Добар резултат на натпреваров. Се разочарав што примивме многу брзо три гола, што изгубивме нема проблем, ај Шпанија е тоа, али барем да се помачеа цело полувреме за тие голови. ОК нема везе.
За навивањето, точно слабо беше. Проблемот беше што немаше водечка група за навивање, фалеа комитите, а желба за навивање јас ќе ви кажам имаше, барем во делот каде седев јас.
И нешто што многу ме изнервира на стартот. Што ја викаат Каролина или било кој да ја изведува химната не ми е јасно. Тоа беше фарса. Ја тегави, ја тегави не можев чоечки да си ја испеам. Барем да ја пуштеа музиката во позадина да може човек да се ориентира, а вака почињаш да пееш, па застануваш и чекаш оваа да испее до кај што си стигнал и да продолжиш. Срамота, али тоа е многу амерички филмови гледаат.
Ајде сега уште 4 бода да освоиме со Норвешка и Шкотска и на коњ сме.
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)
![Возбуда :vozbud: :vozbud:](/styles/default/xenforo/emot/vozbud.gif)