Национален празник на Романија 1ви Декември 2023 и учество на македонски вод со два Хамви како членка на НАТО!
...толку од уста не го извадивме НАТО и ЕУ да бидеме дел од нив, а сега кога сме дел од НАТО, ама буквално на ниеден електронски медиум, портали, пишан весник, социјални мрежи нема никаква информација за учеството на Македонската армија како членка на НАТО на воена парада вчера на 1ви Декември 2023 по повод националниот ден на Романија.
...па изгледа Министерот за одбрана Славјанка е во зимски сон, а можеби појма нема за настанов, еве ќе споделам неколку фотографии
(лична моја обработка) за да се назначи настанот.
... моментот на дефилирање на македонскиот вод меѓу другите присутни.
... учествуваме на дефилето и со два (Humvee) Хамви.
...воениот македонски вод бил лоциран во Каракал што преставува НАТО база во Романија.
каде се наоѓа во близина на америчката база за одбрана од можен нуклеарен напад.
...бај д веј, за тие неупатените за што служи Триумфалната капија,
што буквално секоја метропола во светски рамки ја имаат, па беше изградена и во проектот Скопје 2014, Порта Македонија да бидеме и ние дел како другите метрополи.
поздрав на наш војник од едното воено возило Хамви.
...за неупатените, во Шарена револуција, една од целта на шарење со бои беше и таа Порта Македонија, македонската триумфална капија.
дури и со план и да се руши, а ваму со желби за влегување во НАТО, кои сите воени паради се изведуваат низ триумфалните капии, па што ќе биде ако имаше таква манифестација тука кај нас на членки на НАТО, под што ќе поминуваа воената парада?
...па за организирање на ваква воена парада со воена машинерија каде би се движеле ако не под триумфална капија.
...македонски војник, учесник на воената парада по повод национален празник на Романија 1ви Декмеври 2023, каде покрај другите учествувале и членки на НАТО меѓу кои бевме и ние како дел од НАТО!
ПОЗДРАВ до нашите војници!!!
П.С.
(стани Славјанка да те види народ, да кажеш два збора за учеството на македонскиот вод на парадата).