Така е, лош момент уцеливте,
Финска и Шведска го добиваат на тепсија..
Дефинитивно има разлика- едно е да си од Скандинавија, друго е да си од Балканот
„Овие две земји немаат јасен недвосмислен став против терористичките организации. Шведска е легло на терористичките организации. Тие им даваат на терористи да зборуваат во нивните парламенти“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција со алжирскиот колега Абделмаџид Тебуне во Анкара и додаде: „Ние не би рекле ‘да’ за во безбедносната организација НАТО да влезат некои што ѝ воведуваат санкции на Турција… Тие ќе доаѓаа во понеделникот да нѐ убедуваат. Извинете, ама ич не треба да се мачат“, рече Ердоган.
Турција предупреди дека ќе се спротивстави на приклучувањето на двете нордиски земји во воената алијанса, при што Ердоган ги нарече „легла на терористичките организации“, мислејќи на сепаратистичката Курдистанска работничка партија (ПКК) и Револуционерниот народноослободителен фронт (ДХКП/Ц), кои се забранети во неговата земја.