Македонска берза

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Добро, што тоа се случува со ОКТА? Пред 3 месеци вредноста и беше над 1000, сега под 600! За што се работи знае некој? Ова падот на вредноста, поради страв од изнесување капитал од земјава, што ќе да е?
Или имаат прикажано загуби (не верувам во ова второто)....
2011та ја звршија со загуба од 1 милион евра...а предходно имаа опаѓачка добивка инаку незнам како е за 2012 за овие 3 квартали.
--- надополнето: 4 јануари 2013 во 15:14 ---
Пред 2 години може и повеќе цената на една акција беше околу 27 000 денари. Сега немам претстава што се случува ама тешко дека ке се поправат.
пред 2 години беше 2200. а пред 6 години беше окулу 15000. Незнам нешто многу за ОКТА детално како е состојбата.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Сега ќе почне да паѓа берзата.... одамна Кристијанче на Алфа-вести во анализата за берзата не рекол: Време е да фаќате позиции - најголем ризик е да не се ризикува!
Дај Боже да грешам и да расне расне.... и само расне! :) Време е!
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Сега ќе почне да паѓа берзата.... одамна Кристијанче на Алфа-вести во анализата за берзата не рекол: Време е да фаќате позиции - најголем ризик е да не се ризикува!
Дај Боже да грешам и да расне расне.... и само расне! :) Време е!
Расте веќе 5 дена нешто што не се случило подолго време...и регионалните берзи имаат солиден раст во последниве денови. Ќе видиме...јас сум оптимист на долг рок.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
http://faktor.mk/archives/19454
Јас па си реков ај од наредната година ќе дадат дивиденда.

За дивиденда во скоро време изгубив надеж. Сега во моите највлажни соништа НЛБ ја продава Тутунска за 150 евра по акција и се разбира новиот сопственик ја доставува истат понуда и до малите акционери..:vozbud:
--- надополнето: 5 јануари 2013 во 01:06 ---
Расте веќе 5 дена нешто што не се случило подолго време...и регионалните берзи имаат солиден раст во последниве денови. Ќе видиме...јас сум оптимист на долг рок.
Се фаќаат позиции за пролетните дивиденди.После тоа...повторно надоле:facepalm:
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
За дивиденда во скоро време изгубив надеж. Сега во моите највлажни соништа НЛБ ја продава Тутунска за 150 евра по акција и се разбира новиот сопственик ја доставува истат понуда и до малите акционери..:vozbud:
--- надополнето: 5 јануари 2013 во 01:06 ---

Се фаќаат позиции за пролетните дивиденди.После тоа...повторно надоле:facepalm:
Има тенденција да растат од јан-април/мај ама нема гранција дека секој година ќе биде така. За ТНБ ја чекаме 2015та наводно тогаш ќе давале дивиденда ако не се попишманат пак.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
НБРМ ја намали основната камата на 3,5 отсто

Најновите податоци за кредитниот пазар покажуваат понатамошно забавување на кредитниот раст, констатира Народна банка.

Кредитната поддршка на економијата преку банкарски кредити и понатаму е присутна, но сепак банките покажуваат воздржаност за поголемо кредитирање. Тоа е причина за намалување на максималната каматна стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени и ќе изнесува 3,5 отсто. Се намалува и каматната стапка на расположливите депозити на 7 дена, од 2 на 1,75 отсто, соопшти вчера НБМ. Одлуката е донесена во услови на намалени инфлациски ризици, поволни движења на девизните резерви, бавно закрепнување на реалниот сектор и забавување на активноста на кредитниот пазар.

Според Комитетот за оперативна монетарна политика, динамиката на домашните цени укажува дека постепено ќе се смируваат инфлациските притисоци и ќе се намалуваат ризиците за инфлација. Последните оцени на НБМ покажуваат дека инфлацијата во 2013 година треба да е пониска од очекуваната.

Поволниот девизен пазар во декември овозможил повисок раст на девизните резерви, во споредба со очекуваниот, а се очекува дека овие поволни движења ќе продолжат и во текот на оваа година.

И покрај подобрувањето на состојбата во третото тримесечје, активноста во реалниот сектор е релативно слаба и без притисоци врз инфлацијата и девизните резерви преку побарувачката, констатира НБМ.

Како главни ризици за макроекономските движења во претстојниот период и понатаму се посочуваат влошување на глобалниот економски амбиент и неизвесноста околу преносните ефекти врз инфлацијата. Поради тоа од НБРМ велат дека внимателно ќе се следат идните макроекономски движења и доколку е потребно, ќе реагираат преку монетарната политика со цел да се задржи макроекономската стабилност и да ги исполни монетарните цели.

Супер нека пумпаат пари :LOL:
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Почнале да ги олабавуваат Базел 3 Критериумите за Банките кој ги воведоа после 2008ма...Просто и едноставно клупче за тоа oд Money Week. Не им доаѓа памет и не им доаѓа памет :LOL:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Машала берзата!
Дали е ова резултат на фаќање позиции за дивиденди, како рече погоре bladeruner, или е оптимизмот и раздвиженоста на големите берзи, или е поради оптимизмот на Метју Нимиц :pos:..... кој ќе го знае, ама во секој случај добро е, нели!?
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Машала берзата!
Дали е ова резултат на фаќање позиции за дивиденди, како рече погоре bladeruner, или е оптимизмот и раздвиженоста на големите берзи, или е поради оптимизмот на Метју Нимиц :pos:..... кој ќе го знае, ама во секој случај добро е, нели!?
Да да:) Очекувано...не за џабе тупам за монетарни стимуланси амфетамини и кокаини. Реално кризата најверојатно го допре дното...Еврото не се распадна паднаа каматите на Грчки 10 годишни обврзницит од 40% на 11% на Шпански од 7% на 4% исто и со италијанските Марио Драги се изнакупи џубре обврзници се изнапечати пари. Фед незнае веќе што купува и колку пари печати А каматите!!!!???...нема камати :LOL: 0% . Дури и Богов се приклучи на забавата ги симна на 3.5% каматите. Штедење отиде во бунар...не дека мислам дека е ова паметно што го праваат ама го праваат. За неколку години ова ќе има се врати како бумеранг ова па после господ ќе им биде крив. Но не е битно тоа сега...забавата почна „гага“ е пиењето кој пие пие накрај сите плаќаат...да видиме што цикуси ќе се дешаваат во пијана економија.
 
Те напушта оптимизмот Стефус, или? Можам ли да заклучам дека сметаш во економијата и на микро и особено на макро план, не владее логос (закон) економски закони, туку хаос!? Што велиш ‘‘пијана економија‘‘!?
Многу грешки изгледа се направија. Мене ми е интересна онаа последната на ММФ: ‘‘Погрешивме околу мерките за штедење‘‘.... е што, треба да се троши? Или да се штеди?.... Не би ме зачудило да излезат со нова докртрина наречена: ‘‘треба да се тро(ш)теди!‘‘ Па кој како тумачи. И на крај на краишта нема да погрешат! :)
 
Не бре Змиго јас сум сега најоптимист:) на пијано најдобро ќе се лови... има уште доста време додека се создадат опасни дизбланси кога ќе стигне тоа време прв ќе кревам паника и бегам во штедни влогови или други посигурни води. Поентата ми беше дека излезот од оваа криза е всушност зачеток на нова но за тоа има уште многу време да расте и да се формира. Не е битно тоа сега...
Инаку ММФ сака да каже дека мерките за штедење ја втурнаа европа во рецесија што е вистина но незнам дали треба да одаат со зголемени трошења и буџетски стимулуси тоа е бајаги коцкарска стратегија зошто ако не упалат ќе беш уште полошо. Искрено мене тоа не ми е битно а и тешко е да се каже. Филозофијата не ми да бидам како пензионерите во Жена Парк и да држам лекции како да се „спаси земјата“ мене ми е побитно да пловам со ветерот каде има најголем профит не се замарам за државата ова она реалната економијата итн. Што се случи се случи важно е да се насетуваат работите што е можно порано. Да сега ти кажувам дека овие монетарни стимулуси ќе им пукнат во лице некој ден и тоа гадно...ама сега е мнооогу рано за тоа има одредени знаци кој може да се следат за престимулирана и прегреана економија ама сега сме многу далеку од тоа. Сега тоа воопшто не е битно и некоја реална опасност.
Инаку пред 5-6 месеци си купив Шпански Акции преку EWP кога никој несакаше да ги пипне 20+% се рипнати од тогаш. Инаку очекувам да растат и МК акции иако дивидендите нема да бидат високи како лани. Ќе видиме што ќе се случува мислам дека се исплати сега да си во акции и стоки. Ќе пишам кога мислам дека е време за излез.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Денес ТНБ со солиден промет од над милион денари, акцијата во раст, а и колку што забележав во дневниот извештај нема веќе продажни налози, само куповни.
Можеби конечно работите ќе тргнат од мртва точка.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
Денес ТНБ со солиден промет од над милион денари, акцијата во раст, а и колку што забележав во дневниот извештај нема веќе продажни налози, само куповни.
Можеби конечно работите ќе тргнат од мртва точка.
Jas se nadevam deka nekoj dobil nekakva insajderska informacija i deka kupuva...:cuc:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom