Македонија VS Шпанија

Тип

  • Македонија победник

    Гласови: 207 43,7%
  • Шпанија победник

    Гласови: 138 29,1%
  • Нерешено

    Гласови: 129 27,2%

  • Вкупно гласачи
    474
Статус
Затворена за нови мислења.
В

Вори

Гостин
Калински:Сега е со топката,СТРАШНИОТ Фернандо Торес...:pos2:
Човеков ме умре од смеење..како само филозофира,тоа чудо нешто,мислиш раскажува приказна.
 
Т

Топџија

Гостин
I mnogu me iznervira sto site nasi gledaci im davaa aplauz na protivnickite igraci. Abe protivnik si e protivnik sto go ebam dali igra u mojot omilen klub. Pa za kogo sme otisle tamu da ja gledame Makedonija ili da drkame na tores i kompanija.....
Па види за мене е сосема ОК да се поздрави противнички фудбалер со аплауз. Јас секогаш сум давал аплауз без разлика на реномето на репрезентацијата и самиот фудбалер. А тоа што сега беше најгромогласен аплаузот поради тоа што беше во прашање Шпанија и Торес или не знам кој, е тоа е веќе друг муабет. Се надевам ќе даваме ваков аплауз и на играчи од Исланд, Норвешка итн.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.369
Поени од реакции
16.568
Само што доаѓам од Скопје и ќе кажам дека се беше супер, единствено не требаше ама стварно не требаше да се исвиркуваат ниту Седлоски ниту Наумоски. Колку и да не ни се допаѓа тоа што се случило на тренингот поминало, се надевам дека ќе има санкција за Седло и сето тоа ќе се заборави.
Ете на почеток на второ он излезе и примаме голови можеби и да играше ќе ги примевме ама ете јас така си помислив веднаш. Ми падна жал дека можеби и сам поскал да биде сменет, колку само лошо изгледа кога твоите навивачи ќе те исвиркуваат.

Воопшто не ми е криво што изгубивмо, ако играме како и денес на наредни квалификациски натпревари би било одлично.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ај и јас да пишам нешто во врска со натпреваров.
Изигравме добро во двете полувремиња, ама сепак се виде кој е Шпанија, а кој Македонија. Цела утакмица не трчаат не се мачат, а за 5 минути ја решаваат утакмица. Сепак не се за џабе Европски шампиони.
Пандев ЗВЕР ги растури утакмицава. И другите изиграа солидно првпат на некој натпревар да немам забелешки до никого.
Шпанциоте имаа уште некоја шанса да ни дадат уште некој гол, ама имавме и ние. Посебно слободниот на Тасевски да влезеше ќе беше весело. Стојков имаше неколку акции, ама тоа е тоа. Изгубивме ама барем малку од малку си ја дигнаа самодовербата и се надевам дека ќе изиграат вака и против Шкотска и Норвешка па да завршиме втори во групата.
 
Член од
18 јуни 2009
Мислења
2.194
Поени од реакции
1.406
Дечки ве молам ако има некој точна информација
Коа си идат шпанците денес или утре
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.703
Поени од реакции
9.381
Имавме добра игра. Задоволен сум од тактиката на Јонуз. За прв пат Македонија прави шанси за погодок од игра и се беше во најдобар ред според мене. Сепак за противник ја имавме Шпанија која е Европски првак. Да играме на ваков дрзок начин против Шкотска и Норвешка би направиле доста шанси за понатака. Пандев покажа зашто е број еден. Со оваа формација успева да дојде до израз и да ги покаже своите квалитети. Најслаба алка во тимот според мене беше Лазаревски. Од кога влезе во игра од негова страна примвиме 2 погодоци. Но, се на се задоволен сум иако резултатот не е на наша страна.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
ke bese podobro da mi go doneses majka ti ovde :)

ne samo te pocetuvam deka drugarot po gore zborese za Albanija :helou::helou:

Ајде одмори 3 дена.

Престанете со офтопик, пишувајте за впечатоците од натпреварот.
 
Член од
18 јуни 2009
Мислења
2.194
Поени од реакции
1.406
Сега моментално се во авион :)
Околу 1 и нешто полетаа за назад.
Еј УПМ не успеав од никој да зеам автограм а од 5 саат дремев у александар палас до 8
Ајде барем се поздрав со Касиљас ми се исполни животната желба
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Браво за дечките. Првото полувреме беше најдоброто нешто што сум го гледал кога е во прашање Македонија. Безпрекорна игра која ми го продолжи животот од радост. Гордо се осеќав на таа игра. По полувремето се опуштија и тоа резултираше со ненормален пресврт. Шпанија како велесила ја покажа својата моќ и ја искористи слабоста и си дојде до поволен резултат. Кон крајот да не служеше среќата ке завршеше резултатот како што треба. Но сепак повеќе од 45 минути ние бевме надмоќни над Европски првак и тоа треба да се земе во предвид. Со игра од првите 45 минути никој неможе да не победи. Да се земат тие минути како пример како да се игра цел натпревар. Ако тоа го направат сигурно ке завршиме како 2ри во нашата квалификациска група. Браво за дечките! Пораз но вредеше да се гледа тој фудбал.

:oeoeoe:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.661
Поени од реакции
9.972
бреееее,каква утакмица,или поточно
какво прво полувреме,ги убивме шпанците,неверојатно убиствена контра имавме
ПАНДЕВ ѕвер!!!!!!им затна муцките на сите шо плукаа по него.......
Попов,ја нз шо се деси со чоеков,ко да му годеше тоа шамарот од Седловски вчера:pos: .......како изигра чоекот,секоја чест сварно
за другите така просечно изданије,али на Николовски се глеа дека му пројде више времето,Пачовски мн боље избрани
Атмосфера на трибини исто онака просечно,у прво полувреме нешо подобро,у второ
ТАПА............баш коа напаѓаа шпанците коа почнаа да даваат голови требаше тогаш да се пее,да се бодрат нашите али тоа е
Задоволен сум од нашиве,имаме надеж и шанси за 2ро место у група сигурно
да се надеваме на бараж:helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom