Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.723
Но, како велат,
If you play with fire...
Не се согласувам. Во овој Балкан to play with fire значи да си опозиција во државните институции.
Мада чисто се сомневам дека за тоа се работи, сепак, говеда од луѓе има, посебно по училиштата.
Тие не се ни за во затвор да работат, а не со деца.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
346
Поени од реакции
146
Не се согласувам. Во овој Балкан to play with fire значи да си опозиција во државните институции.
Мада чисто се сомневам дека за тоа се работи, сепак, говеда од луѓе има, посебно по училиштата.
Тие не се ни за во затвор да работат, а не со деца.
Поентата ми беше друга, If you play with fire, you're gonna get burned. ПОРАНО или ПОДОЦНА ќе се дознае вистината (посакуваната вистина) и казната ќе си го пронајде вистинскиот сопственик (независно кој е вистинскиот).

Европска Унија? НАТО? - Не, не... Тоа нас не ни е потребно... Си имаме ние свои проблеми... Проблеми во образованието, проблеми во здравството, политиката,
проблеми НАСЕКАДЕ! И сето тоа поради 1 толку мала, но сепак голема работа... ПАРАТА!

Со помош на МИРОТ, СЛОГАТА, СМЕАТА и најважно од се, ЉУБОВТА, успехот за државата е постигнат!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.710
Поени од реакции
8.723
Поентата ми беше друга, If you play with fire, you're gonna get burned. ПОРАНО или ПОДОЦНА ќе се дознае вистината (посакуваната вистина) и казната ќе си го пронајде вистинскиот сопственик (независно кој е вистинскиот).

Европска Унија? НАТО? - Не, не... Тоа нас не ни е потребно... Си имаме ние свои проблеми... Проблеми во образованието, проблеми во здравството, политиката, проблеми НАСЕКАДЕ! И сето тоа поради 1 толку мала, но сепак голема работа.... ПАРАТА!
Сите ги имаат. Само ние не знаеме за крај.
Лева рака десен џеб е се и секој. Рѓаво во срж.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
346
Поени од реакции
146
Сите ги имаат. Само ние не знаеме за крај.
Лева рака десен џеб е се и секој. Рѓаво во срж.
Како што веќе додадов во минатиот пост: "Со помош на МИРОТ, СЛОГАТА, СМЕАТА и најважно од се, ЉУБОВТА, успехот за државата е постигнат!" Јасно се гледа дека ние не "поседуваме" НИШТО од наведеното.

Да, точно, се има пари, но, проблемот е како што веќе кажав, не ги поседуваме потребните предуслови. Ако тие се исполнат, парите нема да имаат никаква улога*

Отидовме малку ОТ, али тоа е тоа....


___________________________________
* Не вклучувајќи ги парите кои се неопходни за домашните потреби.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
За овие работи човек ретко кога е сигурен, посебно ако гледа отстрана. Речиси сите виновници изјавуваат дека се невини. Некои од нив навистина и се, но не сите. Можеби секретарката не го сакала, можеби и колегите се свртеле против него и крајно, можеби навистина е невин. Од друга страна, јас разбирам за сопки на работа, за мобинг, ама овде има цела една конструкција, како државен удар да спремале - секретар, другите професори, некои ученици, снимки (би било навистина гадно ако е така и ова би бил уште еден ужасен показател за ерозијата на човечките вредности, ама ако е така)...
Како и да е, веќе е жигосан, извалкан.
Што и да се случи овој не би можел, односно не би требало да се враќа на истото работно место.
Во држава каде што луѓето (независно од тоа дали се виновни или не) можат сами да се удават во кофа со вода се` е можно. Затоа чудата од типот на она што се случи во „Св. Димитрија“ и не ме чудат многу.
 
O

Orion.

Гостин
Веројатно од инволвираните ученици може да се дознае вистината, не верувам дека би биле толку подли и да лажат за ваква ствар
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Можеби е виновен, можеби не е Но, и во двата случаја тој е уништен и никогаш повеќе нема да може да биде професор ниту во истото, ниту во друго школо.
 
S

Sagan

Гостин
Полиграфот не е доказ на суд, ама е добра индиција. Нека ги седнат и децата, и професорот и све ќе си излезе на виделина.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Целиов случај е сомнителен.. Деца на таа возраст не се до толку глупави или првачиња па да ќутат дека им било страв демек ќе им направи нешто. Тука нешто не е како што треба..
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.735
Поени од реакции
4.485
Целиов случај е сомнителен.. Деца на таа возраст не се до толку глупави или првачиња па да ќутат дека им било страв демек ќе им направи нешто. Тука нешто не е како што треба..
И мене ми беше истата мисла во глава.На тие години треба да се ратардирани да ќутат.
Од друга страна во средно школо ретардирани или не ,не можеш да ги смириш никако,а овој професоров дури ги натерал да не кажуваат никому--прилично сомнително.
Мислам дека секој што поминал средно се согласува со ова ако професорот нашол начин да ги смири во средно треба нобелова награда да му дадат.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Добро а овој професор допрел воопшто некој од учениците/ученичките или на суд е зошто наводно бил во канцеларија со некој ученици каде што се допирал преку панталони и забрзано дишел?
 
М

Мартин`

Гостин
Секретарката е болна и сака да му врати на професорот, па го мести. Им дава (if you know what i mean) + може ќе им поправи оценки на неколку ученици на кои им вријат хормоните и се во тие години, и они се решаваат да го наместат професорот ..

Case closed. :icon_lol:
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Замисли те колат дома, а чекаш 50 минути помош.Или викаш на лето полиција кај Метропол зш те ограбиле, ќе ти речат за 75 мин. тука сме.
По се изгледа не ја разбра поентата, не е поентата да седат по канцеларии, туку да патролираат по населбите пешки, ионака побрзо би стигнале на местото на настанот бидејќи ќе бидат во близина за 5-10 минути, па може и да потрчат.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.161
Поени од реакции
18.202
По се изгледа не ја разбра поентата, не е поентата да седат по канцеларии, туку да патролираат по населбите пешки, ионака побрзо би стигнале на местото на настанот бидејќи ќе бидат во близина за 5-10 минути, па може и да потрчат.
Па се вртат доста кај нас шетачи, барем тие уште се вртат за разлика од овие со возило.А и тие со возилата до пред некое време често патролираа, особено навечер во било кое време.Мислам дека ќе потврдат сограѓаниве имаме едни од најстрогите цајкани во Македонија во градов.Цела среќа, сега ете го летото па ќе се опуштиме ние овдешните едно 3 месеци :D

Ај да бидиме малк од корист.За викендов за гостите од страна пазете на овие места:
ohrid transferzala mapa.jpg
*1.Влез на Охрид од страна на Кичево или 2.Хотел Дончо - Туристичка или 3.Раскрсница Туристичка / Абас Емин кај Градски Пазар
*4.Макси Д кај Гимназија на Јане Сандански или на Туристичка спроти Гимназија во правец накај Охридска Банка
*5.БП Макпетрол - Билјанини Извори или 6.Исклучување за Куба Либре и Кадмо после БП
*7.Населба Далјан, влез од Струга по стариот пат или 8.Автобуска постојка - Далјан
*9.Основен суд, ул.Македонски Просветители или 10.Ул. Партизанска кај Студ. дом / Хотел Палас / Комерцијална Банка
*11.Раскрсница Карпош Војвода и АСНОМ (нас.Расадник / 110-ка ; Карпош 5 според дел Скопјани :D)
*12.Медицински Центар или 13.Кружен тек кај МЦ
*15.Кај ОУ Христо Узунов ул. Марко Несторовски или 17.Ул. 7-ми Ноември од страната на Отекс или ДОН Маркет / Тинекс
*16.Кружен тек ул. Момчило Јорданоски
*18.Автобуска Станица (кај БП Макпетрол/кај таксистите/на раскрсница со Железничка) или 19.Кружен тек кај Здружение на возачи
*20.XV Корпус после гаражата од Галеб или кај градските гробишта
*21.Раскрсница Железничка и Егејска или 22.Железничка од ВВ Билјана до Проаква или 23.Ноќен клуб Калео после фајронт

Правец Св. Наум
1.Раскрсница за хотел Горица или на кружниот тек после исклучување
2.Раскрсница за Св. Стефан
3.Лагадин (ако е голема гужва)
Правец Битола
1.Лескоец
2.Косел Кај ЕМО фабриката
Правец Струга / Кичево
1.БП Макпетрол Подмолје (стариот пат за Струга и магистралата за Скопје)
2.Аеродром или село Горенци
3.БП Окта / ф-ка Отекс кај Ново Село
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Па се вртат доста кај нас шетачи, барем тие уште се вртат за разлика од овие со возило.А и тие со возилата до пред некое време често патролираа, особено навечер во било кое време.Мислам дека ќе потврдат сограѓаниве имаме едни од најстрогите цајкани во Македонија во градов.Цела среќа, сега ете го летото па ќе се опуштиме ние овдешните едно 3 месеци :D
Те деманитрам не е точно другар. Најстрога полиција се од источната провинција,но ако треба да потенцирам златото би го доделил на штипската, среброто на тетовската- меѓутоа со нив може да се направи компромис (дај мито бекријо) ја обожаваат песната, и бронзата ја доделувам на струмичаните.
Од мое лично искуство, и разменети мислења со некои шофери кои патролираат низ цела држава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom