Се мислев каде да ја ставам дали овде,или во Образование каде што е другата,ама ај нека седи тука па останатото е на модераторите.
Во Основниот суд 1 во Скопје пред петчлен судски совет повеќе од два часа професорот Јордан Илиески од гимназијата од скопската населба Драчево објаснуваше дека ниту допирал, нити блудничел, ниту, пак, имал контакт со неговите ученици.
Според обвинителниот акт, нему му се суди дека задоволувал полови страсти пред ученици и нив ги пипкал во неговиот кабинет по историја. „Ова е гнасна конструкција. Ме намести секретарката. Таа ме мрази оти бев против нејзиното вработување, а потоа колегите ги сврти против мене оти не се согласував кој ќе биде нов директор”, кажал пред судиите Илиески.
Неговиот адвокат потврди за Макфакс дека Илиески се брани со тоа што тврди дека не е сторител на дејствата за кои е обвинет. Граматички го разбрал обвинението, но не можел да разбере како можело да му наместат вакви тешки кривични дела за кои му се закануваат тешки долготрајни затворски казни.
Професорот пред судиите со факти и бројки се обидел да докаже дека е невин. Еден од учениците кој кажал дека професорот го нападнал за време и по завршување на поправен испит, ја измислил приказната, тврди професорот. Според неговото објаснување, правилата за полагање на испит се такви што тој немал никаква можност да биде насамо со детето, бидејќи испитот се полага пред комисија од повеќе професори.
По неговото сослушување, судот во петокот попладне продолжува со сослушување на оштетените, односно децата врз кои според обвинителниот акт биле вршени блудничења.
Судијата одлучи судскиот процес да го затвори за јавноста, за да не се наруши моралниот интегритет на обвинетиот и на останатите странки во постапката. Пред судницата чекаше еден од родителите на децата, како и дел од професорките и надлежните од гимназијата. Ниту еден од нив не беше расположен да каже било што за нивниот колега.
Според обвинителниот акт, професорот неколкупати на ученици од гимназијата им прикажувал на компјутер порно филмови и им велел: „Види колку е добро”, а потоа се фаќал за својот полов орган и се стискал и забрзано дишел. По неколку минути тоа го правел и врз момчињата. Потоа ги пуштал од својот кабинет со закана да не кажуваат никому за тоа што се случило.
Професорот е во притвор, а и во текот на истрагата тврдел дека е наместен и дека не сторил ниту едно од делата за кои е обвинет.
Via:
Kajgana
Можно е ова да е вистина,затоа што слушав кога се караше секретарката со еден албанец,му кажа на него меѓу другото : "Јас го затворив јордан".Секако немора да е вистина ама...