеститори на берзата , веројатно и Чифлиганец влезе ради Нато .. зошто тогаш не влезе пред Нато во акции ?

Јас си бев искрен тука кога кажав влагам на берза само ради Нато , и тоа ми се исплатеше берзата отиде нагоре за 2-3 години ..иако знам дека и компаниите овие години одлично изработеа и се погодија двете работи заедно ..

Така да Нато носи само позитива за берзава , тоа ти тврдам 100 % ке помине кризава ке дојде све на свое место .
 
Член од
11 јули 2017
Мислења
310
Поени од реакции
490
Два дена чекам одговор од политичките владини полтрони „Зошто берзата паѓа, а влеговме во НАТО вчера КОНЕЧНО“???
Очекував некој да се одважи после толку потрошено време, стотици афирмативни постови за НАТО и блескавата економската иднина со НАТО и ЕУ . . . .
Па после толку испишани постови низ годините вредеше да го одбележете приемот со по некој пост ???
Некако не ни расте берзата со приемов, а уште ќе паѓа ??? Несакам да ги набројувам поединечно сите ги памтам истите тие беа полни со политички памфлети низ годините и сите што размислуваме различно не етикетираа и не банираа . . .
Ќе речат вондредна ситуација. А Нато кога треба да помага во мирни и нормални ситуациии ????
Италија е во НАТО и никој од сојузниците не им помогна освен КИНА. А умираат 400 луѓе дневно, повеќе отколку во војна.

Додека сами не си засукаме ракави никој нема да ни помогне ни НАТО, ни ЕУ . . . . А ние само го тресеме возот за да изгледа дека се движи . . . И нон стоп ја чекаме економската година, де тоа е 2018, де 2019, де 2020 . . . Тевдо нечинел, а прогресивниот данок чинел ама ќе го суспендираме . . . Економијата блеска, ама ќе влеземе у рецесија . . . . Место да ги затвориме границите ние ги затвораме компаниите, а дупката у буџетот Цацко ќе ја покрие... На вредната администрација и покачивме 10% плата, а нема кој буџет празен . . . .

@Blizzard ти брат немаш врска со падот на берзата, ама претера со количеството постови... Им ставаш сол на отворена рана на многумина кои изгубија, уште ќе губат пари . . . Ти не си им воопшто крив, сами носеле одлуку. Не го следев форумов некое време, ама ми изгледа дека си бил еден од ретките кои предупредиле . . . дури треба да ти бидат благодарни . . .

Далеку се повиновни оние што пумпаат неколку години по ред и мислеа дека растот ќе иде до бесконечно... Сега истите ги нема никаде, се кријат, ќутат . . . Наебаа тие што им веруваа и берзата ја сваќаат како кладилница во која секогаш добиваш..

Најинтересни ми беа шпекулациите дека КМБ ќе ја шитне Хари на 10000 денари ???? Кој будала ќе купи банка на 2 бука ??? Која банка во Европа се продала на 2 бука во последниве 3 години ??? Па само Чифлиганец е толку будала да плаќа банка на 1,5 бука во моментов во Европа. А во исто време на банката и паѓаат приходите драстично секоја година. Кредитите и стагнираа до оваа година и профит прави од продажба на недвижности.

Би сакал да го искоментирам новото ограничување од -5%.
Раководството на берза незнаејќи како да го развие пазарот се фаќа за идиотски потези..
1. Еден куп државни обврзници вклучија во тргувањето, а никогаш не се тргуваат. Неможеме извештајот за тргување да го прегледаме од безброј непотребни редици . . .
2. Нели им текна да го ограничат на 1% ептен ќе го спречеа падот.... Истото ова го направија во 2007/08 година ама падот не го спречија дури неколку години берзата хибернираше . . .

И на крај дневно има по 7-8 страни постови повеќето од нив немаат суштинско освен паника, а излегоа еден тон годишни финансиски извештаи кои се основа за раст на фирмите.... За оние што деновиве изгубија пари, а се почетници во овој бизнис, повеќе ќе им користи да научат финансиски извештаи да читаат отколку да му веруваат на некој од форумов што ќе порасне ;) .
Не туку раскажувај прикаски на форумов, 70% си во минус на Рено.
Инаку форумот беше супер додека те немаше, немаше ама буквално ниеден пост за политика, еве пролистај назад да видиш.
Гледам во првиве 2 поста одкако се врати пробуваш пак да напикаш политика, се надевам нема да ти успее.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom