Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Моето име зборува што мислам за паркирањето и за пајак возила. Но вистината си е вистина: Во Скопје секој ден се подигаат помеѓу 50 и 60 возила со пајак. Нешто повеќе од 60 блокатори на тркала секој ден се поставуваат.
Но бројот на граѓани што се казнети во Скопје за паркирање, без да се користат пајак возила и лисици е незначителен и изнесува помалку од 10 месечно.
Се ова се прави само да директорите од ЈП земаат платички, тоа е една од причините зошто и јас и други граѓани толку упорно се бориме.
Ти на грешно место глеаш дека бројот на казнети лица за паркирање/застанување е помалку од 10 месечно. Тоа може у Чаир, Бутел, Бит пазар, Сарај..... Иначе у другиве населени места по 10 лица казнуваат во рок од 20 минути. Не зезај.
 
Ти на грешно место глеаш дека бројот на казнети лица за паркирање/застанување е помалку од 10 месечно. Тоа може у Чаир, Бутел, Бит пазар, Сарај..... Иначе у другиве населени места по 10 лица казнуваат во рок од 20 минути. Не зезај.
Моја Пријателке, јас со тоа се занимавам повеќе од три години и собирам податоци од кај можам, а не можам да ти кажам кој ми е изворот на податоци. Но, верувај ми тоа е вистината за Скопје.
Како е во другите градови незнам. Секогаш и секаде имало идиоти и кретени, можно е да во некои општини постојат идиоти кои се изживуваат на своите сограѓани.
Еве еден напис во кој Портпаролката на СВР, изјавува дека тие само даваат „ асистенција “
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=617111043518&id=14&setIzdanie=22307
 
Kазна 50 евра ти е за ако плукнеш на улица, фрлиш пикавец. У сообраќај казните се од 150 евра па нагоре.

од кога е воведен законот со поени имам впишано 40 поени и еднаш имам одено на часови,ако беше стариот закон ќе требаше барем 3-4000 денари да ги имам платено за такви прекршоци........значи законот има и позитивни страни само кој сака да признае
 
Ај за Скопје, голем град е треба автомобили, ама за другите места па што не патролираат пешки, ем ќе ослабнат ем ќе бидат брзо до местото на настанот, сите градови во внатрешноста на мкд не се големи, најмногу 1 саат меѓу најраздалечените точки има одење пеш.
Да бе ќе се јавиш во полиција, треба брзо да стигнат, они пешки ќе доаѓаат :facepalm:
 
Е нема пари, градоначалнико е во лоша позиција - опозиција хехе
 
Баш се андркавер!
Никад не би ни посумњал дека од такси може да ми излета џандар (((:
 
Ај за Скопје, голем град е треба автомобили, ама за другите места па што не патролираат пешки, ем ќе ослабнат ем ќе бидат брзо до местото на настанот, сите градови во внатрешноста на мкд не се големи, најмногу 1 саат меѓу најраздалечените точки има одење пеш.

Замисли те колат дома, а чекаш 50 минути помош.Или викаш на лето полиција кај Метропол зш те ограбиле, ќе ти речат за 75 мин. тука сме.
 
Се мислев каде да ја ставам дали овде,или во Образование каде што е другата,ама ај нека седи тука па останатото е на модераторите.

Во Основниот суд 1 во Скопје пред петчлен судски совет повеќе од два часа професорот Јордан Илиески од гимназијата од скопската населба Драчево објаснуваше дека ниту допирал, нити блудничел, ниту, пак, имал контакт со неговите ученици.
Според обвинителниот акт, нему му се суди дека задоволувал полови страсти пред ученици и нив ги пипкал во неговиот кабинет по историја. „Ова е гнасна конструкција. Ме намести секретарката. Таа ме мрази оти бев против нејзиното вработување, а потоа колегите ги сврти против мене оти не се согласував кој ќе биде нов директор”, кажал пред судиите Илиески.
Неговиот адвокат потврди за Макфакс дека Илиески се брани со тоа што тврди дека не е сторител на дејствата за кои е обвинет. Граматички го разбрал обвинението, но не можел да разбере како можело да му наместат вакви тешки кривични дела за кои му се закануваат тешки долготрајни затворски казни.
Професорот пред судиите со факти и бројки се обидел да докаже дека е невин. Еден од учениците кој кажал дека професорот го нападнал за време и по завршување на поправен испит, ја измислил приказната, тврди професорот. Според неговото објаснување, правилата за полагање на испит се такви што тој немал никаква можност да биде насамо со детето, бидејќи испитот се полага пред комисија од повеќе професори.
По неговото сослушување, судот во петокот попладне продолжува со сослушување на оштетените, односно децата врз кои според обвинителниот акт биле вршени блудничења.
Судијата одлучи судскиот процес да го затвори за јавноста, за да не се наруши моралниот интегритет на обвинетиот и на останатите странки во постапката. Пред судницата чекаше еден од родителите на децата, како и дел од професорките и надлежните од гимназијата. Ниту еден од нив не беше расположен да каже било што за нивниот колега.
Според обвинителниот акт, професорот неколкупати на ученици од гимназијата им прикажувал на компјутер порно филмови и им велел: „Види колку е добро”, а потоа се фаќал за својот полов орган и се стискал и забрзано дишел. По неколку минути тоа го правел и врз момчињата. Потоа ги пуштал од својот кабинет со закана да не кажуваат никому за тоа што се случило.
Професорот е во притвор, а и во текот на истрагата тврдел дека е наместен и дека не сторил ниту едно од делата за кои е обвинет.
Via:Kajgana
Можно е ова да е вистина,затоа што слушав кога се караше секретарката со еден албанец,му кажа на него меѓу другото : "Јас го затворив јордан".Секако немора да е вистина ама...
 
Друже се е можно ама со таков мотив секретарката да го наместила треба да е психички болна.
Ако тој ништо не направил сигурно немаше до суд да стигне работата.
Најсигурни информации ако има на форумов некој што учи во таа гимназија да даде информации од прва рака.
 
Друже се е можно ама со таков мотив секретарката да го наместила треба да е психички болна.
Ако тој ништо не направил сигурно немаше до суд да стигне работата.
Најсигурни информации ако има на форумов некој што учи во таа гимназија да даде информации од прва рака.
Затоа и ја отворив темава,ама не се зборува за таа тема по школо воопшто.Ни учениците ни професорите,никој,како да е забрането да се зборува на таа тема
 
Затоа и ја отворив темава,ама не се зборува за таа тема по школо воопшто.Ни учениците ни професорите,никој,како да е забрането да се зборува на таа тема

Не е забрането да се зборува, но тоа зборување е прикриено. Зошто? - Сепак тој е професор кој има ДОЛГОгодишно искуство и не е убаво/не сакаат да се зборува "на големо" за тоа. За тие години СИГУРНО професорот има стекнато и непријатели помеѓу колегите и да ви кажам, во денешно време СЕ е возможно (незнам и не тврдам дали е или не е виновен, но можам да кажам дека беше ПРЕДОБАР човек [карактер], со ГОЛЕМО знаење).
Како и да е, јас одсекогаш велев дека нема шанси он тоа да го има направено (па макар и видео доказ да ми покажат).

Вистинската вистина ја знае само лично он! (и се разбира, останатит)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom